Фудбал

Како Калински и Панчев станаа коментаторско дуо?

Златко Калински и Дарко Панчев ги коментираа ЕП 2012 и СП 2014 и направија дар мар од коментатори во јавноста, па потоа ги бараа да се вратат во студио. Во подкастот Пресинг, легендарниот коментатор раскажува како се случила таа соработка со легендарниот напаѓач, за која уште се зборува. Панчев имал само еден услов.

Тумбе кафе спремен за Италијанците во ново руво

По пауза од три децении, македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе одигра меч во Битола и тоа против Италија во квалификациите за ЕП. Билетите се распродадени, што значи на култниот стадион кој од пред неколку години е преименуван во „Петар Милошевски“, ќе има рекордни 8.587 гледачи. Мечот стартува денеска во 18:15. Битолчани конечно добија стадион каков што заслужуваат.

Кога Романците се офарбаа сите жолти на Светско првенство

Откако забележа историска победа од 2-1 против силната Англија на Овен, Бекам, Ширер, Сол Кембел, Стив Мекманаман и другите, сјајните Романци предводени од Георге Хаџи, Попеску, Лакатуш, Адриан Илие и Мунтеану решија стие комплет да се бланшираат, да се офарбаат жолти. Така играа во следната фаза.

Волејот со кој Алиоски нокаутираше фудбалер на Лихтенштајн

Во 5-от натпревар од квалификациите за Светско првенство, Македонија славеше убедливо 5-0 против отпишаниот Лихтенштајн. Во еден момент Езѓан Алиоски распали силен волеј после корнер и го погоди ривалот Хофер директно во лице. Фудбалерот на Лихтенштајн набрзо излезе од игра на полувреме и не се врати на теренот.

Уметнички прием на топка

Селекцијата на Мароко, која на минатиот Мундијал стигна до сензационално полуфинале, е првата африканска земја која обезбеди пласман на СП 2026. Го совладаа Нигер со 5:0. Исмаел Саибари сака да ви покаже нешто. Ова се става и не се трга од најавни шпици.

Јамал го изгубил пасошот во Турција, па праќале приватен авион

Европскиот првак Шпанија веќе има две победи од два натпревари во квалификациите за Светско првенство 2026. Шпанците ја демолираа Турција со 0-6 на гости во градот Коња, а после мечот ѕвездата на Барселона Ламин Јамал го пропуштил летот со своите соиграчи зошто го изгубил пасошот. Па реагирале сојузот и амбасадата и му средиле приватен авионски лет.

Јакиќ во стилот на Фиго

Хрватска без проблеми ја доби Црна Гора со 4:0 и со натпревар помалку е прва во својата група со 12 бода, исто колку што има Чешка. Деби гол на Кристијан Јакиќ на својот 12-ти репрезентативен настап. Фудбалерот на Аузбург измеша двајца, па го изненади голманот. Фиго знаеше вака, а еднаш и Турам има дадено ваков гол.

Шпанија ја размонтира Турција 0-6, Ламин Јамал се поигруваше

Турција пар години под водство на Винченцо Монтела важи за млада, полетна репрезентација со ѕвезди како Арда Ѓулер, Актуркоглу, Чаланоглу, Јилдиз и други. Ама сега за противник во градот Коња го имаа европскиот првак Шпанија која беше немилосрдна. Шпанците ја растурија Турција со 0-6. Два гола даде Педри, три за хет-трик даде Микел Мерино и еден Феран Торес. Ламин Јамал брилјираше.

Кромидарник на денот

Тајланд го пречека Ирак на пријателска и тешко дека пак ќе го пречека. Гостите победија 0:1 и добија два црвени картони. Вториот намерен и идиотски.

Луд натпревар во Дебрецин, Израел - Италија 4:5

Џенаро Гатузо како селектор го има веројатно најефикасниот старт во историјата на Италија, со 10 гола на првите два меча во квалификациите за СП 2026. Ја совлада Естонија 5:0, а потоа Израел со 4:5. Гол за гол се играше на моменти, како во ракомет. Израел водеше 2:1, Италија го сврте мечот на 2:4, а потоа за 2 минути во 87` и 89` на семафорот стоеше 4:4. Точка на мечот Сандро Тонали во 91-ва минута.

