Тренингот на голмани во вториот по големина клуб во Ајндховен, изгледа толку интересен што би можел да има и гледачи на трибините. Врхунска методологија со влажна церада која глуми мокар терен, па жабици, па ред други нешта.
Англиските таблоиди одвреме-навреме буричкаат по можноста најголемиот фудбалски турнир на континентов да го присвојат во својата земја. Чеферин вели дека за сега се останува на предвиденото иако ситуацијата во следните месеци тешко може да се превиди.
Колон и Сентрал Кордоба искористија простор меѓу репрезентативен фудбал да одиграат дуел од аргентинскиот Куп. Домаќинот победи со 2-0, триумфот го запечати 35-годишниот Луис Родригез со штослесто надворешно ефе
Самиот погодок понекогаш знае да биде само еден обичен шут, како што е примеров со фудбалерот на Сити, ама на тоа му претходеше генијален прием на топка за кој зборуваат сите, па уште и му го испи мозокот на чуварот.
Франција У-21 и Швајцарија У-21 издоминираа во својата Б група од квалификациите за младинското Евро2021. Имаат по 9 победи и само 1 пораз. Французите синоќа ги добија Швајцарците со 3-1 а интересен момент имаше гостинскиот голман Антони Рачиопи.
Успехот на македонската фудбалска репрезентација одекна секаде во светот, а најгласно во регионов. Покрај стандардната Хрватска која со години е во ТОП10 на светскиот ранг, на ЕВРО2021 за првпат во историјата ќе игра и Македонија. Новинарите на Спортклуб имаа само пофални зборови за Пандев и нашата репрезентација.
Во таа лавина на вести, слики и видеа кои произлегоа после историскиот пласман на Македонија на ЕП, можеби некој не успеа да види што се случуваше пред седиштето на Фудбалската федерација на Грузија. Имаше жестоки протести кои не поминаа само со скандирања за оставка.
Талерес Кордоба славеше 0:1 на гостувањето против Бока Јуниорс. Но мечот никој не го зборува поради резултатот, туку сите се чудат на грдиот старт на Карлос Тевез по само 3 секунди игра, кој беше за чист црвен картон.
Проаѓавме низ тешки моменти, Градскиот стадион беше константно празен, делење од фамилија, патувања....Погледнете го овој наплив на емоции и солзи во очите на Стефан Ристовски кога ќе изговори „Стигнав до Европско“.
Насмеан, презадоволен, пресреќен, капитенот се врати во Италија и вчера веднаш се чекираше на тренинг со екипата. Соиграчите трчаа по него за да му честитаат, а навивачите не можат да изберат зборови за да му честитаат за историјата која ја испиша со Македонија.
Убаво ни е на душата деновиве и ни годи кога сите ни го величаат првиот историски пласман на ЕП. Победничката серија продолжи и вчера против Естонија и сега сме на 90 минути до плејоф за СП. Да поуживаме на головите на Тричко и Стојановски.
Одиме со мала пауза на тема репрезентации и се селиме во втората шпанска лига или поточно во канарското дерби Тенерифе - Лас Палмас каде се случи кикс на сезоната. Голманот на Тенерифе изгледаше имаше ласер во око или па за момент помисли дека игра одбојка. Трето нема.
Покрај Ромарио, Баџо, Батистута, Каниџа, Тафарел, асоцијацја на Светско првенство 1994 во САД е и сјајната бугарска селекција предводена од Стоичков и Јордан Лечков. Вториов сега ја спореди состојбата со бугарската и македонската репрезентација.
Најдобрите македонски фудбалери рутински ја совладаа Естонија со 2-1 и освоија 3 бода кои дополнително ја приближија нашата селекција до повисок ранг во Лига на нации. Тричковски и Стојановски беа стрелци, а вториов постигна ефектен гол со глава по чудесна асистенција на ѕвездата на Наполи Елмас.
На крилја на историскиот пласман на ЕВРО2021, репрезентацијата на Македонија вечерва во Скопје ја совлада Естонија со 2-1 и е на чекор од пласман во посериозно друштво во Лига на нации.
Основан во далечната 1893-та, фудбалскиот клуб Џенова важи за најстар во цела Италија. Нивниот дрес веќе неколку сезони со голем успех го носи капитенот Горан Пандев кој лани ги спаси од испаѓање од Серија А.
Во 100 години шпанска фудбалска репрезентација никогаш не се случило на еден меч да промашат 2 пенали. Вечерва против Швајцарија домашниот голман Јаник Зомер му одбрани 2 на човекот кој немаше утка скоро 3 години.
Диџеј Панчо ќе се потсеќа на 12 ноември 2020 секогаш кога ќе погледне во левата нога. Фудбалскиот момент број 1 во историјата на Македонија реши да го истетовира со тетоважа на која ги смести сите, од Пандев до Костадинов.
Следното лето од 11 јуни до 11 јули, кремот на европскиот фудбал ќе игра Европско првенство во 12 различни градови. Меѓу нив ќе биде и нашата репрезентација која веруваме ќе има голема поддршка во Букурешт и Амстердам.
На историски спортски успех, потребен му е и коментаторски блесок кој адекватно ќе се залепи на завршните кадри од Тбилиси во кои преовладуваа радости и солзи. Колегата од МТВ имаше експлозија од емоции, а некои го критикуваа дека мешал политика.