Фудбал

Снимка од неверојатниот говор на Меси пред финале на Копа Америка

Некои соиграчи на Лео од репрезентација тврдат дека никогаш не го виделе толку посветен пред некој натпревар. Меси со Аргентина претходно освои Олимписко злато но ништо не можело да ја опише неговата желба да крене некој голем трофеј како капитен на „гаучосите“. И така во 2021-ва стигнаа до големо финале на Копа Америка и тоа против страшниот Бразил среде Бразил.

Најлудата прослава на гол видена во Лига на шампиони

Лајпциг по попари Шахтјор со 0:4 и му врати за поразот дома од 1:4. Што ли му беше поентата на стрелецот на првиот гол Кристофер Нкунку? Даде гол, извади балон од некаде и го надува. Немало до сега вакво нешто во ЛШ.

Подвигот на Мбапе кој ја шашардиса одбраната на Јуве

ПСЖ го совлада Јувентус и по втор пат во групата Х и го остави на ужасен скор од еден триумф и пет порази. На Килијан Мбапе му треба само малку за да ја понижи цела одбрана на Старата дама. Федерико Гати со број 15 беше очаен и не успеа ниту со раце да го задржи.

Жиру го носи Милан во 1/8 финале, вечер на гол-гол во Лига на шампиони

На шест од вкупно осум дуели во Лига на шампиони вечерва и домашните и гостите дадоа по најмалку гол. Ефикасна вечер. Милан убедливо со 4-0 го совлада РБ Салцбург и оди во нокаут фаза. Ристовски и Адеми солидни на „Стемфорд Бриџ“ против Челси.

Првата жена судијка во Лига на шампиони досуди 3 пенали за половина час

Реал Мадрид уверливо со 5:1 го растури шкотски Селтик и како лидер во групата оди во следна фаза на Лига на шампиони. Интересно, на овој меч во Мадрид имаше дури три досудени пенали за половина час.

Рудигер е најјак комичар на тренинг во Реал

Стоперот кој игра за Германија а има африкански корени, фантастично добро се вклопи во Реал Мадрид по настапите во Рома, Штутгарт, Челси. Антонио Рудигер е одлично прифатен уште од прв ден меѓу „кралевите“ а после некое време станал и главен забавувач на тренинзите.

Откачена атмосфера во соблекувална со Хари и другарите

По Челси, Манчестер Сити и Ливерпул, на премиерлигашите во нокаут фазата од ЛШ им се придружија и фудбалерите на Тотенхем. И тоа на тежок и драматичен начин, со пресврт на Велодром, каде на полувреме имаа резултат за елиминација.

20 епизоди сезонава во кои Лео покажа дека и на 35 години е број 1

Аргентинскиот ас игра сјајна сезона во ПСЖ и е најзаслужен што Парижаните се единствени во Топ5 лигите што уште не се поразени на ниеден фронт од почеток на сезоната. Вечерва гостуваат кај ослабениот Јувентус да го потврдат првото место во групата. 

ФИФА го пушти првото официјално видео за СП Катар 2022

Дечки ситно броиме готово. Дојде и тоа чудо. Светско во Катар. Стартува за 18 дена со домаќинот кој отвора против Еквадор на 20 ноември во 19:00. Веќе следниот ден ладете пиво за три утакмици. Бранител на титулата Франција. Италија ќе го гледа од дома поради Александар Трајковски. Одиме со интро.

Конте излуде од среќа горе на трибините

На култниот „Велодром“ во Марсеј, Тотенхем после неверојатен пресврт со гол во 90+5’ минута го совлада Олимпик и како прв во групата се пласираше во осминафинале. На домаќините бод им требаше за да продолжат во Лига Европа ама на крај го изгубија и него. Антонио вриштеше на трибини каде беше поради црвениот картон од претходно коло.

Кога ја гледаш на стадион и тврдиш дека ти ја титнала на Резултати дека е гол, а корнерот уште неизведен

Доста јак муабет е ова и секако на место, ама ако имаш здрвено повеќе пива пред натпревар. Но ајде да го видиме крајот.