„Где је лопта“ со Златан

Кога сме кај мундијалските квалификации, да потсетиме колку голем и моќен мајстор беше Ибра. Се работи за квалификации за СП 2006 меѓу Шведска и Унгарија. Погледнете колку малку му требаше да ја збуни цела одбрана. Голманот појма немаше каде е топката.

Соло мајсторијата на Елмас од друг агол

Македонија го совлада убедливо Лихтенштајн со 5:0 во 5. квалификациско коло за СП 2026. Елиф Елмас го постигна еден од најјаките голови во кариерата, ако не и најјак. Четворица му стоеа на патот и ги збриша сите до еден. УЕФА слепци, на голманот Бухел му го запишаа голот како автогол, бидејќи топката удри во него па влезе во гол.

Петарда на Градски, табелата за мерак

Македонија успешно оди по новиот историски поход, кој се вика Светско првенство во САД 2026. Рутинска победа против Лихтенштајн на еден месец пред многу важното гостување против Белгија.

Онана ли е, Буфон ли е?

Сега ви е појасно зошто Андре Онана е претворен во голманиште? Погледнете му го начинот на загревање. Како мачка се фрла.

Најпатетичната тепачка во историјата на фудбалот

Рој Кин, Патрик Виера и Ерик Кантона на апарати. Исто и Гатузо, Стам, Ибрахимовиќ...Многу лошо.

Чекај, како мислиш гол со глава од 18 метри?

Квалификации за Светско првенство 2026 се играат и во Африка. На дуелот меѓу Гвинеја Бисао и Сиера Леоне, гостинскиот капитен Кеј Камара кој има 41 година постигна велелепен гол со глава од дури 18 метри! Ова не се гледа секој ден. Домаќините потоа израмниле на 1-1 како што и завршил мечот.

Импресивните бројки на Меси за националниот тим

Лео Меси го одигра последниот натпревар за Аргентина во Аргентина. ФИФА излезе со статистика остварена досега за селекцијата со која се искачи на кровот на светот. Што повеќе од ова?

Даниел Леви го напушти Тотенхем и ги шокираше навивачите

Најдолговечниот претседател на еден клуб во Премиер лига, Даниел Леви од Тотенхем, шокантно решил да ги напушти Спарс.

Колумбија се пласирала на Светско во фудбал или во брејк-денс?

Колумбиската фудбалска репрезентација рутински со 3:0 ја совлада Боливија и обезбеди пласман на Светско првенство 2026. Во соблекувална после натпреварот играле како да се на брејк-денс турнир на Олимписки Игри.

САД има проблеми во најава за Светско 2026: од временски услови до цени за влезници

Американците полека стануваат свесни дека за неколку месеци ќе бидат домаќини, заедно со Мексико и Канада на најголемиот светски настан, Светско фудбалско првенство 2026.

Маса народ околу Роналдо во Ереван

Португалците ги отвораат квалификациите за Светско првенство 2026 на гости кај Ерменија. Во главниот град на оваа земја, во Ереван илјадници навивачи дошле да го видат Роналдо, да пробаат да се сликаат со него или да добијат автограм.

Бразил му даде 3 комада на Чиле, Анчелоти ги остри кариоките за Светско

Претпоследното коло од јужно-американските мина во знакот на фештата во Буенос Аирес каде на „Монументал“ Лионел Меси најверојатно го одигра последниот официјален домашен меч за Аргентина. Бразилците во сенка го совладаа Чиле 3-0 а Анчелоти почна да покажува дека спрема екипа која ќе го нападне пехарот на Светско 2026.

Необична фудбалска сцена во Танзанија

Сите фудбалери, стручен штаб, судии, па сè до сниматели, легнаа на земја за време на фудбалски натпревар во Танзанија кој беше прекинат во 77-ма минута. Збунувачки делува на прва, мислиш пука некој, а тие да се криеле од рој на пчели.

Словачка направи сензација против Германија, Стрелец му го зема умот на Рудигер

Селекцијата на Словачка одигра меч за паметење во првото колото од квалификациите за СП во А групата. Го срушија четирикратниот светски првак со 2:0. Резултатот го отвори дефанзивецот Давид Ханко кој летово потпиша за Атлетико Мадрид, а потоа мајсторски финиш имаше Давид Стрелец кој го измрда целосно Рудигер.