По само 14 минути игра на дуелот Чиле - Еквадор кој заврши 0:2, домаќините останаа без Видал кој очигледно немаше осет во овој дуел. Чак Норис не го може ова.
Бразил и Аргентина одиграа без голови во квалификациското соочување за Светско, резултат кој не ги потресува бидејќи и двете селекции патуваат за Катар. Нејмар го немаше на терен, ама имаше кој да му го повтори најатрактивниот потег во кариерата. Да му се поклониме на Винисиус за потегов.
Со одигрувањето на последното коло во групите Д, Е и Г, конечно ја имаме целата разврска од овој неизвесен, возбудлив и за нас историски квалификациски мундијалски циклус.
Од моментот кој го смрзна целиот свет кога се урна на теренот поради акутен застој на срцето на отворање на Европското првенство помина речиси пола година, но сè уште не се знае кога Данецот Ериксен ќе се врати на теренот.
Некои натпревари и датуми остануваат засекогаш запеметени како историски. Таков беше 12 ноември 2020-та кога Пандев ја реши Грузија и ја однесе Македонија на Европско. Таков е и 14 ноември кога за прв пат влеговме во финишот за битка на Светско. Ќе се потсетуваме, ќе се радуваме и ќе се ежиме на вакви видеа.
Сколс е еден од ретките феноменални играчи кој можеби не блескаше на секој натпревар, ама никогаш нема ни да го зезне. Дечкото беше константен, екстра корисен, опасен и на шут и да додавање и играч кој секој тренер посакуваше да го има во тим. 47 години полни денеска.
Голманот на српската репрезентација, Предраг Рајковиќ му славеше роденден на син му, повод кој за момент го искористи и за фудбалско славје. Кога во ресторанот влезе стрелецот на голот со кој го расплакаа Роналдо во 90-та минута, почна новиот српски хит насловен како „Mitro’s on fire”.
Македонската фудбалска репрезентација точно за десет дена, на ждрепката во седиштето на ФИФА во Цирих на 26-ти ноември од 12:00 часот ќе го дознае ривалот против кој ќе игра на гости во полуфинале на баражот за пласман на Светско првенство.
Не дека прв пат ќе играат на Светско, четврто во низа ќе им биде, ама во група со европските прваци од 2016-та, не се очекуваше да одат директно, па уште и со таков јуначки триумф кај нив на гости. Журката од Лисабон, продолжи во Белград.
Александар Митровиќ игра луда сезона. Во дресот на Фулам во англискиот Чемпионшип даде 20 гола на 17 меча и е убедливо прв стрелец. Во квалификацииве за Светско е втор стрелец со 8 гола. Лани промаши клучен, решавачки пенал против Шкотска во бараж за пласман на Евро 2020, ама сега во ноември 2021 наплати со камата.
Африканските квалификации за Мундијал 2022 достигнаа кулминација. Во последното коло од групната фаза Гана и Јужна Африка играа за прво место во групата и мечот го реши Андре Ајо од пенал кој Гана го доби сосема неправедно.
Во он лајн гостување на српска утринска емисија, Дарко Панчев му го честиташе успехот на својот поранешен соиграч, Драган Стојковиќ Пикси и ја испофали Србија за играта и резултатот во Лисабон.
Секогаш и секаде гризе за победа, но вчера во својот Лисабон, на стадионот „Ла Луж“ пред околу 55.000 гледачи беше немоќен против расположената Србија која одигра историски меч. Роналдо после мечот заплака, а денес на Инстаграм објави порака.
Најдобриот тенисер во светот, темпераментно, во свој стил се израдува на големата победа на Србија над Португалија на гости и пласманот на Мундијалот во Катар.
Македонија го совлада Исланд со 3-1 и како втора зад Германија заврши во групата, што значи дека ќе игра во бараж/плејоф за пласман на Светско. На „Градски“ во Скопје многу убави моменти, пароли, банери, знамиња, песна.
Хрватска дефинитивно е поим за репрезентативен фудбал. Нема квалификации за Европско и Светско а да не доминираат во својата група. Овојпат со незгодни ривали како Русија, Словачка и Словенија, Хрватите успеаа да освојат 23 бода и заслужено како први да се пласираат на Светско 2022 во Катар.
Селекторот на Србија, легендарниот Драган Стојковиќ - Пикси, реши од корен да го смени губитничкиот менталитет на оваа репрезентација. После само неколку месеци успеа да наметне победнички ДНК и да ја совлада Португалија на гости пред 55.000 гледачи со 1:2. Пазете ја изјавава пред мечот.
Жешко беше синоќа на Балканот. Македонија за прв пат во историјата ќе игра бараж за Светско, Хрватска оствари директен пласман со автогол на Русите, а момците на Пикси го шокираа европскиот првак од 2016-та и тоа не нивен терен со голот на Митровиќ во 90-та минута.
Македонија го обезбеди толку посакуваниот плејоф и сега ја чекаат последни скалила пред остварување на сонот - Светско првенство. А ФИФА и УЕФА толку ги закомпликуваа работите со новиот формат на доигурвање и дополнително ја отежнаа работата на многу селекции кандидати за Мундијал.
Почнаа со „Земјо македонска“ во соблекувална, па продолжија со „Земјо македонска“ во кафана. Атмосферата на Инстаграм на кратко ја пренесе Дамјан Шишковски, а од фотографии на социјалните мрежи налетавме на Елиф Елмас, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов. На здравје момци.
Горан Пандев не ги заборава своите браќа кои напиша дека се херои, a мечот од Италија го следеше и Илија Несторовски кој скоро се врати на терените по пауза од седум месеци. Горд на фудбалерите е и архитектот на минатиот успех, Игор Ангеловски.