Фудбал

Пикси: Високото излегување на нашата одбрана на 3:1 е забрането и аматерски на ова ниво

Селекторот на Србија вели дека се чувствуваат фрустрирачки поради резултатот против Камерун и ја искритикува одбраната за брзите два гола кои ги примија од контра во вториот дел. Стојковиќ се пожали и за новите повредени играчи, овој пат на стоперските позиции и откри дека морал да направи две принудни измени.

Трите големи утки на Александар Митровиќ

Селекцијата на Србија при водство од 3:1 одигра многу лошо и неорганизирано во одбрана против Камерун, но не им одеше баш ниту во напад. Гол машината на Фулам пропушти три убави прилики за гол во 11-та, 17-та и 89-та минута.

Лудачко 3:3 меѓу Србија и Камерун

И покрај фаворитската улога и предноста од 3:1, селекцијата на Србија испушти победа против Камерун и дополнително си го зголеми притисокот пред последниот меч против Швајцарија. Србија прва примi гол и за три минути направи пресврт во финишот од првиот дел. Камерунците во вториот дел возвратија на идентичен начин.

Како известувачот од Катар се телепортираше во РТС?

Ова е добра идеја да им се даде на Мундофорија во МТВ или не? :)

„Процепот“ кој ја спаси Германија на Светско првенство

Германија одигра нерешено со Шпанија (1:1). Германците први примија гол, но измените на Ханси Флик внесоа живост во играта а резервистот Никлас Фулкруг со погодок донесе бод и ги спаси од рана елиминација. За Германија интересно ова беше прв гол од измена после златниот на Марио Геце во финалето 2014.

Како Пикси со две велемајстории ја урна Шпанија на СП 1990

Мундијалот во Италија беше последниот обид за Југославија да направи нешто големо. Мундијал кој е мелем на душата за носталгичарите, со горчина што не стигнаа и подалеку од четвртфинале кое го загубија од Аргентина на пенали. Томислав Ивковиќ му го одбрани на Марадона. Во осминафиналната фаза им се паднаа Шпанците, Панчев беше стартер, а Драган Стојковиќ Пикси неверојатен.

Незапаметена тепачка на дербито Зенит - Спартак

Странските фудбалери во екипите на големите ривали Зенит и Спартак Москва, Вилмар Бариос и Родриго од домашниот тим и Квинси Промес и Шамер Николсон од московскиот состав започнаа тепачка која прерасна во општ хаос за време на мечот од Купот на Русија. На крајот главниот судија Владимир Москалев поделил 6 директни црвени картони (по 3 за двата тима).

Најглупавото новинарско прашање падна на пресот на Србија

После еден одигран натпревар на Светско првенство, на прес конференцијата на Србија го поставуваат следново прашање: Што велат дома, да се вратите побрзо од Катар или да останете подолго? И двајцата издржаа да не прснат од смеење, а тој лево беше спремен како пушка со соодветен одговор, полн со иронија.

Е, тоа е фудбалот, Костарика

Занимливи факти - 1. коло Група Е на Светско: Шпанија - Костарика 7:0, Германија - Јапонија 1:2. 2. коло Група Е: Јапонија - Костарика 0:1. Откако „самураите“ направија сензација и ја совладаа Германија, денес изгубија неочекувано од аутсајдерот Костарика. Гол им даде десен бек од костариканско првенство. Од еден единствен удар во рамки на голот.

Лудиот погодок на Енцо снимен од зад гол

Дваесет и едногодишниот Енцо Фернандез е најдобар играч на Аргентина на ова Светско заедно со Меси. Тој е играч на Бенфика во која дојде од Ривер Плејт. На дуелот со Мексико постигна прекрасен гол во 87' минута да ја запечати победата од 2:0.

Голот на Меси со различни коментатори ширум светот

Кога беше најтешко - кој друг ако не тој: кралот Лионел. Ја влечеше својата репрезентација против тврдиот бедем на Мексико и во 64' минута го скрши мразот. Постигна прекрасен гол од далечина. Тој гол им тргна огромен товар на „гаучосите“ кои сега многу полесно дишат пред последното коло и дуелот со Полска.

