Фудбал

Меси го нема, ама тука е Суарез - Интер Мајами во четвртфинале

Интер Мајами конечно заигра како треба и со 3-1 на домашен терен го совлада мексикански УНАМ во нокаут фазата од КОНКАКАФ Лига купот. Лионел Меси не играше поради повреда поради која ќе паузира околу 2-3 недели, но затоа неговото отсуство го надополни Уругваецот Луис Суарез кој постигна еден и асистираше за два гола на Интер Мајами.

Трансфер пазарот на Њукасл летово во едно видео

Премиерлигашот кој зад себе го има најбогатиот државен фонд на светот, оној на кралството Саудиска Арабија, во последно време не може да убоде ќоро зрно на трансфер пазарот. Сè што побараа или ги одби или им избега, или не знаат како да го доведат. Сега последно Манчестер Јунајтед изгледа пред нос им го зема најбараниот европски фудбалер високиот Бенјамин Шешко од РБ Лајпциг.

Што маказа направи бе мајсторе?

На еден турнир во Индија, извесен Ајен Монгба од клубот Нагаланд постигнал страшен гол. Сигурно загарантиран кандидат за гол на сезоната и наградата „Ференц Пушкаш“.

Кој последен се смее, најслатко се смее

На младински фудбал во Тајланд веќе неколку пати се случува иста епизода. Изгледа не учат од лекциите.

И Мурињо не е од камен - се расплака на прес конференција

Од Португалија стигна уште една тажна вест, дека поранешниот долгогодишен капитен на Порто и португалски репрезентативец Хорхе Коста починал на 53-годишна возраст откако му се слошило во тренинг центарот на Порто. Жозе Мурињо кој му беше тренер на Коста кога сензационално освоија Лига на шампиони во 2004-та година, се расплакал на прес-конференција. 

Кој премиерлигаш колку потроши досега летово?

Ливерпул се чуваше претходните преодни рокови и го стегна каишот, ама летово се отвори на големо и потроши досега 252 милиони фунти со отворена можност да пазари уште некое засилување. Челси е втор, а тука се уште и Арсенал и Сити.

Какво прашање таков одговор

Колумбиецот Џон Дуран има 21 година а веќе има сериозна кариера. Со Астон Вила играше во Лига на шампиони каде забележа неколку добри настапи. Набрзо отиде за рекорден трансфер во Саудиска Арабија и потпиша за 77 милиони евра во Ал Наср кај Кристијано Роналдо. После само неколку месеци се врати во Фенербахче каде ќе игра како позајмен играч. Еден турски новинар тргнал да го интервјуира пред подготвителен натпревар на Фенер, Колумбиецот не разбира турски па одговорот беше:

Како изгледа приватниот музеј на Бане Ивановиќ

Она што беа Рио Фердинанд и Видиќ за Манчестер Јунајтед, тоа беа Џон Тери и Бранислав Ивановиќ за Челси. Србинот освои Лига на шампиони, Лига Европа, Премиер лига, ФА Куп, практично сè што може да се освои со сините. Стана и капитен и права легенда на клубот од Лондон. Се повлече мирно и тивко, без голема помпа а од српскиот фудбалски сојуз не доби никакви почести за она што го правеше за репрезентацијата.

Де Ѕерби во клинч со играч на тренинг во Марсеј

Италијанскиот тренер Роберто Де Ѕерби важи за еден од најдобрите италијански стратези последниве години. Успешно го води Олимпик Марсеј со кого ќе игра и во Лига на шампиони сезонава. На еден од последните тренинзи на Марсеј влегол во конфликт со 23-годишниот талент Исмаил Коне зошто овој воопшто не се залагал на тренинг. „Јави се кај менаџерот, јави се кај менаџерот“, викал Де Ѕерби кој го пратил истиот ден на позајмица во Сасуоло.

Два нови гола на Нејмар, му прати порака на Анчелоти

Сантос го победи Хувентуде со 3-1 во 17. коло од бразилската Серија А и избега од дното на табелата па сега е на 15-то место од 20 клуба (5 победи, 3 нерешени, 9 порази). Нејмар постигна два гола, еден од пенал и стигна до бројка од 6 гола и 3 асистенции на 17 натпревари во бразилскиот фудбал. Му прати порака на Карло Анчелоти да го планира за репрезентација за која не играл уште од октомври 2023-та кога се пвореди. Бразил ќе игра во квалификации за Светско против Чиле на 4-ти септември дома и на 9-ти октомври на гости против Боливија.

Ливерпул има 16-годишен бисер, даде супер гол против Билбао

Фудбалерите на Ливерпул одиграа две пријателски средби против Атлетик Билбао, на „Енфилд Роуд“. Првата црвените ја добија 4-1 а во втората славеа 3-2 со два гола и еден автогол на Коди Гакпо. На првиот меч прекрасен погодок дал малиот 16-годишен Рио Енгумоа кој дошол во Ливерпул од школата на Челси. Арне Слот планира да го остави да тренира со првиот тим.

