Фудбал

Германска свест: Баерн, Борусија, Лајпциг и Баер ги помагаат помалите со по 20 милиони

Најгобатите бундеслигаши решија да помогнат во борбата против вирусот, а покрај здравствените центри, ги помагаат и посиромашните клубови кои потешко се справуваат со последиците од Ковид-19.

Пандев: Како да сме на хорор филм, само полиција и амбулантни возила има надвор

„На 8 март игравме против Милан на гости во црвената зона. Мислам дека беше најголема грешка што дозволија да одиграме некои натпревари, без разлика што беа без публика. Има доста заболени играчи, кај нас секој ден доаѓа доктор да ни мери температура и да не прегледува“.

Листаш учебник за фудбал и стигнуваш до страна лоб удар

Роберт Пирес е синоним за шампионскиот Арсенал. Французинот беше еден од најдобрите играчи на генерацијата која правеше дар-мар по Англија. Во 2003-та година против Астон Вила ги постави нормите за лоб удар. 6:1, хет-трик,

Адеми заработува 657.000 евра годишно, а не сакал да чуе за кратење на плати

Управата на хрватскиот шампион Динамо Загреб решила да го отпушти целиот стручен штаб помошници на главниот тренер Ненад Бјелица, затоа што одбиле намалување на платите во текот на пандемијата од коронавирус.

А Ривалдо па серва си тепа и тоа сам

Како сам? Епа така, човекот си поштуе мерки и не се меша со луѓе. Има 47 години, држи линија, нема пивски мев и тера спортски живот.

После 2 години и 9 месеци, Нури од Ајакс се разбуди од кома

После многу долго време, младиот фудбалер на Ајакс Абелхак Нури отворил очи и гестикулирал со раце и веѓи.

Che cazzo

Даниел Освалдо беше еден од оние никогаш сфатени фудбалери. Авангарден лик кој никој не можеше да го скроти. Играше за Аталанта, Лече, Фиорентина, Болоња, Рома, Саутемптон, Јувентус, Интер, Порто, Бока... Даваше фантастични голови, а еден кој не му го признаа на мечот Рома - Лече во 2011-та, можеби е најубавиот поништен гол во Серија А.

А Мајкон на Буфон каков гол му даде?

Мерак број 1 е што си жонглираше. Мерак број 2 е што мрдна еден со жонглирање. Мерак број 3 е што потоа си ја намести сам на волеј и мерак број 4 е што ова му успеа на дерби.

Челинџ на денот

Не ви треба тоалетна без гајле, ниту пак ве тера некој да трчате за да ја фатите. Показалецот на маус и кликајте на пауза. Толку.

Денот кога Аптон парк ќе се срушеше поради гол на Ди Канио

„Кога во еден момент видов дека ми доаѓа топката, инстинктивно направив волеј како на велосипед за што процентот на тешкотија да се даде тој гол е 99. Но ако ја видите промената во воздухот, тоа е хармонија што може да ја има само танчер“, објасни Паоло.

Малку фалеше после рабона да падне голот на деценијата

Во сезоната кога го освоија пехарот во Лига Европа 2017/2018, фудбалерите на Манчестер Јунајтед имаа тешко четвртфинале со Андерлехт. Во Брисел заврши 1-1, а реваншот на Трафорд исто 1-1. Во судиско продолжение Рашфорд со рабона го наоѓа Погба кој пробува ножички. Да влезеше овој гол, ќе беше најубав на деценијата во Европа.

Шајка од седум агли

Паузава уствари уште повеќе ни ги отвора чакрите за тоа што сè има произведено од голчишта, тоа што веќе почна да ни недостасува на големо. Неговото височество - фудбалот. Кога Леандро Паредес од ПСЖ играше за Рома, на меч против Торино реши да ја искоси тревата.

Непрепорачливо за навивачи на Ливерпул

Ај за елиминацијата во ФА Купот не е страшно, за Лига Куп уште помалку, па нека е и за ЛШ пошто лани ја освоија. Ама во сред мајтапење со лигата кога на вториот му се смееш со 25 бода предност, да ти се деси короништево скапано? Мој, мој па преку мој.

Фудбалер на Барселона и Селта Виго кој работи како фармаколог во кризата

Цел спорт застана поради коронавирусот. Фудбалерите седат дома како и сите други во карантин и сонуваат кога пак ќе истрчаат на терен со преполни трибини.

Школската „маказа“ на Бербатов против Ливерпул

Бугарскиот центарфор играше толку префинет фудбал што беше право уживање да се гледа. По врвните настапи за Баер Леверкузен се изнадава голови во Тотенхем и круна на кариерата му беше Манчестер Јунајтед - 108 средби, 48 гола. Од нив и еден против омразениот ривал.

Тоа е, сафра ги фаќа

Собравме пет различни примери на изолација: тоалетна, сјај, пливање, полициски час и тој последниот како да ви кажеме.

Претседателот кој му ја врати славата на Реал Мадрид, а потклекна пред коронавирус

Претходникот на Флорентино Перез, легендарниот Лоренцо Санз имал интересен животен пат. Со баба му одел кога продавала пијалаци на Сантијаго Бернабеу и сонувал еден ден да работи во „кралскиот клуб“. Децении подоцна го исполни детскиот сон.

Не сум таму, му рече Меси на Карлос

14 години разлика во фудбал значи искуство и пол за постариот, ама затоа младост, полетност и брзина за помладиот. Дупли термин му закажаа на ортопедија после ова.

Не за џабе го викаа Халк

Има 33 години ама толку долго е отсутен од Европа што ќе помисли човек дека Бразилецот Халк е веќе во пензија. Неговиот топ со левицата уште долго ќе се памети. Толку јак и прецизен шут не се гледаше никаде.

Анегдота на Куман за големиот Кројф кој го возел 6 часа со кола до породилно

На 23-ти март се навршија 4 години од смртта на еден од најголемите европски фудбалери на сите времиња - Јохан Кројф. За тоа каков бил како човек надвор од теренот раскажа Роналд Куман, неговото фудбалско дете.

Ах каква штета за Роналдињо

Еден од најјтрактивните соло голови во Ла Лига и општо во цел свет, требаше и мораше да биде овој на Барса - Атлетик Билбао пред 13 години. Кај го личи бре ова човече да биде у затвор, погледне го како изеде тројца, како да е најлесна работа во фудбалот.

Влегов, видов, излегов - Мики Рапаиќ

Вечното хрватско фудбалско дерби Хајдук - Динамо Загреб, натпревар од 1993 година.  Место Стипе Андријашевиќ, влегува младиот Милан Рапаиќ, дава луд гол за 3:2. Присутни на мечот раскажувале дека го прославил така што се свртел кон тренерот Каталиниќ и му барал измена. Доста е, што повеќе.

Ицо Стоичков со лук и врела вода се штити од вирусот

Најдобриот фудбалер на светот во 1994 година, добитник на Златна топка, Христо Стоичков за Mundo Deportivo даде пар совети од Мајами каде живее во време на пандемијата.