Фудбал

Емотивно збогум на Пике пред преполн Камп Ноу: Тука се родив, тука ќе умрам

После 615 средби, 52 гола и вкупно 30 трофеи со Барселона плус три со Манчестер Јунајтед, како и титула светски и европски првак со Шпанија, Жерар Пике скроз заслужено и со мирна совест ќе го посети пензискиот фонд на 35 години.

Дами и господа, кандидатот за гол на сезоната во Премиер

Лестер рутинирано со 0-2 го доби Евертон на гости и ги однесе трите бода од „Гудисон Парк“. Она што го направи Белгиецот Јури Тилеманс ќе се прикажува цела година.

Неверојатен гол на Лукас Подолски, соиграчите се држеа за глава

Освојувач на Светско првенство 2014 со Германија, шампион со Баерн Минхен, расен стрелец кој има еден куп трофеи и стотици голови во кариерата. Но вечерва за неговиот клуб Гурник Забже на гости кај Погон во триумфот 1:4, 37-годишниот Подолски го постигна можеби најубавиот во кариерата.

Елмас со убав гол му донесе победа на Наполи во Бергамо

Фудбалерите на Наполи играат совршен фудбал и во 13. коло од Серија А ја совладаа силната Аталанта во Бергамо. Стрелец на победничкиот гол беше Елиф Елмас кој го прослави голот така што ги замолкна критичарите.

Гол број 10 на Миовски со новата прослава на Роналдо

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по кој знае кој пат сезонава покажа дека му лежи Шкотска како средина. Со нови два гола изби на втората позиција на листата на стрелци.

Двајца другари фатиле да го закачаат Јап Стам

Потоа Стам решил дека нема да поминат понатаму од половина терен.

Како Модриќ кажа каде ќе шутира негов колега од репрезентација

Реал Мадрид со 5-1 лесно го растури Селтик во последното коло од Лига на шампиони. Овој меч ќе се памети по тоа што го судеше жена-судијка, Французинката Стефани Фрапар која во првите 30 минути досуди три пенали. Два за Реал, еден за Селтик. Гостинскиот фудбалер, хрватскиот репрезентативец Јосип Јурановиќ промаши, односо Тибо Куртоа му одбрани по сугестија од Модриќ.

Немало евроголови во Конференциска лига? Прашајте ја Фиорентина

И покрај тоа што веќе беа квалификувани за следната фаза, фудбалерите на Фиорентија го суредија Хартс на гости 0:3 уште во прво. Рикардо Сапонара ептен си го направи ќеифот. Не се брани ова.

Лудата група Ф во Лига Европа: Сите завршија со по 8 бода, две одат понатаму

Сите четири тима од групата Ф во Лига Европа конкурираа за пласман во нокаут фазата. Пред последното коло Лацио и Штурм беа лидери со по 8 бода а Феенорд и дански Мидтјиланд имаа по 5 бода но на крај ги стигнаа со победи.

Браво бе дете, една е мајка

Фенербахче максимално, без пораз со 4 победи и 2 ремија ја пројде групата Б во Лига Европа. Во последното коло турскиот тим со 0-2 го победи Динамо Киев, а стрелец на првиот гол беше младиот бисер, 17-годишниот Арда Ѓулер кој под дресот носел маичка со натпис „Мила мамо, многу те сакам“

Дете на Манчестер го праша својот идол Роналдо дали може да му ја искористи прославата за гол

Манчестер Јунајтед го совлада Реал Сосиедад на гости, со деби гол на клинец кој е 19 години помлад од тој што му асистираше, а тоа е Кристијано Роналдо.

Најјакиот гол во кариерата на Пике

Како стопер на Барса, Пике има постигнато 52 гола, ама има еден посебен кога во стилот на Меси му крши кичма на Кордоба, а го легнува и Цезар. Се работи за полуфинале во ЛШ против Интер, сезоната 2009/2010.

Емотивното видео со кое Пике се простува од Барселона и фудбалот

Во сред сезона, сосема неочекувано, Жерар Пике соопштува дека викендов против Алмерија ќе го игра последниот меч на Камп Ноу и воопшто во кариерата. Се работи за продукт на Ла Масија, кој ќе влезе во книгата на легендите на Барселона со која освои сè што можеше, а стана и светски и европски првак со Шпанија. Се повлекува на 35 години, критикуван за игрите во последно време, но горд, со исполнет сон уште од дете, а тоа е Барса.

Го видовте ли приемот на тренерот на Келн?

Фудбалерите на Келн одиграа 2:2 против Ница, а требаше да ја победат за да одат понатаму во Конференциската лига. Нервозниот Штефен Баумгарт им покажа на играчите како се прима и шутира.

Пандев го објаснува херојскиот гол со кој го исфрли Баерн од нокаут фаза во ЛШ

Во недела во која Интер игра со Баерн во ЛШ, за интервју се бара Горан Пандев кој со неодбранлив удар ја замолчи Алијанц арената.

Приказната со чуден развој меѓу тренерот и просечниот клуб од кого направи голем шампион

Може да се спори: да, Атлетико Мадрид игра деструктивен, тежок, напорен фудбал, Атлетико игра монотоно и досадно, има слаба сезона, но едно е сигурно: До Симеоне Атлетико во XXI век беше просечен клуб во Шпанија со по некој блед излет во еврокупови. Со него станаа стабилен ТОП3 клуб од Ла Лига кој е многу успешен во еврокуповите.

Ибра му се сипа на познат италијански новинар

Милан со 4-0 го растури РБ Салцбург и за првпат после долги години се пласираше во 1/8 финале на Лига на шампиони, турнирот кој росонерите го освоија 7 пати во историјата. Тоа ќе биде добра прилика и за Златан Ибрахимовиќ во 2023-та да проба да им помогне на соиграчите. 

Мундијалски кам бек на Златко Калински во ново руво

Поетот од коментаторското столче кој 42 години царуваше во спортскиот етер и во стил на шаховски мајстор ја водеше публиката во преку 2.100 преноси во разни спортови, реши да ни го направи Светското уште поинтересно.

Како Бенфика му го лапна првото место на ПСЖ и што значи тоа за ждрепката?

Додека Милан - Салцбург и Шахтјор - Лајпциг водеа битки за осминафинале, во навидум решената група Х, сепак не беше сè решено. Ѕвездите на ПСЖ со 14 бодови и без пораз, во 92-ра минута паднаа втори на табела.

Се поместуваат ли возрасните граници: 16-годишни деца играа и даваа голови во Лига на шампиони

Во Лига на шампиони неделава се играше одличен фудбал со убави голови. Во отсуство на Ерлинг Халанд голови за победа на Сити дадоа Алварез, Марез но и едно ново дете на Пеп Гвардиола кое се прослави на вториот меч во Лига на шампиони. И за Баерн и Копенхаген играа млади деца.

Снимка од неверојатниот говор на Меси пред финале на Копа Америка

Некои соиграчи на Лео од репрезентација тврдат дека никогаш не го виделе толку посветен пред некој натпревар. Меси со Аргентина претходно освои Олимписко злато но ништо не можело да ја опише неговата желба да крене некој голем трофеј како капитен на „гаучосите“. И така во 2021-ва стигнаа до големо финале на Копа Америка и тоа против страшниот Бразил среде Бразил.

Најлудата прослава на гол видена во Лига на шампиони

Лајпциг по попари Шахтјор со 0:4 и му врати за поразот дома од 1:4. Што ли му беше поентата на стрелецот на првиот гол Кристофер Нкунку? Даде гол, извади балон од некаде и го надува. Немало до сега вакво нешто во ЛШ.