Фудбал

Проблемите со кои се соочувал Панчев во Интер

Златната копачка има кажано дека трансферот во Интер му е најголема грешка во кариерата, но не сме го слушале до волку да влегува во детаљи за тоа промашено време во Серија А. Почнува од самиот старт кога мистериозно завршил на трибина, па сè до збогувањето со газда Морати кој го затекнал на крај.

Играч на Кадиз фати да се загрева после завршувањето на мечот со Реал

Фудбалерот кој веројатно бил дел од резервите, сакал да ги истегне мускулите, па од разгибавање направи шоу.

Најдобриот резервен голман пеналџија во клупската историја на Ливерпул

Многу топ тимови од Премиер лига имаа неуспешен настап во англискиот Лига Куп: испаднаа Челси, Арсенал и Тотенхем а близу испаѓање беше и Ливерпул кој против Дерби Каунти се спасуваше на пенали.

Ако не сака судијата, јас ќе ти покажам жолт картон

Комична ситуација на мечот од Колумбија меу Америка де Кали и Алијанца Петролера. Во длабоко судиско продолжение, во 90+7’ минута судијата Карлос Артуро Ортега тргнува да му даде жолт на Лари Ангуло, ама ветерот реши да се замеша.

Легендарниот Мексиканец кој ќе игра петти Мундијал, раскажува кога Мурињо му побарал дрес

Андрес Гуардадо од Бетис, кој од 2005-та го носи дресот на Мексико, доста пријатно се изненадил после меч од Лига Европа против Рома.

Запознај ја татковината за повеќе да ја засакаш

Швајцарија и Србија снимија убави промотивни видеа за претстојното Светско првенство во Катар. На ред дојде и Уругвај. Идејата на сценариото е да се прикаже потеклото, родниот крај на секој играч. Разни градови и села.

Фудбалерите на Италија кои ќе патуваат за Катар

Секој ден по некој селектор го соопштува официјалниот список на играчи за Светското кое стартува следниот петок. Да ги видиме Италијанците.

Бомба на Крос и промашување на сезоната на Модриќ

Реал Мадрид го совлада Кадиз со 2:1, победа со која остана на -2 од првопласираната Барселона. Мечот го одбележа проектил на Тони Крос кој не се брани, ама и една неверојатна утка на Лука Модриќ, нешто несвојствено за него. Голманот на Кадиз се коцкаше на крај.

Со Столе еден на еден не се поминува така лесно

Чуварот на голот на Македонија остана несовладан во 14. коло од Ла Лига против Селта. Мечот Рајо - Селта заврши 0:0, а Димитриевски со добар рефлекс спаси чист гол и влезе во конкуренција за одбрана на колото.

Како гласел извештајот на скаутот на ПСВ кога првпат го гледал Роналдо

За романтичарите има само еден Рони. Тоа е оној за кого многумина сметаат дека таков се раѓа на сто години. Луис Назарио да Лима Роналдо на денешен ден пред 29 години, на свои 17 дебитирал за првиот тим на Крузеиро на мечот против Баија. Победиле 6-0 а Роналдо дал 5 гола. Човекот од холандски ПСВ кој бил на трибините во улога на скаут во извештајот напишал само: „НИЕ МОРА ДА ГО ПОТПИШЕМЕ НЕГО!“

Него што е со ракометниов потег на Диаз од Милан кој остана незабележан?

Чуден клип излезе од мечот Кремонезе - Милан 0:0. При еден напад на росонерите, Диаз влезе во дуел со двајца и во еден момент мртов ладен и се пушти на топката со две раце. Потег кој судијата не го санкционираше и покрај тоа што ја следеше акцијата, а уште поблиску беше линискиот.

Мајсторијата на Рафиња против Осасуна е копија на гол кој го даде за Бразил

Барселона со играч помалку направи голем пресврт против Осасуна на гости, благодарение на интелигентниот потег на Рафиња со глава. Пред само месец ипол истото го сторил на мечот Бразил - Тунис. Погледне ја ова сличност.

Бајката на тинејџерот кој по бегство од војна и ризикот да се откаже од фудбал, доби повик за Светско на 18 години

Роден е 2004-та во Египет, син на имигранти од Јужен Судан. Го посвои Австралија, а солидарноста на луѓето таму му дозволи и да игра и да блесне. Никогаш не е стартер, туку влегува и го менува текот на натпреварите. Тоа го забележаа и Чави и Њукасл.

