Замрзнувањето на имотот на Роман Абрамович, значи и замрзнување на клубот според пет ставки. Една од нив е тоа што на Стемфорд Бриџ може да одат навивачи само со сезонски билети.
Англиските медиуми тврдат дека со најновите санкции против газда Роман Абрамович, се компликува фунционирањето на Челси. Тоа значи забрана за продажба на билети, но и блокада за трансфери и потпишување нови договори.
Од Сантијаго Бернанеу се селиме во Струга каде гостуваше Македонија Ѓорче Петров. Опасно дете имаат, кое игра и за селекцијата на Македонија У-21. Се вика Сефер Емини. Влезе во густо каде имаше четворица, ги збрлаве, а потоа на голманот му ја свирна низ уши и тоа од многу тежок агол.
Македонскиот шампион Вардар 1961 ја заврши групната фаза во Лига на шампиони и тоа во голем стил, со триумф 39-30 над норвешкиот првак Елверум. Ова за „црвено-црните“ беше потврда дека се во топ форма, одиграа најдобар меч сезонава и со големи амбиции одат во осминафинале против унгарски Веспрем. Тимур Дибиров беше играч на мечот со седум гола од кои еден беше права атракција за публиката.
Ниту 36-те години се показател дека е ветеран, ниту пак четирите освоени титули во ЛШ дека е веќе презаситен. Дечкото е мозок и мотор на Реал Мадрид и една од главните алки во играта, веќе една деценија. Погледнете ја оваа негова радоста после елиминацијата на ПСЖ.
Карим Бензема по којзнае кој пат сезонава блесна и го изведе Реал Мадрид на прав пат. Откако Мбапе го отвори резултатот во првиот дел, Бензема со страшен хет-трик направи целосен пресврт и го однесе „кралскиот клуб“ во четвртфинале на ЛШ. Еден коментатор пошандрца од среќа.
Карим Бензема е најстар играч со хет-трик во ЛШ и за 17 минути го реши скапиот ПСЖ, ама затоа Давид Алаба е веројатно прв во историјата на елитното натпреварување кој славел победа со столче во рака, како да е во кафана пред фајрон.
Од извонредниот хет-трик на Бензема, обрнете добро внимание што му претходеше на голот за 2:1. Лука прави трк како да ги има годините на Мбапе, никој не го стига, а потоа му ја дава мајсторски на Винисиус. Чекајте, не завршува тука акцијата. Следува мангупска асистенција кроз нозете на Кимпембе. Каква играчина е Хрватот и на 36 години.
Откако Кристијано Роналдо го нема на Бернабеу, новиот јунак на Реал Мадрид се вика Карим Бензема. Мега дерби за уживање благодарение на кралевите кои блеснаа во второто полувреме и со екстра брз пресврт ги урнаа Парижаните. И на реванш осминафиналето ПСЖ поведе со гол на Мбапе.
Етичката комисија на фудбалскиот сојуз на Украина (UAF) побарала од телото на оваа институција кое носи одлуки, на рекордерот по бројот на настапи за репрезентацијата, Анатолиј Тимошчук да му се одземе буквално се што го поврзува со фудбалската селекција на Украина.
Бележиме втор мајсторски погодок во Чемпионшип додека синоќа имаше ЛШ. Фулам му пукна петарда на Свонси на гости и тоа сите голови паднаа во второ. Отвори Митровиќ со гол број 35 сезонава, затвори 20 годишниот Неко Вилијамс. Голманот џабе бранеше.
Светската фудбалска унија ФИФА ги објави своите одлуки во однос на баражите за Светско првенство. По суспензијата на репрезентацијата на Русија која требаше да игра против Полска во полуфинале, а во другото полуфинале се Шведска и Чешка, сега Полјаците добија слободен влез во финале.
Аријан Адеми и Стефан Ристовски играат во клуб кој е голем не само поради успесите, туку и поради потезите кои ги влече, а се во интерес на фудбалот и пред сè човечноста.
Шефилд Јунајтед со 4-1 го смачка директниот ривал за баражот во англиската втор лига - Чемпионшип. Последниот гол на мечот кој во 79’ минута го даде Морган Гибс-Вајт не може да се опише со зборови. Фудбалски инстинкт.
Ако некој сметаше дека реваншот Баерн Минхен - РБ Салцбург после 1:1 на првиот меч ќе има некаква неизвесна интрига, Роберт Левандовски го разувери уште од самиот почеток. Полјакот беше автор на еден од најбрзите хет-трик подвизи во ЛШ.
Интер синоќа си замина со победа од Енфилд Роуд, недоволна за пласман во четвртфинале, а момците на Клоп се изнапромашуваа зрели шанси, особено во второ. Салах ја искрши стативата, а Видал на крај ептен му се најде на Хандановиќ.
Светскиот шампион со Франција и еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе ќе биде во составот на ПСЖ на реваншот од ЛШ со Реал Мадрид. Мбапе излегол на последниот тренинг на „Сантијаго Бернабеу“ каде првпат доаѓа како играч и се воодушевил од новиот изглед на стадионот.
Фудбалерите на Ливерпул се четвртфиналисти во ЛШ откако со вкупен резултат 2-1 го совладаа Интер во двомечот, иако на својот „Енфилд Роуд“ вечерва малку фалеше нераѕурите да ја надоместат негативата.
Во пресрет на вечерашните реванш осминафинални дуели од ЛШ, УЕФА преку социјалните мрежи не потсеќа на една подзаборавена мајсторија од мечот Лион - ПСВ, одигран пред 16 години. Ремек дело на бразилскиот напаѓач кое ќе го видите од пет агли.
Триесет и две годишниот фудбалер од среден ред на ПСЖ, Идриса Геје е мета на пцовки и навреди од навивачите на овој клуб откако на еден тренинг сосема непотребно стартувал врз главната ѕвезда Килиан Мбапе и тоа на само неколку часа пред реваншот со Реал во Мадрид од Лига на шампиони каде Парижаните ќе гостуваат со 1-0.
Аргентински новинар Гиљермо Паниза кој работи за неколку јужно-американски сајтови и негови колеги од Чиле се нашле во ситуација опасна по живот среде украинскиот воен виор. Малку фалело работите да тргнат во погрешна насока.
Го паметиме по убавите времиња во Валенсија, каде беше еден од главните играчи. Потоа продолжи во Малага, па Фиорентина, но пред 7 години се врати во Бетис, онаму каде почна во младинскиот погон, а потоа играше во првиот тим (2000-2006).
На 7. март 2012 година аргентинскиот ас го разурна Баер Леверкузен во нокаут фаза од Лига на шампиони. На тој меч на „Камп Ноу“ пред 10 години Меси постигна 5 гола во триумфот на Барса од 7-1 и влезе во историјата. Тешко дека некој во догледно време ќе го достигне овој рекорд.