Фудбал

Сите интриги и на кој што му треба за титула, еврокупови, опстанок ширум Европа

Се гледа крајот на уште една сезона во најдобриот европски фудбал. Во топ 5 лигите има уште некои отворени прашања.

Потопениот фудбалски стадион кој може да се спрема за ватерполо

Италијанскиот четвртолигаш Черињола треба да го пречека Бриндизи во Серија Д, италијанска четврта лига, ама им врне 126 милиметри дожд за 3 часа, најмногу што имале после 1952 година.

Сите голови на фантастичниот Бразил на Мундијал 1982

Сократес, Едер Алеишо, Лизињо, Сержињо Чулапа, Зико и многу други големи мајстори на фудбалската топка, на Светско првенство 1982 кое се играло во две групни фази, во првиот дел ги растура Советски Сојуз, Шкотска и Нов Зеланд. Ја победува и Аргентина но губи од Италија која подоцна стана светски шампион.

Ајде 12 минути да ја пењавиме топката, 1:1 ни одговара и на вас и на нас

И во една Германија се случуваат вакви работи, ама не е ова Бундеслига, туку последно коло од четврта лига. Тоа е. Сложни браќа куќа градат.

Како Бензема измеша тројца противници на Атлетико

Снимкава не е од викендов, туку од пред точно 5 години во полуфиналето од ЛШ. Градско мадриско дерби во кое игра и Роналдо, ама во случајов Карим е тој што го прави дриблинг шоуто. Ги збуни сите тројца.

Спаси гол на неверојатен начин и оспори закони на физика

Тенерифе успеа да ја победи Џирона 0-1 на гости а во последни секунди од мечот победата ја одбрани гостинскиот бек Жереми Мело со невозможна реакција на самата гол линија.

Си бележи територија до аут линија

За време на мечот меѓу Курико и Коло Коло (1:2) во лига на Чиле, едно залутано куче реши да се запише во листата на стрелци.

Чичарито да си го наместиш нишанот

Славниот мексикански напаѓач кој заигра во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, е далеку од стар. Има 33 години и трета сезона го носи дресот на Галакси. Ваква шанса срамота е бек да ја згреши.

Најчудниот автогол на колото кој не може да се повтори

Во второто коло од фудбалскиот турнир на Јужно-азиските Игри, Камбоџа У-23 која што од клупата ја предводи јапонскиот легендарен играч и тренер Кеисуке Хонда, победи 0-2 против Лаос У-23. Вториот гол беше комичен зошто не може да се изведе уште сто пати да се повтори.

Германска фудбалска култура пуштена на најјако

После тетовската лакрдија на дербито, нè удри културен шок. Ние сме сериозно многу светлосни години назад. Па ова е тешко да се процесуира од што е неверојатно.

Убав гест на Барса за освојувачот на Копа дел Реј

Атлетико Мадрид викендов играше градско дерби кое го доби со 1:0, но не го испочитува Реал Мадрид на шампионски начин со шпалир. Каталонците тоа го направија за играчите на Бетис како освојувачи на Купот, вкупно трети во нивната историја.

Шкендија - Шкупи, дива лига

Додека Италија ужива во градската битка за Скудетото, а во Англија за титулата се борат гигантите Сити и Ливерпул, ние тука ај што немаме можност нормален фудбал да гледаме, туку имаме и некои цивилизациски заостанувања и во 21 век бележиме гаѓање фудбалери со камења.

Манчестер декласиран од Брајтон со 4-0, Јунајтед ја игра најслабата сезона во Премиер лига

Манчестер Јунајтед продолжува да го руши угледот и да го ситни авторитетот кој некогаш го имаше како трофеен хегемон во англискиот фудбал. Тимот предводен од Ралф Рагник доживеа историски срам кај Брајтон на гости и ги изгуби шансите за пласман во Лига на шампиони.

Турска голманска лакрдија

Мечот меѓу Коџаелиспор и Алтинорду во турската втора лига заврши 2-2. Гостите имаа три бода во џеб со кои ќе избегаа уште повеќе од зоната за испаѓање, но домаќините на кои исто им гори под нозе се спасија во 86’ минута. Поточно на стрелецот на голот Димитрис Коловос многу му помогна гостинскиот голман Али Емре Јанар.

Рики и Адеми грмеа во ритам со ултрасите

Динамо Загреб го доби дербито на колото во Хрватска против Осијек и на две кола до крај има +4 пред второпласираниот Хајдук Сплит. Титулата им е на дофат.

Најчудното додавање на колото го има Тео Хернандез

Тео Хернандез е дефинитивно еден од најдобрите и најкорисни леви бекови на денешницава. Ај што е ефикасен и има 19 гола откако е дојден, туку е и пробивен, шутира добро слободни, а прави и штосови сред игра, како овој пас.

Журката на Трабзонспор за титулата е прослава број 1 на сезоната

Имаме ново видео од незаборавната прослава на Трабзонспор кои по 38 години се радуваат на шампионската титула во Турција. Велат дека во Истанбул на славјето биле меѓу 250.000 и 300.000 навивачи. Врвно.

То бе мајсторе, покажи му на светот како се игра сам пред гол

Селски босански фудбал со фантазија од завршница. Е ова е 9-ка со убиствен инстинкт за гол. Ја искина мрежата.

Даваш изјава пред Бернабеу и Реал ја врти

Едно од најсимпатичните видеа после лудачкиот кам бек на Реал Мадрид против Сити. Зошто си отидовте порано од стадион? Со ќерка ми сум и не сакав да биде тажна. Ама сигурен дека ќе ја свртат.

Лудилото во Франкфурт кои слават пласман во европско финале по пауза од 42 години

Навивачите на Ајнтрахт кои одат на гостувања во бројка, колку Кавадарци што има жители, конечно дочекаа нешто што го заслужуваат со оглед на чопоративната страствена верна поддршка по која се рекордери во Европа.

Мојс го загуби паметот, го рогаше детето што собира топки

Вест Хем се соочи со елиминација во полуфиналето од ЛЕ со вкупни 3:1 од Ајнтрахт Франкфурт, а најголемиот срам на мечот го изеде Дејвид Мојс, кој фрустрациите му ги истури на детето што собира топки. Судијата веднаш му го покажа патот кон соблекувалната, a Шкотланѓанецот се извини после мечот.

Навивачите на Рома и Лестер со заеднички респект за Клаудио Раниери

Се работи за римјанин и навивач на Рома, кој до два наврати им беше тренер. За поврзаноста пак со премиерлигашот и нивните навивачи зарем треба да потсетуваме? Во 138 години клупска историја дочекаа прва титула во Премиер лига под негово водство во 2016-та. Овациите од двете страни Раниери емотивно ги прими.

Мурињо експлодираше од емоции за финалето во Конференциската лига

Рома и Феенорд се први финалисти во новоформираното трето по ранг клупско европско натпреварување. Португалецот е во транс и во солзи и може да стане прв тренер со трофеј во ЛШ, ЛЕ и Конференциска лига.