Два ефектни волеи во Германија

Во првата Бундеслига на мечот Келн - Баер Леверкузен (1:2), бекот Бено Шмиц го донесе домаќинот во водство во 30’ минута со прекрасен волеј, а сличен еврогол даде и Нилс Фролинг за голем златен бод за Ханза Рошток во 90+5’ минута за 1-1 против Нирнберг.

Туку вториов голман на Пеп да ти бил голманиште

Бразилецот Едерсон е неприкосновен на голот на Манчестер Сити веќе неколку сезони. По сè изгледа ќе брани и на Светско првенство. Но во Лига Купот на Англија како што е ред, менаџерите обично ставаат втор тим и резервисти во игра, па така шанса со Челси синоќа доби Стефан Ортега и ја искористи максимално.

Мајсторски голови на Џеко и Димарко

Болоња синоќа го налути Интер и откако поведе на Меаца за 50 минути прими 6 комада. Го издвојуваме волејот на Един Џеко и двата гола на Федерико Димарко.

Реакција на новинар кога слушна дека за Светско е повикан Дани Алвеш на 39 години

Во силната конкуренција за Бразил има плејада на јаки имиња и талентирани млади играчи, а селекторот Тите најде место и за Дани Алвеш, кој по кусиот кам бек во Барселона, направи трансфер во Мексико за да остане во играчки ритам за Мундијалот. Легендарниот бек од 2006-та игра за репрезентација и има 124 настапи. Наскоро ќе видиме дали со своето искуство ќе му се најде на Бразил.

Зад сцената на последниот меч на Пике

Требаше да му биде последен меч на Камп Ноу, но ова му е последен во кариерата, бидејќи поради црвениот вчера против Осасуна, нема да има право да настапи следно коло за Барса. Клупската камера вакви видеа прави само за легендите. Го снимаше уште кога влезе во кола за накај стадион. 615 средби, 30 трофеи. Жерар Пике.

Тренерот на Севиља: „Светското е таму поради пари, живееме во најглупава ера во историјата“

Медиуми од западната сфера непрекинато фрлаат со дрвја и камења по Катар за тоа што таму загинаа илјадници необезбедени, неосигурани, незаштитени и сиромашни работници од Филипини, Индонезија, Непал и други земји. Но веќе е доцна. Катар доби домаќинство уште пред 12 години. Не вчера.

Кавечи го гушна Алиоски и направи штос во стилот на Пујол

Не е за само наш Џани мајтапчија во Фенербахче. И Ирфан Кавечи го бива. Објави слика со македонскиот репрезентативец и се зезаше во стилот на Икер Касиљас и Карлос Пујол, за кои се направи драма дека се во врска.

17 од 26 фудбалери на Австралија на Светско се од други земји

Репрезентацијата на Австралија го продолжи континуитетот настапи на Светски првенства откако на пенали го совлада Перу во баражот. Според правилникот на ФИФА, „кенгурите“ го пратиле официјалниот список од 26 фудбалери колку што е максимум. Седумнаесет се доселеници или деца на доселеници од други земји.

Еднаш и на Баерн некој да им ја сокрие топката

Баварците го посипаа Вердер со 6 комада и само во првите 28 минути имаа постигнато 4 и плус Чупо Мотинг утна пенал. Она што може да го издвоиме од гостите е нивниот гол, единствен на средбата кој падна после акција ипол.

Голот на Рафиња со кореански коментатори

Пазете ги колку се јаки. Со викање, со страст и плус синхронизирани беа кога требаше да кулминираат. Замислете како би звучеле на гол на Кореа на Светско против Бразил.

Маестрална комбинација Де Јонг - Рафиња за голем пресврт и победа на Барселона

Момците на Чави одиграа херојска партија на гостувањето против Осасуна. На полувреме губеа 1:0 и беа еден час со играч помалку поради два жолти картони на Левандовски. Педри израмни на самиот старт на вториот дел, а Де Јонг и Рафиња во 85-та минута ги изрежираа асистенцијата и голот на колото за конечни 1:2.