Фудбал

Топка со очи на Модриќ, танц на Бензема со голманот

Реал Мадрид го испрати последно пласираниот Леванте во втора лига со 6 комада. Три гола на Винисиус, три асистенции на Модриќ, шпалир за шампионот.

Гвардиола: А во 70-те и 80-те кој трошеше најмногу пари, Норич?

Манчестер Сити ја надмина границата од милијарда евра за трансфери откако на кормилото е Пеп Гвардиола, а последното засилување им е Халанд кој го купија за 60 милиони евра. Општата критика до шпанскиот стратег е што и на таа пара, уште не може да освои ЛШ. Тој на тоа одговара дека кога Ливерпул и Манчестер Јунајтед доминирале, тие трошеле најмногу пари, а не Норич или Лестер.

Спалети ќе ти ја вратиме Пандата, ама ако си одиш

Фудбалерите на Наполи сезонава имаа фантастичен старт во Серија А со 8 од 8 и без пораз во период од три месеци, се до 13. коло кога загубија од Интер. Но сето тоа падна во вода. Навивачите сакаат трофеи и го бркаат Спалети.

Пандев во дилема, дали да закачи копачки на клин или да игра уште

Најдобриот македонски фудбалер во историјата, уште дума дали за неколку недели и конечно да стави крај на прекрасната и богата кариера или да игра и на 40 години.

Нова магија со надворешна на Модриќ

Хрватскиот репрезентативец игра маестрална сезона и е еден од најзаслужните за новата шампионска титула на Реал Мадрид, како и за пласманот во големото финале на Лига на шампиони. На тренинг уште еднаш ги замрзна соиграчите со луд шут со надворешна. Слично како она за чудесната асистенција до Родриго во четвртфиналето на ЛШ со Челси.

Смешка на прва топка на мечот Лидс - Челси

Во еден момент од мечот Лидс - Челси (0-3) топката летнала кон трибините. Ја фатила една девојка која се обидела да ја задржи како што би се обидел секој нормален. Бекот на Челси Маркос Алонсо се смешка додека гледа, а во меѓувреме на домашните фудбалери им се брза и не им е до смешка зошто испаѓаат во втора лига.

Добар си Стерлинг?

Рахим Стерлинг синоќа го даде петтиот гол за Сити после четирите комада на Де Брујн, ама имаше и една голема утка после додавањето на Фил Фоден, ама дуел еден на еден со стативата. Таа се стресе, а тој мака немаше.

Келтска прослава на титула со сите нишани

Иако Ренџерс долг период од сезоната беше прв, во еден момент тимот предводен од грчкиот Австралиец Анге Постекоглу го стигна најголемиот ривал, го престигна и до крајот не ја испушти предноста. Селтик ја освои 52 шампионска титула во клупската историја и 10-та титула во последните 11 години. Лани Ренџерс стигна до пехарот со 25 бода повеќе од детелините.

Судија, торнадо дојде, свири прекин

Во финалето на аматерскиот Куп на Перу меѓу Семиљерос и Сан Андрес во еден момент необичен вртлог доаѓа на теренот и на кратко го прекинува мечот.

Кевин е играчиште, четири гола даде на гости

Манчестер Сити е сè поблиску до одбрана на титулата во Премиер лига. Моќта во 36. коло ја демонстрираа против Вулверхемптон на гости кој го декласираа со 1:5. На две кола до крај разликата пред Ливерпул останува на +3.  

Спектакуларно Куп финале во Рим со 6 гола, голчишта на Барела и Перишиќ

Јувентус и Интер приредија шоу на Олимпико во финалето на италијански Куп кое го доби Интер со 2:4 по продолженијата, 2:2 во регуларните 90.

Барса со Куман vs Барса со Чави

Споредбата е како да ви кажеме, мравка и слон, а поткрепа се резултатите. Кој знае што ќе беше ако Чави ги водеше од почеток на сезонава.