Меси и Фернандез со мајсторски голови го истурија бесот против Мексико

По срамот против Саудиска Арабија, селекцијата на Аргентина се врати во игра за нокаут фазата, а тоа им го овозможи кој друг, ако не Лео Меси кој со еден потег го подигна психолошлки тимот. Аргентинскиот ас погоди во 64-та минута во негов стил, а на 3 минути до крај за нова соло мајсторија се погрижи 21 годишниот Енцо Фернандез, кој го постигна деби репрезентативниот гол.

Полска го слави својот јунак

Веќе не е флоскула муабетот дека секој игра фудбал. Буквално ако некогаш азиските селекции беа за поправање гол-разлика, денес треба прописно да се испотат сите други за да освојат бодови со нив. Полска не се изгори од Саудиска Арабија, победи 2:0 со головите на Зјелински и Левандовски ама малку фалеше Арапите да израмнат од пенал.

Интервенција на Мартинез како мачка

Аргентина се мачеше во првите 45 минути против Мексико. Меси, Ди Марија и Лаутаро Мартинез немаа муниција. Највозбудливиот момент на средбата беше 45 минута во која Алексис Вега изведе опасен слободен удар на кој Емилијано Мартинез одговори со прекрасна интервенција.

Килијан Мбапе ја однесе Франција во осминафинале

Селекцијата на Франција стана првата репрезентација која обезбеди пласман во нокаут фазата на Мундијалот во Катар. Големата ѕвезда на ПСЖ ја реши Данска со два гола (61` и 86`). За Данците стрелаше Кристенсен.

Не е ова фото на денот, туку на векот

Дарко Панчев, Ален Бокшиќ, Пеџа Мијатовиќ, Давор Шукер, Дејо Савичевиќ, Драган Стојковиќ Пикси, Ѕвонимир Бобан, Роберт Просинечки, Владимир Југовиќ, Синиша Михајловиќ...Доста е а дечки? Морници доаѓаат кога ги чита човек. Ако не знаеш за нив, прашај го татко ти. Единствени се.

Кога Сол Кембел им клизаше на Хрватите до паркинг

Ноември, 2007-ма, Англија против Хрватска. Налетавме на клип со неверојатниот Сол Кембел, кој кога влегуваше, влегуваше поштено и тоа знаеше да трае. Легенда на Тотенхем и Арсенал со три мундијалски учества.

„Тоа е фудбалот“ со Златко Калински и Атанас Костовски

Во четвртата емисија на новото подкаст шоу, гостува златното македонско коментаторско грло без кој не можеше да пројде ниту еден голем настан од минатиот век. На линковско вклучување се појавуваат Игор Паневски од Доха и Оливер Бранковиќ од Белград.

Во чест на Диего Армандо Марадона

Точно две години од смртта на еден од најголемите, кој 100% ќе ја бодреше Аргентина во Катар. Појако видео денес нема да видите.

Видео од чудниот гест на Роналдо кој го фати камера

На нет се појави видео на кое се гледа како Португалецот за време на мечот со Гана на кој даде гол од пенал и влезе во историјата како единствен фудбалер кој дал гол на 5 различни Светски првенства, вади нешто од шорцевите и го јаде.

Која репрезентација во Катар дојде како најисцедена?

Интересна анализа на Газета која за Мундијалот кој се игра во нетипичен тајминг, пресмета кои играчи на Светското пристигнале со најмногу одиграни минути сезонава.

Голема победа на Иран, во последно коло ќе решаваат со САД

По дебаклот 6-1 кој го претрпеа на отворање на Светското, на Иранците ретко кој им даваше шанси за нешто повеќе во група Б. Но во второто коло денес беа многу подобри од Велс и со голови во длабоко судиско продолжение победија 2-0. За првпат во историјата победија европска селекција. Во последната рунда ќе играат против САД кои вечерва ги чека дуел со Англија.

Првиот во историја со голови на дури 5 различни Светски првенства

Кристијано Роналдо игра на петти Мундијал во кариерата и уште на првиот меч на кој до 65-та минута немаше ниеден гол а до крајот паднаа дури пет, влезе во вечноста.