Фудбал

Ако сакате да изненадите од слободен удар, не крадете идеи од Порто

И Португалците ја стартуваа сезоната. Бранителот на титулата Порто тргна со гостинска победа од 1:2 над Мореиренсе. Ама изгледа не се уште укомпонирани како што треба. 

За навиките на брат му на Мегваер

Тројца браќа се, Хари, Џо и Лоренс. За првиот денеска нема добри вести за навивачите на Јунајтед. Вест Хем се откажал од трансферот. Џо игра во најниските дивизии, а Лоренс во петтолигашот Честерфилд, исто така како дефанзивец. Ќе ве воодушеви со статистиката.

Уште приватен стриптиз бар фали во понудата на Арапите за Нејмар

Реномираниот Лекип објави детали од тоа што Ал Хилал го спремил како договор за бразилската ѕвезда. Е ја претераа.

Да видиме како работи Брајтон - најголемиот еснаф во Европа

Она што англискиот премиерлигаш Брајтон го прави во последните неколку сезони е за изучување на економски факултети и академии. Во последно време подобро заработуваат дури и од Бенфика и Порто.

Необичен гест на арапски новинар на средба со Фабињо

Поранешниот член на Ливерпул кој го засили Ал Итихад заедно со Бензема и Канте, за добар перформанс место барање за интервју, од новинар доби подарок часовник. Се испобуни во моментот и му падна.

Фудбалот дефинитивно отиде јабана

Кога после астрономските трансфери на Нејмар, Мбапе, Енцо Фернандез, Кутињо и Феликс фудбалскиот свет мислеше дека е стигнато до плафон и дека балонот ќе издишува, Челси плаќа 133 милиони евра со бонуси (!?) за младиот Еквадорец од Брајтон, Моизес Каиседо. Сто триесет и три милиони евра!

Ова ако не е пенал од Онана, ВАР може да го спакуваат

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед едвај го совладаа Вулверхемптон со 1-0 со гол во 76' минута на стоперот Рафаел Варан. Гостите имаа многу шанси но новиот голман на Јунајтед Андре Онана во неколку наврати одлично бранеше. Освен во судиското продолжение кога направи пенал над високиот Саша Калајџиќ, но судијата Сајмон Хупер откако гледаше ВАР снимка, реши дека нема пенал.

Депај испука страшен проектил од 30 метри

Со головите на Мората, Депај и Љоренте, Атлетико Мадрид убедливо ја стартуваше новата сезона против Гранада која ја совлада со 3:1. Даваме посебен акцент на бомбата на холандскиот напаѓач кој ги засили тимот на Симеоне на почетокот на оваа година.

50 години потоа: Како се случил трансферот на Јохан Кројф во Барселона?

Не било лесно и не се случило преку ноќ. Приказната за тоа како легендарниот Холанѓанец заминал во Каталонија, кулминирала на 13 август 1973-та. Но таа започнала многу време пред тоа со еден куп сопки.

Лаутаро Мартинез искусно одглуми пенал

На пријателска, како апсолутни фаворити против албанскиот клуб Егнатиа. Плус светски првак стана неодамна. На крај Интер победи 4:2.

Каде е и што прави летово селекторот Милевски?

Не се воопшто добри вестите во последно време поврзани со македонската фудбалска репрезентација. Пред два месеци загубивме дома од Украина по водство од 2:0, потоа следуваше највисокиот пораз во историјата, 7:0 од Англија, а на неполн месец пред дуелот со Италија, капитенот крена рачна.

Зошто е добро да го имаш столбот Ким во одбрана?

Наполи на Фенербахче му плати 18 милиони евра и целосно ја пополни дупката со продажбата на Кулибали. Никој не можеше да го замени цела сезона и беше најважната дефанзивна алка на Наполитанците во шампионската година. Баерн извади 58 милиони. Погледнете како упорниот Кореец спаси чист гол во финалето од Супер Купот против Лајпциг.

Дебитантски гол за Ајакс каков што немале ни Ван Бастен ни Бергкамп

Дваесет и четири годишниот хрватски стопер Јаков Медиќ буквално до пред неколку дена не бил познат ниту во хрватската јавност. Од германскиот второлигаш Сент Паули за три милиони евра прејде во Ајакс пред неколку дена и на дебито за славниот тим постигна чудесен гол.

Како тоа јас дадов два гола, а не сум МВП?

Пусти Кристијано сака сите голови и награди да бидат негови. Постигна два во финалето на Африканскиот Куп на шампиони против Ал Хилал и со тоа го освои првиот трофеј откако е дојден во Ал Наср, а на крајот бараше објаснување зошто не е прогласен за најдобар на мечот. Признанието отиде во рацете на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Стефан Ристовски се повлече од репрезентација: „Не стојам добро со селекторот“

Најискусниот репрезентативец и капитен на Македонија, десниот бек и стопер Стефан Ристовски кој веќе неколку сезони игра во Динамо Загреб, неочекувано најави дека се повлекува од репрезентацијата.

Миовски ги запали моторите, погоди против шампионот Селтик

Бојан Миовски се врати на старите навики во шкотскиот фудбалски шампионат и даде гол за Абердин уште во второто коло од новата сезона. Мета му беше големиот Селтик против кој го израмни резултат во 25-та минута. Актуешниот првак на Шкотска сепак на крајот славеше со 1:3.

Алиоски слави победа на стартот на сезоната, блескаво деби на Фирмино со хет-трик

Екипата на Ал Ахли ја отвори успешно новата сезона во првенството во Саудиска Арабија и во полн состав го совлада Ал Хазем со 3:1.

Херојска партија на Роналдо, му донесе трофеј на Ал Наср во продолженијата

За Меси и Роналдо годините дефинитивно се само бројка. Едниот врза голгетерска серија на првите 5 меча во САД, а другиот стигна до првиот трофеј во Саудиска Арабија и тоа со два негови погодоци.

Американците не можат да го сопрат Меси, растур систем на пет меча по ред

Најновата жртва на Интер Мајами и Лео Меси е Шарлот кој го декласираа со 4:0. Нема натпревар кој поминува без гол на светскиот првак.

Голман од Луксембург во Скопје како паднат од Марс

Меѓународната фудбалска сцена со нашите претставници се сведе на Струга Трим Љум кој синоќа на теренот на ФФМ, во третото квалификациско коло од Конференциската лига играше против Свифт Есперанж од Луксембург, клуб кој игра на стадион со 3.058 седишта од седмата најмала држава во Европа. Каква е оваа голманска проценка во дуелот со Бесарт Ибраими кој ги реши со хет-трик?

Мангупска одјава на Кеси од Камп Ноу

Не постои играч кој не би посакал да ја осети радоста на постигнување гол на дерби како Ел Класико. На Франк Кеси тоа му успеа годинава на 19 март и тоа во 92-ра минута при резултат 1:1. Си замина од Барса со гол за победа над Реал, титула во Ла Лига и Супер Куп на Шпанија. Се поздрави со навивачите преку Инстаграм, токму со тој посебен момент.

Кога игра Хајдук, во Сплит е празник

Хајдук синоќа го пречека ПАОК во квалификациски меч од Конференциска лига, трето по ранг натпреварување во Европа. Некој да види што приредија навивачите, а да не знае за што играле, ќе мисли ова е финале во Лига на шампиони.