Функционер во албанска влада учествувал во грабежот на вилата на капитенот на Реал Мадрид Карим Бензема

Извесен Алфред Продани, доскорешен директор на Јавното претпријатие Водовод во областа Курбин во Албанија, бил дел од организирана криминална банда која ограбила најмалку десет елитни вили во Шпанија.

Македонското знаме на новиот патриотски дрес на Украина

Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андреј Павелко го презентираше дресот „Обединети за Украина“ на кој стојат знамињата на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Косово...

Официјално: УЕФА го смени системот на Лига на шампиони, ќе се игра нешто сосема поинакво

Се бореа против Суперлига а донесоа одлуки бетер од идеите за Суперлига. Од најбогатите за најбогатите, а се одзема место од послабо рангираните и поскромни клубови. Бизнисот во прв план.

Халанд од детство навивал за клубот во кој доаѓа на 22 години

Иако многу фудбалери на претставување во нов клуб куртоазно изјавуваат дека од мали нозе навивале за тој клуб и им било сон еден ден да заиграат за него, а често се подалеку од вистината, тоа не би можело да се каже за најголемата млада ѕвезда на европскиот фудбал.

Дембеле со еден потег прати двајца на костозглобна

Барселона е се поблиску до зацврстување на втората позиција во Ла Лига откако синоќа на три кола до крај ја победи Селта со 3:1. Стрелци Депај и два пати Обамејанг. Осман Дембеле имаше две асистенции и дриблинг против двајца кои го загубија компасот кога тргнаа да му ја земат.

Мегваер се поставува еден на еден како ветеран од 65 години

Манчестер Јунајтед сезонава има примено 56 гола, најмногу во топ 12 екипи на табела во Премиер лига и повеќе од 17-то пласираниот Барнли. Човеков кој го платија 80 милиони фунти има 200 кикса сезонава, а кај Фергусон би немал место ни на клупа. Погледнете го каков шаховски потег извади.

Рибери направи голем инцидент

Франк Рибери и Салернитана жестоко се борат за опстанок во италијанската Серија А. На мечот со Каљари водеа 1-0 со гол од пенал за да во буквално последните секунди примат гол и освојат само бод против директниот ривал за прволигашки статус.

Шкупи и покажа на Шкендија како се пречекува шампион

Новиот македонски првак Шкупи едвај спаси жива глава на гостувањето кај ланскиот првак Шкендија. Се јавија со реакција за низата инциденти кои се случија во Тетово и ги потсетија тетовци како тие беа пречекани во Чаир.

Видео кое покажува како Салах го игнорира Луис Диаз

Црвените беа на фантастичен пат да го урнат моќниот Манчестер Сити. Ја намалија големата бодовна разлика, ги притиснаа храбро, долго време им дишеа во врат но на крај се лизнаа со Тотенхем (1:1) и Пеп избега 3 бода на 3 кола до крајот. Уште ништо не е готово секако за Ливерпул кој ќе мора да победува и да чека кикс на Сити.

Академија Пандев направи кафанска прослава за душа за излезот во Европа

Во 2010-та почнаа како академија, во 2014-та направија сениорски тим, во 2017-та влегоа во прва лига, а од тогаш редат импресивни успеси: Освоија Куп на Македонија и втора година по ред ќе се борат во квалификации за меѓународна сцена. Живели момци, собиранкава ви е скроз заслужена.

Навивачите на Манчестер Јунајтед го избраа тимот на сезоната

Мојс, Гигс, Ван Гал, Мурињо, Солскјер, Карик, Рангник. Никој не успеа да го оправи Манчестер Јунајтед после заминувањето на Фергусон, а догодина прави 10 години без титула во Премиер лигата. Во моментов е шести со рекордни 56 примени голови, без ново учество во ЛШ и незагарантиран пласман во ЛЕ. Од толку што се јаки, а изгледаат јаки на карта, произлезе спрдња на сезоната.