На дуелот Хапоел Тел Авив и Макаби Петах Тиква еден навивач на домашниот тим упадна на терен и силно во налет го удри фудбалерот Раз Твизер. Продолжи да трча како мува без глава, ама во еден момент играчот Еди Готилеб грубо го стопираше. А судијата се консултираше со ВАР па процени дека таа самоодобрана е за црвен картон.
Пред преполн стадион во Лондон Вест Хем и Манчстер Јунајтед одиграа неверојатно неизвесен меч во кој судијата дури 3 пати одби да досуди пенал по сомнителни ситуации. На крај се охрабри а тренерот на домашните направи измена баш за пеналот.
Македонскиот репрезентативец кој скоро направи трансфер од Лече во дебитантот во ЛШ од Молдавија, ја начна мрежата за Шериф Тирасол на гостувањето против Зимбру 1:1. Убав гол на Боби, дрско му ја закова.
Лоренцо Пелегрини и Давиде Фараони во натпреварот кој ќе даде појак гол на дуелот Верона - Рома 3:2. Прв пораз на Мурињо, победа на Игор Тудор на својот деби меч. Извонредни мајсторски голчишта.
Почнаа да играат суетите во дрим тимот на ПСЖ, а тоа може да се забележи по реакцијата на Меси кој беше незадоволен што Покетино го извади во второ полувреме на местото на Хакими во 76-та минута.
Шоуто El Día Después точно ги дешифрира зборовите на Чоло Симеоне и фудбалерите на клупата за резерви за време на лудиот меч со Еспањол на гости. Атлетико Мадрид успеа да слави 1:2 со гол дури во длабоко судиско продолжение, во 90+9’ минута. Еве како реагираше Диего Пабло Симеоне.
Французинот важи за еден од најдобрите леви бекови на сите времиња. За Манчстер Јунајтед играше 9 сезони (од 2005 до 2014-та) и освои 5 шампионски титули, 3 Лига Купа, 4 Комјунити шилда, Лига на шампиони и Светско клупско првенство. Ама...
Во Англија не се вратија само головите на Кристијано Роналдо туку и неговиот однос со британските таблоиди кои се пресреќни што ќе можат да пишуваат секакви пикантерии. Една веќе лебди во медиумите а луѓето од прес-службата на Португалецот ја негираа.
Бразилската легенда, кој е синоним за фудбал не е во старата форма, ама се држи. Има 80 години, а од 2015-та до сега, имаше проблеми со простатата, со колкот, а деновиве го оперираа за да му отстранат тумор. Велат дека и уште е силен и тврдоглав.
Рома игра неверојатно ефикасен фудбал под водство на Жозе Мурињо. Екипата меле на сите фронтови. Во Серија А имаат 3/3 со гол разлика 9:2 и се први на табела. Синоќа во ЛК ја торпедираа ЦСКА Софија со 5:1. Два гола даде капитенот Лоренцо Пелегрини од кои првиот беше права убавина.
По 64 минути игра, Лестер синоќа имаше предност од 2:0 против Наполи. Но потоа влезе Елмас и Наполитанците со двата гола на Виктор Осимен стигнаа до реми. Првиот го изработија Инсиње, Елмас и Фабијан на мал простор како на мал фудбал. Финишот на Нигериецот е мајсторски.
По поразот од Милан, Лацио под водство на Сари бележи нов пораз, овој пат од Галатасарај со 1:0. Голот за 3 бода на домаќините им го подари Томас Стракоша, кој втора сезона му е замена на Пепе Реина. Трагикомедија, невидена и во романска четврта лига.
Во рок од само еден месец македонската фудбалска репрезентација бележи нов пад на рејтингот на ФИФА. За тоа се должни слабите резултати на претходните три меча.
Стоук и Барнсли, некогашните премиерлигаши, во 7. коло од втората англиска лига Чемпионшип одиграа 1-1. Мечот го одбележа голема гужва која од нигде никаде ја направија домашните тренери Ден Холден и Рори Делап со гостинскиот помошник тренер на Барнсли Џо Лауман. За ништо.
Снимката е стара, а оние кои се сакаат се Нене од Бразил и Хусин Карја од Мароко. Првиот има 40 години и игра за Васко де Гама, а вториот се повлече. Во периодот од 2005-та до 2012-та играше за неколку италијански клубови меѓу кои Рома, Интер и Фиорентина.
Во средата за време на мечот Орландо Сити - Монтреал од американската МЛС лига кој заврши 2:4, гледачите не виделе само шест гола и два црвени картони, туку и интересен настан надвор од стадионот.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата во 85’ минута и беше дел од историскиот триумф во Лига на шампиони за клубот кој постои во многу необични околности. Сопственикот газдува буквално со сè таму.
Што ќе го гледаш ПСЖ кога со Меси - Нејмар - Мбапе, не можеа Клуб Бриж да го победат. Дербито Победа - Вардар во Купот на Македонија, донесе спектакуларен еврогол, дело на 35 годишната искусна коска на Блажевски. Вардар помина на пенали.
Иако дојдоа во Белгија во страшен состав, со триото Меси-Мбапе-Нејмар во напад, фудбалерите на ПСЖ не успеаа да слават против Клуб Бриж и мечот заврши само 1-1. Лионел ја имаше првата сјајна прилика да го даде првиот гол во новиот клуб. Во негов стил, со внатрешно ефе.
Два брзи гола на Милан за момент потсетија на магичното минато на овој гигант во Лигата на шампионите. На сред Енфилд по негатива од 1-0 експресно пред крајот на првиот дел дадоа два гола и направија пресврт, но недоволен за во моментов посилниот Ливерпул кој славеше 3:2. Мечот донесе и интересна епизода со бекот Алесандро Флоренци.