Уште е август, а го имаме најголемото промашување на сезоната

Во рамки од мини-турнирот Премиер лига летна серија во САД на кој играа Манчестер Јунајтед, Вест Хем, Борнмут и Евертон, Бразилецот Еванилсон од Борнмут ја забележа утката на сезоната. Се посрамоти во поразот на „црешите“ 0-2 од Вест Хем.

Que golazo mamita mia!

Во Куп на Аргентина Расинг Клуб со 3-0 го совладал Депортиво Риестра. Во 32' минута било 3-0 а третиот гол го дал Факундо Мура. Што би рекол коментаторот мајко моја какво голчиште!

Страшен гол на Ристовски за Сараево

Во првенството на Босна и Херцеговина, Сараево водеше со 3-0 против Радник Бијељина а на крај мечот заврши со неверојатни 4-4 откако гостите дале четири комада за 28 минути. Стефан Ристовски блесна и го постигна првиот гол сезонава и тоа каква голчина! Два погодоци за Сараевци дал повремениот македонски репрезентативец Агон Елези.

Порто тајно договорил супер засилување, не знаел никој

Триесет и четиригодишниот холандски центарфор Лук де Јонг како слободен играч потпишал со португалскиот гигант Порто. Ветеранот имаше сјајни сезони во својот ПСВ Ајндховен но сега добил понуда која не се одбива. А во Порто ништо не кажувале и решиле да ги изненадат навивачите пред пријателската со Атлетико Мадрид кога играчите излегле на теренот.

Норвешки клуб на преубав начин промовира локално земјоделие

Кога свилените дужегрижници ќе се исмеваат на некој убав автентичен подарок во селскиот фудбал во регионов, само покажете им го ова, од прва лига на Норвешка.

И Манчестер Јунајтед се израдува на пехар, ај ти

Екипата на Манчестер Јунајтед на мини-турнеата во САД, на турнирот Летна Премиер лига серија, ги совлада Борнмут и Вест Хем, а одигра 2-2 против Евертон па така го освои малото пехарче наменето за најдобриот во Атланта, во Џорџа.

Што стори Иване?

ПСВ Ајндховен е освојувач на холандскиот Супер куп кој ја носи наградата „Јохан Кројф“, откако синоќа после пресврт победи 2-1 против освојувачот на Купот, Го Ахед Иглс на свој терен на „Филипс Арена“ во Ајндховен. Во 78' минута Иван Перишиќ асистираше за гол на стрелецот Герит Наубер па падна преку рекламите.

Тотенхем се збогува со Сони кој оди за САД

Тотално неочекувано долгогодишниот капитен на Тотенхем, симболот на овој клуб, Кореецот Хонг-мин Сон најави во саботата вечер дека за некој ден си оди од клубот и ги шокираше навивачите. Денес на пријателска против Њукасл во неговата татковина, во Сеул, за последен пат го носеше дресот на Спарс. Му направија почесен коридор, го фрлаа во воздух, а цел стадион со стоечки овации го испрати. Ќе оди во САД каде ќе игра за Лос Анџелес како најскапо платен играч во целата МЛС лига.

Филмско претставување на Папу Гомез во Падова

Триесет и седум годишниот фудбалер кој освои Светско првенство 2022 со Аргентина и кој беше главен творец на ренесансата на Аталанта, сега се враќа во италијанскиот фудбал. Ќе игра во Серија Б за Падова.

Фудбалот е светост во Германија - на втора лига 62.000 гледачи

Синоќа стартуваше новата сезона во втората германска Бундеслига а истата ја отворија децениските прволигаши Шалке и Херта во меч кој заврши 2:1. На „Фелтинс Арена“ во Гелзенкирхен официјално имало 62.270 гледачи што е еден од рекордите на втора лига во Германија.

Чуден сплет на дриблинзи

Триесет годишниот Анхел Кореа после цели 10 години во Атлетико Мадрид каде одигра 335 натпревари и постигна 70-ина гола на почеток на јули се пресели во мексиканскиот клуб Тигрес УАНЛ. Постигна два гола во победата над Хјустон Динамо а едниот погодок беше многу чуден и интересен.

Ливерпул ги извади новите дресови

Во едно прикладно видео со сегашни играчи од клубот како Ван Дајк, Салах, Куртис Џонс, Сери Холанд и легенди од минатото како Сер Кени Даглиш, Роби Фаулер, Џејми Карагер, Иан Раш и Џон Барнс, Ливерпул ги претстави новите дресови од Адидас со кого во март потпиша 10-годишен договор за соработка.

И судиите душа имаат

За време на дуелот од Лига Купот на Северна и Централна Америка меѓу мексиканска Гвадалахара и Њујорк Ред Булс од САД кој гостите го добија 0-1 со гол во 97-ма минута, главниот судија на мечот по само 9 минути игра морал да го напушти теренот поради повреда. Имал замена.