Фудбал

Кој знае, можеби ќе се пензионирам на 65 години

Нема кој не му честиташе роденден денеска на Џиџи кој со 43, сега го брка рекордот на Марко Балота кој бранеше за Лацио до 44 години. Твитер профилите се полни со негови паради, бројки и разни мигови од неговата па скоро три децениска богата кариера.

Дефанзивци ли се овие на Јунајтед или статисти?

Првиот на табела во Премиер лига загуби од последниот или во превод Манчестер Јунајтед - Шефилд Јунајтед 1:2. Во моментот на постигнување на голот вреден триумф за гостите, инаку втор по 20 кола, во шеснаесетник има 8 играчи на Манчестер, 4 на Шефилд.

Цела вечност откако ја загуби топката реши да глуми

Нема спас од ова талентиве кои на сите камери, технологии и ВАР соби не престанаа со театралности кои не им поминуваат. Напротив, служат за потсмев. Погледнете го несреќников на Рајо, го скрши вратот да види каде е топката и кога сфати дека ја загуби се фати за нос.

Нерѓосувачкиот Џиџи Буфон

Медиумите веќе не знаат како да го опишат, а Газета излезе токму со насловот кој го читате „Нерѓосувачкиот Џиџи“. Синоќа против Спал се појави со капитенската лента, денеска му е роденден, полни 43 години и постојат реални шанси да стане најдолговечен во историјата на италијанскиот фудбал.

Шефе, не го викаме така, друг прекар има

Откако потпиша 18-месечен договор со Челси, Томас Тухел имаше помалку од 24 часа да ја организира екипата за мечот со Вулверхемптон кој заврши без голови. Тухел полека ги запознава играчите, а уште не го научил правиот прекар на капитенот Сезар Азпиликуета.

Унаи Емери купува клуб во кој играл татко му, а дедо му освоил 2 Купа

Одличниот шпански тренер кој сезонава го води Виљареал, е на прагот да го купи Реал Унион, баскиски клуб од трета шпанса лига кој бил учесник во првото шпанско првенство во историјата.

Столе проба со Меси еден на еден ама...

Со головите на Де Јонг и Меси, Барселона го елиминираше Рајо Ваљекано во Купот на Шпанија. Домаќините поведоа, но не успеаа да го изненадат големиот фаворит кој во судиско имаше чиста шанса за 1:3. Меси го легна голманот на Македонија, ама потоа не ја шутна кога требаше.

Акцијата од учебник на Севиља што треба да се предава

Фудбалерите на Севиља играат фантастичен фудбал под водство на Хулен Лопетеги. Синоќа во 1/8 финале на Копа дел Реј ја совладаа Валенсија 3:0 на свој терен. Еден од двата гола кои ги даде Лук Де Јонг беше после чудесно изградена акција.

Вистинските капитени и на улица се препознаваат

Без никаква медиумска помпа или што би се рекло скришно, Калуди Кулибали од Наполи се истакна со многу човечен гест кој за малку фалеше и никој да не го дознае.

Спикерот на Интер одлепи по голот на Ериксен

Беше во таков делириум што не знаеше што да прави, па откако се пошутка во место го крена микрофонот и згрми до даска за стрелецот на голот. Кристијан Ериксен не можеше да го совлада градскиот ривал на посладок начин. Со слободен удар во 97-ма минута.

Интересни анегдоти од автобиографијата на Михајловиќ (I дел)

Човекот чиј животен пат сигурно заслужува игран филм, на крајот од минатата година во Италија објави автобиографија во која раскажува за своите догодовштини од родното Буково кое го зафати воен виор, преку царскиот живот во Белград и успехот во Италија.

Контроверзниот гол на Сити кој внесе целосна конфузија

Сте виделе ли до сега ваква ситуација во Премиер лигата: Линискиот судија покажува офсајд, играчите застануваат, Сити дава гол, а ВАР го признава?

Комичното загревање на Њукасл

Пред мечот Њукасл - Лидс (1:2) на кој Езџан Алиоски одигра 54 минути, домашните имаа комично загревање. Еден не го погоди голот.

Цела тензија од миланското дерби во едно видео

Интер и Милан синоќа играа четвртфинале во Куп натпревар, а тоа личеше како да е меч за титула. Ама градското ривалство си го прави своето и тоа не прашува од каква важност е нивното соочување. Летаа мајки, шајки, а во главна улога беше дуелот Ибра - Лукаку.

Само Меси има повеќе голови од слободен удар од Барди

После точно 2 години, три месеци и 20 дена, моторот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди синоќа постигна преубав погодок од слободен удар за Леванте во шпанскиот Кралски Куп.

Евроголот на вечерта го постигна Спортинг

Ќе речеш вторник, тенко е со фудбал, а тоа е голчишта на сите страни. На Барди и Ериксен друштво им прави 21 годишниот Педро Поро со удар по кој оправдано е ова драње на коментаторот.

Џани и другарите после 90 минути орање по режимот на Биелса

Да бидеш стартер кај Ел Локо, колку е добро, толку и не е. Ќе те исцеди од трчање од прва до последна минута, а ако не ти одговара ќе седиш на клупа. Синоќа Лидс го совлада Њукасл на гости, а по последниот свиреж ја имаш оваа глетка.

Објаснување зошто Ибрахимовиќ му викал на Лукаку да прави вуду магии

Одамна не сме гледале така жестоко миланско дерби како во вторникот вечер во Купот на Италија. Интер славеше 2-1 со гол од слободен на Ериксен во 90+7' минута, а мечот го одбележи бурната расправија на Ибрахимовиќ и Лукаку.

Магијата на Ериксен за голем триумф на Интер

Чекаше чекаше Данецот шанса и на крај конечно ја дочека. Конте го омаловажуваше со по 10 секунди од клупа за резерви, а вечерва во Купот на Италија само што влезе во игра и после неколку моменти од слободен удар во 90+7' минута му донесе победа на Интер против Милан. Интересно, ова беше прв гол од слободен удар за Интер после цели 135 натпревари!

Голем испад на Ибрахимовиќ, камери го снимија што му кажа на Лукаку

Најдобриот фудбалер на Милан со убав гол прво го отвори дербито на Милано против Интер, а пред крајот на првиот дел влезе во жесток дуел со Ромелу Лукаку. Белгиецот со конгоанско потекло збесна и тргна да се пресмета со Ибрахимовиќ за кого се испостави дека го вреѓал Ромелу.

Велемајсторија на Барди ала Роналдињо

Фантастичен кам бек на Енис Барди кој се врати на фудбалските терени по пауза од два и нешто месеци на маестрален начин. Ваљадолид поведе против Леванте во Купот на Шпанија, а македонскиот репрезентативец го израмни резултат по 10 минути ептен мангупски.

Судија не е тоа твоја територија

90 минути е должен да држи линија и плус го пцуе кој стигне од трибина, без разлика дали имало офсајд или не. Епа и тој е човек.

Детето на Челси кое стана најмлад капитен после Џон Тери

Ретки се играчите кои можат да се пофалат дека од јуниорски, најмлади денови, стигнале до прв тим па дури и ја навлекле капитенската лента во омилениот клуб. Таков е Мејсон Маунт од Челси.

Видео со Тухел кое играчите на Челси треба да го видат

Германецот добил договор до лето 2022 со можност да се продолжи на уште една плус година. Тухел има задача да ги разбуди преплатените ѕвезди на Челси, а ако грми ко на времето во Мајнц, ќе има надеж.