Фудбал

Не, не е тенис, Гладбах примил 6 гола дома уште до 37-ма минута

Борусија Менхенгладбах им приреди прав ноќен кошмар на своите навивачи. Во 37’ минута од првиот дел успеаа да примат неверојатни 6 гола од Фрајбург.

Нејмар, чекај да видиш нешто на женски фудбал

Во женскиот фудбалски колеџ Куп во САД во полуфинале играле Брајгем Јанг Универзитетот (BYU) со Санта Клара. Првиве победиле 3:2 на пенали и сега во финале ќе играат против Флорида Стејт. Ама не ни беше тоа муабетот. Погледнете како се одвиваше мечот. Женски фудбалски меч. Треба да гледаат машките колеги.

Застрашувачки гол на Лукас Мура во Премиер лига

Во Тотенхем почнаа да цветаат цвеќиња со новиот тренер Антонио Конте. Италијанецот го водеше клубот досега на 4 меча во Премиер лига и има 3 победи и една нерешена со гол разлика 7:1. Преку 57.000 навивачи на Тотенхем му пееа песна во негова чест, му скандираа „Антонио, Антонио“ а во триумфот од 3-0 против Норвич, Лукас Мура во 10’ минута го отвори резултатот со страшен гол.

Дефанзивниот тандем кој не успеал да се отрезни викендов

Сведоци тврдат дека теренот не бил рамен, а други демантираат со образложение дека крампоните на копачките им биле катастрофа.

Каков Чалханоглу, гледајте го мојот гол од корнер

16. коло од Серија А, донесе два велемајсторски удари од корнер. Прво Чалханоглу против Рома, а потоа и Хуан Куадрадо против Џенова. Овој вториот уште поатрактивен. Класична „Шаќировка“ на втора статива.

Тотално надреално промашување кое го обиколи светот

Во 16. рунда од шпанска Ла Лига, во мини-дербито Севиља дома со 1-0 го победи Виљареал со гол на Лукас Окампос во 16' минута. Ама она што го промаши Жерар Морено во самиот финиш за да му донесе бод на својот тим уште е причина за чудење на интернет.

Телевизиски момент на годината со коментатор

Фудбалерите на Интер со три гола до 39' минута буквално ја распарчија Рома и славеа нов триумф во италијанската Серија А каде трката за скудето станува сè поинтересна. Ама интересен беше и еден јужноамерикански коментатор кој видел топка во мрежа по еден шут на Ѕаниоло па викаше без престан иако немаше никаков гол.

Како Македонија гласаше за Златната топка?

И оваа година македонските гласови за најдобар играч на годината според францускиот магазин Франс фудбал, ги доделува весникот Вечер. Во изборот на новинарот Марио Сотировски го нема фаворитот Роберт Левандовски. Петте гласови тој одлучил да ги даде по следниов редослед.

Мајсторија на Чалханоглу директно од корнер

Седми пораз на Жозе Мурињо по 16 одиграни кола во Серија А. Овој пат од актуелниот шампион на Италија кој го доби мечот уште во првите 40 минути со 3 комада на Олимпико во Рим. Резултатот го отвори Хакан Чалханоглу во стилот на Артим Шаќири.

Што точно се случува со истрагата за Јувентус и може ли да го исфрлат во втора лига?

Канцелариите на Јувентус деновиве се размонтирани од претреси. Спортскиот директор Федерико Керубини поминал околу 9 часа во испрашувања. Андреа Ањели итно свикал состанок со најголемите акционери во клубот, а акциите на Јуве паднале за 34%.

Рогачката

Гремио го совлада Сао Пауло со 3:0, а во 95-та минута се случи контра напад кој практично заврши уште на центарот на игралиштето. Фудбалерот по име Џоната Роберт ја издува душмански и во еден момент топката ја снема од кадар.

Несекојдневен и многу симпатичен маалски потег во турски фудбал

Во рамки од купот на Турција, Коњаспор го совлада Ванспор со 3-1. Многу чуден момент се случи во 34’ минута од мечот. Домаќинот повел со 1-0 од автогол, ама неферски додека нивен играч почнал да цупка повреден по теренот а гостите застанале за да му се укаже лекарска интервенција. Судијата ферски ги убеди домашните да им пуштат гол на гостите кога ќе тргнат од центар.

