Фудбал

Кансело го рецна Роналдо на тренинг

Селекцијата на Португалија ќе треба на терен да докаже против Гана, Уругвај и Јужна Кореја, дали е нарушена атмосферата во националниот тим со интервјуто на Роналдо. По видеото со Бруно Фернандеш, ова со Жоао Кансело како уште повеќе да го сугерира тоа.

Тен Хаг го кажа своето за Кристијано Роналдо

Кога играч ќе ти каже дека не те почитува, а ти си тренер задолжен за добра атмосфера во тимот и резултати, тогаш нема зошто повеќе да го играш, па макар бил и Свети Роналдо.

Капитенот на Франција одби на Светско да носи лента во боите на виножито

Легендарниот голман Иго Лори (35) кој ќе брани на рекордно четврто Светско првенство за „триколорите“ (2010, 2014, 2018, 2022), отворено изјавил дека нема намера да носи капитенска лента во боите на виножитото како некаква поддршка на нарушените ЛГБТ права во Катар.

Грми новата реклама на адидас за Светско првенство

Договор со светски прославениот германски бренд имаат ѕвезди како Лионел Меси, Карим Бензема, Сон од Тотенхем, Серж Гнабри, Џуд Белингем, малиот Педри од Барселона, Рудигер и многу други. Во пресрет на Светското кое почнува на 20-ти ноември адидас развали со нив во нова реклама.

На Нејмар му фрлија топка со дрон од 35 метри за да ја прими

Уште не почнато Светското, а Бразилците веќе почнаа со шоу. Да, големата ѕвезда на ПСЖ и селекцијата на петкратниот светски првак ја прими од 35 метри, а колегите збеснаа. Бразил во Катар првата ја игра против Србија на 24 ноември.

Роналдо за Руни и Гери Невил, отворено во емисија

Кристијано Роналдо сезонава повеќе се тегне со управата и менаџерот на Манчестер Јунајтед отколку што игра фудбал. Направи неколку екцеси, скандалозно се однесува и прашање на време е кога ќе си оди од „Олд Трафорд“. Во големото интервју кај Пирс Морган распали по сите, од Тен Хаг до Глејзери, а го поткачи и Гери Невил кој долго го критикуваше сезонава.

Не баш топол поздрав на Бруно Фернандеш со Роналдо

На островот „гори“ после интервјуто на Роналдо кој се отвори против Манчестер Јунајтед, тренерот, управата...На неговиот клупски и репрезентативен колега очигледно не му е по ќеиф и ова видео на нивниот собир за Светско како да покажува дека не му ја дава поддршката. Бруно со кисела фаца, Кристијано збунет.

Транспарентот на сезоната во мак фудбалот го држат Камерунци

Анаел Нгоба игра за Тиквеш, а Марселин Кандо во Работнички. 

Кај го најдовте бе детево?

Успеа да му помогне на повредениот, колку што Италија успеа да се квалификува на Светско.

Роналдо се соочува со мега парична казна поради интервјуто во кое удри против Манчестер Јунајтед

Иако тоа требаше да биде кам бек кој ќе се памети и раскажува по убаво, сепак на Кристијано Роналдо му се ближи неславен крај на Олд Трафорд. „Во Манчестер Јунајтед како да застанало времето“, вели Португалецот.

Што е со простачкиов тренд на Мбапе и Радоњиќ?

ПСЖ со 5-0 го згроми Оксер и ја одржа предноста од +5 бода зад второпласираниот Ленс кој игра неверојатна полусезона и има 11 победи од кои 5 по ред.

И Австралија да ти се прохулиганила

Во австралиската А-Лига веќе неколку години „големо дерби“ е мечот Сиднеј - Вестерн Сиднеј Вандеререс. Во последно време и тамошните навивачи почнаа да ги следат „трендовите“ од Европа, со по некои примеси од Балкан, па таа на дербито одиграно викендов, имало по некоја ситна трзавица.