Дарвин Нуњез му влезе на Елмас како во ринг и доби заслужено картон

Ливерпул го совлада Наполи со 2:0 и му го нанесе првиот пораз сезонава. Елиф Елмас стандардно доби шанса во вториот дел и доби малку ќотек од стрелецот на вториот гол.

Чупо Мотинг ја заби поштено каде ни Толдо не ја фаќа

Баерн Минхен ги доби сите шест дуели во групната фаза од ЛШ и стана прва екипа која успеала тоа да го направи во три наврати. Немаше синоќа евроголови, ама затоа го имаше Ерик Максим Чупо Мотинг, човек кој знае јако да изненади од сенка. Баерн - Интер 2:0.

Колашинац упропасти шанса вредна осминафинале, Тудор не можеше да верува

Тотенхем го победи Марсеј на гости со гол во 95-та минута, а при резултат 1:1 во 87-ма минута Сеад Колашинац имаше чиста шанса за победа која му требаше на францускиот тим за пласман во нокаут фаза. Босанецот го промаши цел гол без никој да му смета.

Ајнтрахт и Тотенхем со херојски пресврти на гости обезбедија осминафинале во ЛШ

Групата Д доби разврска како што доликува во Лига на шампиони. Марсеј и Спортинг на полувреме имаа по 1:0, резултат кои ги носеше во нокаут фаза, но и двете средби на крај завршија 1:2. Тоа значи дека Англија и Германија добиваат уште по еден претставник во осминафинале. Тотенхем стрелаше на Велодром во 95-та минута, а со тоа го исфрли Марсеј и од ЛЕ и го прати Спортинг.

Чекај, како мислиш 2-2 во 90-та минута, 4-4 крај?

Навикнати сме на бескрајно луди дуели во англиското фудбалско подземје, ама она што го прикажаа Чарлтон и Ипсвич уште долго ќе се зборува. Некој да ја прател на телетекст како на времето, ќе мислел дека нешто не ко што треба.

На кој што му треба во последното коло од Лига на шампиони?

Како никогаш до сега, во два неполни месеци “летна“ групната фаза од ЛШ, која обично завршува во декември. Вечерва ќе гледаме два дерби дуели без резултатско значење, ама затоа во Д групата гори. Сите четири екипи се во игра за топ 16.

За добар судија, нема лош терен

Братот ладнокрвно се држи до своите судиски начела: правда, фер и коректност. Во кое било време, на кое било место.

Нов мајтап на Клоп во очи на ЛШ

Ливерпул е сигурен осминафиналист во Лига на шампиони, ама во Премиер лига не му оди. Во пресрет на мечот со Наполи доби прашање дали се буди навечер и мисли на головите кои ги прима Ливерпул. Клоп не е Клоп, ако не одговори во свој стил.

Видео од времето кога Гери Невил му помага на Роналдо во интервју

Откако се појави видео на кое се гледа како Кристијано Роналдо го изигнорира Џејми Карагер пред неколку недели, сега се појави ново на кое Португалецот „го лади“ и некогашниот соиграч Гери Невил со кого делеа добро и лошо на времето во Јунајтед. Гери е стручен коментатор и понекогаш оправдано го критикува Роналдо.

Жолтиот на Сергеј поприми сериозни размери

Лацио играше во сјајна серија, добар отворен фудбал, со многу шанси и голови. Ама во неделата налетаа на мина. Иако водеа 1-0 на полувреме, до крајот аутсајдерот Салернитана им даде три гола и победи неочекувано убедливо. А момент на средбата беа двојните аршини на главниот судија Џанлука Манганело.

Араухо случајно премина преку нога на една девојка

Уругвајскиот стопер од Барселона кој за дваесетина дена ќе игра на Светско првенство, направи беља откако на излез од паркингот во тренинг центарот на клубот, со колата преминал преку нога на една девојка која била во гужвата да земе автограм. Веднаш ја однеле внатре во просториите на клубот каде ѝ била пружена медицинска помош.

Бали Мумба го слуша гласот на трибините кога да шутне

Во англиската Лига 1, трета лига во хиерархијата, Плимут Аргајл со 4-2 го совлада Ексетер Сити. Вториот гол за домашните беше дело на Бали Мумба во 58’ минута.  Откако му легна добро и му се отвори позиција за шут, пола стадион му викаше да шутне. И шутна.