Лудило во градот во Бразил кој 50 години чекаше титула, ја освоија после голем пресврт

Бело Хоризонте помина ноќ во транс. Голем симбол на овој шести по големина град во Бразил со население од околу 2,7 милиони жители е фудбалскиот клуб Атлетико Минеиро (Clube Atlético Mineiro).

Бисер на Јувентус и внук на Шекуларац би можел да заигра за Македонија

Македонската фудбалска федерација активно работи на идејата да ја засили најдобрата селекција во иднина. Кристиан Шекуларац и Албијан Хајдари се едни од имињата кои би можеле да се најдат на некој од следните списоци на селекторот Благоја Милески.

Кристијано Роналдо ги прослави 800-от и 801-от гол во кариерата пред најсаканите навивачи

Кристијано Роналдо во голем стил го реши големото дерби Манчестер Јунајтед - Арсенал. Постигна два гола со кои стигна до уште еден висок врв во кариерата: јубилеен 800. погодок и набрзо после него и 801-от гол во неговата биографија на официјални натпревари.

Фасцинантен момент од дербито Пелистер - Вардар

Само 7 секунди од мак фудбалот се доволни за да ви го направат денот, не треба повеќе. Пелистер и Вардар требаше да играат на Тумбе кафе во рамките на Купот на Македонија, ама кога судијата го проба теренот дали има услови за игра, се случи врвот на годината во мак фудбалот.

Чудниот гол кој го прими Манчестер Јунајтед

Убаво дерби одиграа Манчестер Јунајтед и Арсенал со 5 гола и победа на домаќините од 3:2. Мечот го отворија гостите преку Емил Смит Роу во 13 минута по една глупава ситуација. Фред успеа да си го повреди голманот, па на ударот немаше кој да се фрли.

Молдавска комична фудбалска сцена

Верувале или не, Шериф Тираспол (41 бод) со сите тие силни Јужно-американци и Африканци во тимот кои го урнаа големиот Реал Мадрид, во домашното првенство е втор зад Петрокуб (42 бода) против кого играа денес. Ама Шериф има 3 меча помалку. А видеово во прилог е комична сцена од тој дуел.

Не е за смеење Салах, за плачење е, во право си

Човекот игра пар сезони во транс. Нема терен ни стадион каде не е најдобар. Буквално растура во Премиер лига (убедливо прв стрелец во моментов со 13 гола и 8 асистенции). И паметњаковичи новинари од цел свет го избрале пазете, на 7-мо место во трката за Златна топка.

Во Премиер лига пак имаше прекин поради срцев удар на навивач, Вотфорд и Челси реагираа присебно

Во месец и половина, втор случај со срцев напад кај навивач на трибините и по брза реакција на лекарските служби, сè се завршило добро.

Гвардиола во чудо по голот на Силва

Манчестер Сити го преброди тешкото гостување во Бирмингем кај Астон Вила и славеше победа 1-2 за важни три бода во трката за врвот. Шампионот одигра прекрасен фудбал и уште во првиот дел два пати го совлада домашниот голман. Чудесен беше вториот погодок, дело на Португалецот Бернардо Силва кој ќе конкурира за најубав гол на месец декември.

Две нови епски промашувања на празен гол

Ентони Нвакаеме не си сам. Во конкуренција за промашување на годинава ти се приклучија уште двајца. Каспер Долберг од Ница на мечот против ПСЖ и еден цреп од Канада. Неверојатни утки.

Винисиус си ги игра како сака

Пак ќе кажеме дека Европа е полна со јаки од генерацијата 2000-та. Винисиус игра веќе четврта сезона на Бернабе, каде одлично се кали. Сезонава му е најдобра на голгетерски план со 11 комада на 20 средби, ама и кога не дава голови е спектакл за гледање. Мечот со Атлетик го реши Бензема, а Бразилецот ги шина Баскијците.

Мајсторијата на Ибра на која голманот беше само гледач

Ново голчиште и нов ветерански рекорд на неуморниот Златан Ибрахимовиќ кој стигна до шести гол сезонава на девет настапи. Внимавајте добро на новиот рекорд кој вели вака: Има 31 постигнат гол во Серија А, откако наполнил 38 години, заедно со Силвио Пиола.