Фудбал

Адебајор, искрено и лузерски за донирањето

Играше за клубови како Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем...ама не е дека го направија позрел или можеби и никогаш не ни бил. На крај краева ќути си и трај си ако не ти се дава, што ти требаше побогу ова глупо видео.

Кога Чоло Симеоне со 12 Аргентинци во Катанија го скроти Јувентус

Никогаш претходно и никогаш подоцна еден тим во составот немал толку многу фудбалери од странска земја, како екипата од јужна Италија во таа 2006-та.

Дејвид Мојс разнесува овошје и зеленчук, па дури доби и бакшиш

Стратегот на Вест Хем не е како некои шупаци во Премиер лига кои одбиваат кратење и покрај тоа што имаат ненормална неделна плата и до 400.000 фунти. Мојс прифати 30% кратење на годишната плата од 2 милиони фунти, а во меѓувреме почна и да помага по луѓе.

Точно година дена од најбрзиот гол во историјата на Премиер

На 23-от ден од април таа 2019-та брзиот Ирец Шеј Лонг го постигна најбрзиот гол во историјата на Премиер лига. Тогаш шпицот на Саутемптон за 7,69 секунди го отвори резултатот на мечот против Вотфорд кој на крај заврши 1-1.

Дебито на Франко Барези за Милан

Цела кариера им ја посвети на Росонерите за кои играше 20 години, од кои 15 како капитен. Освои 17 трофеи од кои 6 Скудета и 3 ЛШ. Дебитираше на денешен ден 1978-ма на 17 години и стана еден од симболите и икона на Милан. 6-ката му ја повлекоа во историјата.

Реал и Барса би ја доигрувале сезоната на помошните стадиони

Во Шпанија после напорни спорови меѓу фудбалската федерација и Ла Лига, уште не е решено кога ќе се доигра. Најверојатно е фудбалот да продолжи на крајот од мај или на почеток од јуни, сигурно без гледачи.

Вечерта кога 70.000 души на „Олд Трафорд“ стоечки му аплаудираа на Феноменот

23-ти април 2003-та. Четвртфинале на ЛШ. Реал со убедлива предност од 3-1 по првиот дуел во Мадрид допатува во Манчестер. На реваншот Јунајтед победи 4:3, ама јунак на вечерта беше Бразилецот кој доби стоечки овации од цел стадион за хет-трикот.

Нестор прашуваше, Пандев одговараше и откри пикантерии од кариерата

Корења пуштија дома, особено нашиве кои играат во италијанско, па на Илија Несторовски му дојде идеја како да пополни време на интересен начин и за него и за навивачите. Вклучува играчи во живо на Инстаграм и им поставува интересни прашања.

Продолжува фудбалот во убавата земја со повеќе овци отколку луѓе

Додека секојдневно им стигнуваат разни песимистички информации од европските лиги, во УЕФА убаво им дошла веста дека на Фарски Острови ќе продолжи фудбалското првенство.

Има такви што и од жонглирање тоалетна прават паричка

Бангкок, Тајланд. Млад дечко сфаќа дека нема фајде од челенџи, хаштази и разни предизвици. Зема топк... овај тоалетна хартија и излегува на улица.

Карлос уште му должи објаснување на светот за голов

На мечот Реал Мадрид - Тенерифе, 1998-ма, физиката како наука мораше да ги прошири своите учебници.

Топ 5 гола на Панчев за Црвена Звезда

Не умираат овие видеа со нашиот расен голгетер кој стана европски првак, прв и единствен Македонец со Златна копачка и прв од кај нас кој заигра во Серија А. Ги има и двете мајстории против Панатинаикос со кои “ги закопа“ Грците.

Барселона за хуманитарни цели ги продава правата за спонзорско име на стадионот „Камп Ноу“

Првите назнаки од Камп Ноу се дека клубот се решил на ваков потег со цел да помогне во борбата против коронавирусот. Проджабата на правата на име на стадионот може да донесе и до негова реконструкција.

Робин, што волеи беа ова?

Класниот Холанѓанец во кариерата даде баш многу преубави голови, ама некои се двојат по убавина. Пример со Арсенал против Чарлтон, па после во дресот на Јунајтед против Евертон. Страшни голови.

23 години пред чудесниот гол на Бергкамп паднал уште појак погодок

Френк Вортингтон бајаги долго играл во англискиот фудбал. Од 1966 до 1991 сменил преку 23 клуба. Секаде бил расен стрелец, особено во Лестер и Болтон. На еден меч за Болтон против Ипсвич (2:3), го постигнува еден од најубавите голови на Островот.

Интересна идеја на лидерот во Данска

Фудбалскиот клуб Мидтјиланд, прв на табела во тамошното првенство, смислил како да ги приближи навивачите кога фудбалот ќе продолжи со мерки за растојание, пред празни трибини.

На Кандрева му дојде преку дур

Шибам на гостување во Лига на шампиони, вторник е. Не можам веќе, скапавме дома месец и кусур. Па ако треба со жена и деца ќе земам со мене. Отидов, поздрав.

Неповторливиот трик на Роби Фаулер

Ова што го направи шпицот на Ливерпул нема шанса да го предвидиш, а ниту да го спречиш. Неговиот чувар како да се помири и реши да се претвори во гледач. Изгледа не му беше јасно.

Еднаш бев на журка кај Роналдо, доаѓаа автобуси со жени

Иван Елгера беше член на славната генерација фудбалери на Реал Мадрид, позната како „Галактикос“. Во јавување во живо на Инстаграм раскажа една анегдота од тоа време.

Кројф го учи Стоичков како да се загрева со јаже

Ице тука 29 години, а Јохан 48. Ама не ќе да е до годините а?

Можеби најјакиот состав на ФК Вардар на сите времиња

Ја имаме фотографијата на денот за која постарите го тврдат тоа од насловот. Ама и да не е така, ова е екипиште за почит и за сите времиња. Се работи за сезоната 1987/1988 или една година по шампионската титула на ФК Вардар во Југославија.

Чилената на Ривалдо против Манчестер Јунајтед

Бразилецот кој стекна огромна слава на „Камп Ноу“ во неделата наполни 48 години. Кога се спомнува неговото име, сите се сеќаваат на епските ножички против Валенсија. Ретко кој памети дека во 1998-ма и против Манчестер Јунајтед направи чилена.