Фудбал

Ве чекам на корнер, што дремете?

Ретко е, ама знае понекогаш да се случи ова на фудбал, овој пат во Индонезија. За коментаторов изгледа прва ваква сцена во пренос, со оглед на тоа колку слатко се изнасмеа.

Страшно тешкиот подвиг на Сасуоло кој само четири пати се случил во Серија А

Статистичарите извадија податок дека вакво нешто последен пат успеала да направи Фиорентина пред 66 години. Што се случило на крај? Го освоила Скудетото.

Поединци повикуваат да не се игра баражот за Светско меѓу Русија и Полска

И покрај тоа што пред само два дена, во шпанска Марбеља која важи за идеално место за подготовки се сретнале селекторите на Русија и Полска, Валериј Карпин и Часлав Михневич и во срдечна атмосфера разговарале за претстојниот полуфинален бараж за пласман на Светско првенство, сè погласно се заговара одложување на овој меч поради затегноста на односите меѓу Русија и Украина.

Ги прашале најпознатите играчи од Премиер кој им бил идол во детството

Најчести одговори се Роналдињо и Зидан, по некој за Меси, Тоти, Бергкамп, а има и такви кои растеле со финтите на Давид Силва кој од скоро игра за Реал Сосиедад во Шпанија.

Мал фудбал на денот, два на два

Снимката е направена во Рим од балкон и штета што трае само 14 секунди. Во еден момент една место топката, ја рогна копачката, ама нејсе. Тука се забележува желба за фудбал, што е најважно. Браво за калуѓеркиве.

Го имаме најсмотаниот слободен удар на сезоната

Во бразилското првенство Катариненсе, на мечот меѓу екипите на Конкордија и Шапекоенсе домашните пробаа итро да изведат еден слободен удар кој го вежбале на тренинг. Се посрамотија пред цел стадион а видеото се прошири по цел свет.

Деби гол на Трајковски во Саудиска Арабија

Македонскиот репрезентативец удри сефте во новата фудбалска средина за Ал Феја. Со својот прв гол, Александар Трајковски им помогна на своите да се пласираат во полуфиналето од кралскиот Куп. Славеа против Ал Батин со 2:1, а тој го постигна првиот гол на мечот по една убава асистенција.

Хет трик за 30 минути по кој ти доаѓа да смениш професија

Македонскиот стратег Влатко Андоновски кој ја води женската фудбалска селекција на САД, беше сведок на најуникатниот хет-трик за кој сте чуле до сега. Ем брз, ем во исто полувреме, па уште и во погрешна мрежа. Неверојатно.

А носилки немаме ли во прва лига?

Шкендија - Борец, македонска прва лига. Еден од играчите повреден лежи на терен. Нит се истрчаа да го земат со носилки, нит со оние количкине. На раце го изнесоа, како да е ова меч од 1952-ра година. Па уште и на Арена ја даваат, за да пукне регионална брука.

Дуел од Премиер лига кој ќе беше подобро да не го фати камера

Нил Мопеј од Брајтон против Ерик Питерс од Барнли. На почеток ќе разбереме, борба за топка, ама на крај ја претера и ќе влезе во некоја неславна компилација на потези во фудбалот.

Шкорпион-гол во Австралија кој ги полуди коментаторите и навивачите

Вестерн Јунајтед со 3-2 го победи Вестер Сиднеј Вандерерс. Два гола за домаќинот даде Бен Гаручио а вториот, за водство од 3-1 беше неверојатен. Сигурен кандидад за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на сезоната.

Апсурд по блгарски, 2022 година дами и господа

На малото градско дерби меѓу Славија Софија и ЦСКА, во еден момент напаѓачот на армејците Каиседо и 45-годишниот голман на домаќините Георги Петков страшно се удрија во еден дуел. Голманот го извлече подебелиот крај а амбулантното возило кое дојде неколку минути не можеа да го отворат. Коментаторот со прикладен коментар за дешавката.

Мјау на колото

Вест Хем и Њукасл (1:1) си поделија по бод во меч во кој домаќини бркаа победа за уште појак напад на четвртото место кое води во Лига на шампиони, а Њукасл во борбата за опстанок во Премиер лига. Во таква борба шпицот на гостите постојано го зафркавал домашниот стопер кој беше на удар на цела јавност во Британија откако се појави видео на кое се гледа како рога и шутира домашна мачка.

Како Мане го распали Енфилд со еврогол со ножички

Ливерпул губеше 0-1 од Норич кој поведе преку Милот Рашица, но во три минути направи пресврт со головите на феноменалните Садио Мане и Мо Салах. На крајот печат стави новајлијата Луис Дијаз за конечни 3-1. Голот на Сенегалецот за израмнување го крена Енфид на нозе.

Елегантен гол на Суарез скоро од пола терен

Атлетико Мадрид после неколку очајни резултати, го изкали бесот врз Осасуна. Гостите од главниот град на Шпанија славеа 0-3 а вториот гол на мечот кој го даде Луис Суарез беше мајсторија во негов стил.

Убаво голче на Чурлинов за Шалке

Одличен настап на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој за жал мораше да излезе во 78-ма минута поради повреда. Четири минути претходно брз во контра, Даре ја запечати победата на Шалке од 2:0 против Падерборн.

Михајловиќ и Жунињо да мижат

Па кога ќе заврши ударот нека отворат очи.

Воспитна на денот, со ризик јак

Не успеавме да најдеме инфо за видеово, ама како и да е, ова изгледа доста храбро и не би поминало кај нас само со поглед, нели?

Како легендата на Баерн Ули Хенес пред 40 години единствен преживеал авионска хаварија

Легендарниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес е најзаслужниот што овој клуб стана најдоминантен во историјата на германскиот фудбал. На 17. февруари навршија 40 години од моментот кога преживеал страшна авионска несреќа.

Центар шут на бек на Партизан по кој Фиго и Бекам би го напуштиле стадионот

Кога Александар Миљковиќ ќе упати центар шут, во Србија се гаси една фудбалска школа, стои во еден од коментарите на навивачите на Партизан на социјалните мрежи после гостинската победа над Спарта Прага. Велат дека дечкото има страшен потенцијал за Супербол.

Пандев: Четири дена не спиев после заминувањето од Џенова

По неочекуваниот трансфер во јануари во Парма, Горан Пандев ги објасни причините за заминувањето од Џенова, каде веќе не се чувствувал како дома. На лето става дефинитивно крај на кариерата.

На прес-конференција си, не во диско

23-годишниот Бразилец Артур Кабрал дојде во Фиорентина како замена за Влаховиќ. Препорака за трансферот во Фиренца му беа повеќе од 50 голови за Базел во Швајцарија. Веќе забележа два меча за виолетовите, а на прес-конференција за малку со поглед ќе ја изедеше портпаролката на клубот.

Утките на Барса по кои немаше утеха за Торес

Елиф Елмас се истакна јако со дриблингот и асистенцијата до Зјелински, а Наполитанците треба да бидат пресреќни што си заминаа со 1:1 од Камп Ноу. Барса се изнапромаши и мечот го заврши со вкупно 21 удар наспроти 4 на гостите.