Крилниот напаѓач Валон Етеми прво го внесе Истанбулспор од втора во прва лига, а сега таму во најдобрата турска Суперлига игра фантастична сезона. Со два гола синоќа против Фенербахче на гости на преполниот стадион, во меч кој заврши 3:3 откако Фенер водеше 2:0, Етеми му донесе голем бод на својот тим против реномираниот ривал.