Фудбал

Наслов на денот

Пусти Дејвид Симан, 18 години е асоцијација по тоа што прими гол од корнер, а сега пази ова како е срочено.

Во Косово фудбалерите во 90-те се замивале во река

Во периодот кога ние ја пишувавме историјата во Крањ со Панчев, Чоко и цела таа банда, нашите соседи уште абер немале од репрезентативен фудбал, а прволигашкиот им бил бетер од селски. Но ете сме сега и тие и ние со шанси за историја, за која се потребни уште 180 минути.

Зидан со вакви асистенции може уште да игра за Реал

Човекот е гениј. Освои еден куп титули со Реал во Лига на шампиони, замина на кратко, па пак се врати и стана шампион на Шпанија. Играчите просто уживаат со таков магионичар на терен.

Како Дрогба со говор сопре крвава граѓанска војна во Брег на Слонова Коска

Прв пласман на еден голем турнир, а особено на Светско првенство секогаш е посебен настан. А за земјата каде четири години буктела жестока граѓанска војна, тоа е спасоносно чудо.

Епа ќе изгубите од Мексико кога Депај е цреп

Холандија загуби дома 0:1 од Мексико на пријателските средби, а сите зборуваат промашувањето на Мемфис Депај кој инаку летово беше пред потпис во Барселона. Се посрамоти за сите пари во финишот.

Кој фаул бе судија, рамо беше

Адама Траоре дебитираше за селекцијата на Шпанија и тоа на дерби меч против Португалија кој заврши 0:0. За тоа како е да се влезе, односно да ти влезе во дуел игра, ќе треба да раскаже фудбалерот на Барселона Франсиско Тринкао.

Деби гол на Игуаин во МЛС каков што никогаш не дал во Европа

Му се смееа на Пипита што го промаши првиот удар од белата точка во МЛС, ама затоа синоќа покажа каков мајстор е и тоа од позиција од каде не сме го знаеле, а тоа е слободен удар. Аргентинецот го реши мечот и му донесе победа на Интер Мајами од 2:1 против Њујорк Ред Бул.

Барселона ќе добие нов претседател, Бартомеу е готов

Човекот кон кој беше вперен прстот дека е најголем кривец за најтензичното лето во поновата историја на Барселона, во кое скоро готово беше да ја загубат иконата Меси, наскоро ќе биде сменет.

Македонија - Косово ќе оди на МТВ

Иако за редовните посетители на Градски ова не е за утеха (глупа корона, ќе крцаше стадионот), сепак по три години пауза МТВ на својот прв и трет канал ќе пренесува натпревар на македонската фудбалска репрезентација и тоа еден од најважните во историјата, а тоа е полуфиналето од Лига на нации.

Вечниот Џиџи Буфон - играше со татковците и синовите Киеза, Турам, Веа, Малдини, Клајверт

Најголем трансфер бум во Италија направи Федерико Киеза, златното дете на Фиорентина кое потпиша со Јувентус. Таму го чека чичко Џиџи, кој му доаѓал на гости како мал.

Како тренираше Дида на 40 и кусур години

Легендарниот голман на Милан денеска полни 47 години, а сезонава го назначија за тренер на првиот тим откако претходно работеше во младинскиот тим на Росонерите. Се пензионираше во Интернасионал во 2015-та, а во чест на неговиот роденден потсетување како се џиткаше на тренинг во залезот на кариерата. Мачка.

На шала, на смеа, Мартин стварно ја доби 9-та во Барса

Мартин Брајтвајт еден ден ќе може да им раскажува на своите внуци како на времето играл 9-ка во Барселона во напад со Лионел Меси. А пустиот, ни крив ни должен, случајно дојде на Камп Ноу.

Циркуз во Украина, Шева го стави асистент тренерот на список против Франција

Чуда направи короништево скапано и целосно го измести и поремети и фудбалот кој многу поинаку беше планиран годинава. Ќе има смеење ако се повреди голманот на Украина или добие црвен.

Првпат за 40 години Реал Мадрид не купи ниту еден играч

Преодниот рок за речиси сите европски лиги заврши. И покрај најавите за штедење и оптимизација на трошоците предизвикани од глобалната пандемија, некои клубови решија да потрошат многу пари на трансфери за нови засилувања.

Брилијантна акција на жените на Коринтијас

Со крадење топка, со петици, течно и атрактивно до крај, па уште и со јака завршница. Браво женски.

Се гледа дека Кавани со месеци не играл фудбал

Откако реши да не го продолжува договорот со ПСЖ и не играше ниту во финале на Лига на шампиони со Парижаните, Кавани на 5. октомври во понеделникот потпиша 1-годишен договор со Манчестер Јунајтед со можност за уште 1 година плус. Го доби бројот 7 на дресот, а прашање е во каква форма е.

Антологискиот гол од Ирска кој доби номинација за Пушкаш

Кој би рекол дека клуб по име Гленторан од Северна Ирска може да се прочуе во светот во изборот за гол на годината според ФИФА и да собере преку 5 милиони кликови? Може, затоа што во тим го имаа анонимусот Метју Буроуз кој го постигна најепскиот гол со петица.

Бурниот 5 октомври на кој паднаа еден куп трансфер зделки

Едно време тоа беше 31 август, но сега сè се помести па така и последниот ден од летниот трансфер период кој всушност заврши на есен. Звучни фудбалски имиња ги сменија дресовите во последен миг.

Итрите трикови со високата трева - не косат кај корнерите и противникот не знае

Ливерпул првпат од 1963 година прими дури 7 гола во англиското првенство и тоа од просечната Астон Вила. Дебакл каков што не се памети. После мечот Јирген Клоп потиштено призна дека екипата многу грешела и не барал оправданија. Ама има кој најде алиби.

Како може царов да нема милион прегледи?

Ликов направил врвна импровизација и компилација на познати фудбалери со кои препеал песна која ја крстил Имобиле. Ни легна од прва и некако убедени сме дека е појак од оригиналот кој го немаме ни слушано. Прејако звучи и ептен со душа. Пет пати ја чувме од сабајле.

Јунајтед плаќа 41 милион евра за 18-годишен талент на Аталанта

Сонот на навивачите на Манчестер Јунајтед конечно се исполни: клубот после многу перипетии конечно најде десно крило, позиција која со години беше дефицитарна на „Олд Трафорд“.

Дај тргнете ја пречката кога играат тие, нема смисла

Не за џабе рекле од трета мајка. И тоа најјакото е што драмата се случува во судиско и тоа пак не успеаа да ја затресат мрежата, а победија.

Станковиќ го научи Ферара како се изговара Црвена Звезда

Чиро Ферара не се снајде баш најдобро на извлекувањето на групите за Лига Европа и заглави кај Црвена Звезда. Но Дејан Станковиќ како нивен тренер направи добар штос и му се јави од соблекувална, а белградскиот тим видеото го објави на социјалните мрежи.

Кај нас проблем беше кога топката ќе се заглави под ауспух

Да видиме со какви маки се соочуваат на други места. За една топка.