Не е точно видеово, Видал никогаш не бил пијан

На 19 октомври Артуро Видал со Фламенго го освои Купот на Бразил, а 10 дена подоцна и Копа Либертадорес, најјакото натпреварување во Јужна Америка. И вие мислите дека ќе го отрезните?

Така ти е кога не си играл криенка како мал

На мечот Стивинеџ - Хартлпул во англиската четврта лига, домашниот фудбалер Дени Роуз во 79’ минута реши да проба да игра жмурка со гостинскиот голман Бен Килип кој испадна наивен и прими евтин гол.

Необичен волеј во Бразил кој тешко може да се објасни

Фернандо Собрал од Сеара на мечот против Хувентуде направи потег кој некако не можеме да го сконтаме. Положбата на телото му е чудна, а движењето нетипично за шут. Фали да го покажат уште од некој агол, за да сфатиме што направи човеков и како вака ја опна во гол.

Фер плејот на годината 2022 доаѓа од Романија

Триесет и едно годишниот Козмин Матеи од романскиот клуб Сепси со сигурност би требало да ја добие наградата ФИФА Фер плеј на годината. Тој на мечот со Петролул при резултат 1-0 за неговиот тим, остана сам пред небранета мрежа зошто противничкиот голман остана да лежи поради повреда, но се реши за витешки потег вреден голема почит.

Каква вечер за македонските репрезентативци, нов гол за Миовски

Откако Елиф Елмас и Илија Несторовски со голови и асистенции го збогатија мечот Наполи - Удинезе (3:2), вечерва им се придружи и Бојан Миовски со нов гол за Абердин. Центарфорот стрелаше од пенал во 37' минута за нови три бода со кои неговиот тим е трет зад неприкосновените Селтик и Ренџерс.

Деби гол на Несторовски сезонава, кој им внесе немир на Наполитанците во финишот

Мечот Наполи - Удинезе од 15. коло во Серија А, мина со македонски шмек. Елмас ги одигра сите 90 минути и блесна со мајсторски и гол и асистенција. Но и покрај водството од 3:0, Наполитанците не беа комотни до крај бидејќи џокерот Илија Несторовски и 20 годишниот Лазар Самарџиќ, за 3 минути дадоа два гола во 79-та и 82-ра минута за конечни 3:2.  Ова е прв гол за Нестор сезонава во Серија А.

Блескав настап на Елмас со мајсторски гол од убиствена контра и асистенција

Македонскиот дијамант му покажа на Лучано Спалети зошто не е играч за на клупа. Го замени повредениот Кварацхелија и експлодираше. Наполи игра страшно и за прв пат во историјата врзува 11 победи во низа.

А децата кои се радуваа што татко им не е повикан за Катар?

Во денови на еуфорија кога се читаат списоци на кои се најдоа играчи кои за прв пат ќе почуствуваат настап на Светско првенство, сопругата на Лукас Дињ ја пренесува нивната домашна атмосфера. И таму има среќни лица, ама тоа е затоа што тато ќе остане дома. Дидие Дешамп не го стави левиот бек на Астон Вила на списокот за Франција.

Спектакуларен пречек во Лион за „Златната топка“, Карим Бензема

Со голот на Лаказет од пенал во 89-та минута, Лион се спаси против Ница од пораз и одигра 1:1. По натпреварот следуваше шоу со Бензема кој пред навивачите се појави со „Златната топка“. Ѕвездата на Реал Мадрид е миленик во Лион каде се калеше во школата, а потоа играше пет сезони во кои даде 66 гола.

Гол на Барди за Трабзонспор кој влета во шеснаесет како центарфор

Трабзонспор одигра 1:1 на гостувањето против Анкарагучи во последното коло пред Мундијалот, а единствениот погодок за гостите го постигна Барди кој реагираше одлично пред гол, како да игра 9-ка. Четврти погодок за македонскиот репрезентативец сезонава во дресот на турскиот прволигаш.