Фудбал

Ио соно Мачедоне

Наш човек на Сицилија, утрото после историска вечер. Влегува во фан шоп на фудбалскиот клуб Палермо и почнува да му го прави денот на еден Италијанец.

Што објавија светските медиуми за чудото на Македонија?

Да имаше фудбалска Рихтерова скала, потресот кој го направи Македонија среде Италија не ќе можеше да се измери. За таа сензација пишуваат сите големи медиуми.

Наполитанците објавија видео од славјето на Елмас и другарите

Елиф, Енис, Даре, Боби и Џани на излез од стадион. Славете јунаци.

Да ѕирнеме во соблекувалната на Македонија

Кој не полуди не е нормален, напиша СО ПРАВО админот на официјалната Фејсбук страна на Македонската фудбалска репрезентација.

„Ова е најтежок момент во целата моја кариера“

Човекот кој во играчка и тренерска кариера има освоено неброено трофеи, тренер кој ја освои најлудата титула во историјата на англиската Премиер лига со гол на Агуеро во последни секунди и човек кој освои неколку скудета со Интер. Македонија го остави без прави зборови.

Последните 2 минути и судискиот свиреж за делириум на Ренцо Барбера

Речиси 90 минути се браневме, што е разбирливо, бидејќи противникот се вика Италија, четирикратен светски и актуелен европски првак кој не смееше да си дозволи ваков кикс од гигантски размери. Пропушта два Мундијали во низа, а Манчини изјави дека целта е да го освојат. Судиското продолжение ни донесе неверна сцена во Палермо. Морници и тресење од возбуда. Уживајте.

Селекторот Милевски: „Ги победивме Италијанците на италијански начин“

Со маестрална, храбра, крвава борба, македонските фудбалери оддолеа 92 минути на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо и во последен момент му зададоа нокаут на европскиот првак. Еврогол на Трајковски кој го шокираше светскиот фудбал.

Нова епска сензација на Македонија, четирикратниот светски првак е на колена

Ако 31 март 2021 е веќе запишан во историјата на македонскиот фудбал кога капитулираше Германија, да го додадеме и 24 март 2022-ра на кој со златни букви запишуваме уште едно резултатско лудило. Италија - Македонија 0:1.

Како згрми македонската химна на Ренцо Барбера

Интонирањето на двете химни дадоа прекрасен вовед во спектаклот на Ренцо Барбера кој крца до крај. Македонската химна мина низ свирежи од навивачите, но секоја чест за италијанските новинари кои се обидоа да ги покријат со аплаузи.

Два гола во финишот кои ја однесоа Јапонија на Светско првенство

На меч меѓу Австралија и Јапонија во претпоследно коло од квалификациите беше 0-0 до самиот финиш. А тогаш во 84’ минута во игра влегува 24-годишниот Каора Митома од лидерот во белгиското првенство Ројал Унион и дава два гола, во 89’ и 90+4’ минута. Голови вредни пласман на Светско првенство 2022 во Катар.

Како Македонија играше досега против Италија

Во историјата имаме два натпревари против италијанската репрезентација. И двата беа вистинско уживање, со голови и многу отворен фудбал на двете страни.

Манчини: „Потребна е смиреност и трпение“

Италијанскиот селектор кој на оваа репрезентација ѝ го донесе европското злато минатото лето и со златни букви е испишан во фудбалската историја на Италија, вели дека неговите играчи вечерва на мечот со Македонија треба да бидат трпеливи.

Големо интервју на Пандев за Кориере: „Италија е фаворит, ама ние ја победивме Германија“

Напаѓачот на Парма и најдобар фудбалер во македонската историја вели дека овој натпревар со Италија е она што најмалку го посакувал, но и дека притисокот сега е на Италија.

Шпанскиот репрезентативец Белерин: „Немој да сме лицемерни, не гледав стори и објави за Палестина, Ирак, Јемен“

Скоро на прсти може да се набројат јавни личности од Европа чие поинакво мислење во врска со воениот конфликт меѓу Украина и Русија е јавно објавен во западните медиуми. Еден од тие кои отворено зборуваа за лицемерието е шпанскиот репрезентативец, фудбалер на Арсенал позајмен во Бетис.

Што може Македонија на гостувањето кај европскиот шампион Италија?

Со ровитиот Аријан Адеми кој веќе долго време влече повреда, без Елмас и Костадинов кои се суспендирани поради жолти картони и без повредениот Адис Јаховиќ, нашите момци ќе мора да стегнат заби и да се обидат да направат нов историски подвиг.

Eлмас во коментар го пецна Инсиње пред мечот со Италија

На неколку часа пред големиот мегдан Италија - Македонија, капитенот и легенда на Наполи Лоренцо Инсиње на Инстаграм објави фотографија од тренингот на Италијанците. Елмас во коментар му објави неколку македонски знаменца

„На плоштад ќе направам голема торта ако се пласираме на Светско“

Елиф Елмас, македонскиот дијамант поради суспензија од жолти картони нема да игра во баражот со Италија, но се надева дека неговите другари ќе му овозможат голем мегдан против победникот од дуелот Португалија - Турција.

Италија во баражите низ историјата: Од мразот во Москва со младиот Буфон, до бламот со Вентура

Четирикратниот светски шампион само два пати играл во бараж за пласман на Светски првенства, но искуството од тие две епизоди им е огромно. Знаат каква е горчината на поразот во најважните натпревари.

Каква Италија ја чека Македонија во баражот за Светско првенство 2022?

Европскиот шампион се лизна во квалификациите и од готово направи вересија. Долго време беа први на табела, имаа карта за Катар во рака, но кикснаа во финишот и Швајцарија им го зема првото место, а Аѕурите ги испрати во баражот.

Евроголот на Пелегрини на дербито од сите агли

Уште од времето на Франческо Тоти не се видел таков прекрасен гол од слободен удар на вечното римско дерби. Рома славеше 3:0 а третиот гол со кој точка на мечот стави капитенот Лоренцо Пелегрини беше право ремек дело.

Гол на Бенфика каков што не се дава ни на Сони Плејстејшн

Бенфика со 2-1 го совлада Есторил а тоа што за првиот гол на домашните го направи Рафа Силва многу лесно може да биде кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на сезоната.

Најсмешниот црвен картон во Холандија поради глума

На најголемото дерби во Холандија меѓу Ајакс и Феенорд имаше буквално сè. Прво мечот каснеше зошто домашни навивачи со бакљи запалиле свое знаме па се распали голем оган зад едниот гол. Откако го згаснаа огнот, дербито почна. Феенорд имаше два пати водство, Ајакс се враќаше и на крај славеше со 3:2 со гол на Бразилецот Ентони во 86’ минута.

Жозе Мурињо: „Не ги отпишувајте Турција и Македонија“

Рома во првиот дел од сезоната беше поразена од градскиот ривал Лацио 3:2, но во неделата се одмазди и славеше со убедливи 3:0. Жозе Мурињо беше „пун ко паун“, горделиво даваше изјави после мечот и ја спомна и Македонија.

Како дете бегалец од Гвинеја се прослави со дебитантски гол за Аталанта

Покрај големото градско дерби Рома - Лацио (3-0), во Серија А викендов голем хит стана и еден млад фудбалер на Аталанта роден во Гвинеја.