Фудбал

Кристијано Роналдо откри кога ја смислил прославата со „сииииуу“

Кристијано Роналдо на 38 години а Лионел Меси на 36 продолжуваат да играат волшебен фудбал. И едниот и другиот изминативе денови даваа нови голови и рушеа нови рекорди во дресовите на своите репрезентации. Во меѓувреме Португалецот стигна и во едно интервју да објасни од каде потекнува фамозната прослава на гол со извикот „Сиииииуууу“ која што веќе ја копираат насекаде во светот.

Комедии со Ѕола кога се обиде да го испофали Белингем

По триумфот на Англија над Италија од 3:1, италијанскиот легендарен напаѓач, Џанфранко Ѕола ги изнасмеа сите со коментарот кога кажа што правел тој на 20 години, алудирајќи на феноменалниот Џуд Белингем, кој се здроби од смеење заедно со Џо Кол.

Луда исповед на фудбалерот на Јувентус за комар, лихва и долгови

Најголемиот трансфер хит изминатото лето, италијанскиот репрезентативец кој за рекорден трансфер премина од Милан во Њукасл, сега е дел од голем скандал во италијанскиот фудбал. Првата исповед за обложување стигна од фудбалерот на Јувентус Николо Фаџоли кој практично бил „набуцкан“ од Тонали да се клади.

Бундеслигашот Мајнц отпушти фудбалер поради објава за Палестина

Дваесет и осум годишниот Холанѓанец со мароканско потекло Анвар Ел Гази добил раскин на договорот со германски Мајнц поради објава про-Палестина и против Израел, пишува англиски Гардијан.

Епа во Јужна Америка го нема тој од обезбедување

Лионел Меси на 36 години уште игра фудбал неверојатно добро и мотивирано. Аргентина славеше 0-2 на тешкото гостување во Перу а двата гола ги даде кој друг ако не мајсторот кој стигна до 31 погодок во квалификациите во Јужна Америка и стана нов рекордер. И во Лима го сакаат како божество, па и таму едно дете втрча во терен да го допре и гушне.

Уругвај го победи Бразил после 22 години

Фудбалската репрезентација на Бразил го доживеа првиот пораз во квалификации за Светско првенство после повеќе од 8 години! Од 2015-та година кариоките не знаеле за изгубен натпревар во КОНМЕБОЛ квалификациите. Синоќа скалпот им го зема Уругвај.

Какво голчиште распали Мудрик

Во група Ц од квалификациите за Европско првенство каде е и македонската фудбалска репрезентација до крајот ќе биде права драма. Во моментов Англија е сигурен патник на Европско. За втората карта ќе се борат Украина и Италија.

Живи радости, Сан Марино даде гол после две години

Само што пишувавме за срцките кои 19 години не победиле никој во фудбал, ете ги, се јавија и тоа со израмнување над Данска, кое за жал не го задржаа.

Митровиќ им продаде мајсторија на Црногорците во стилот на Модриќ

По двата порази од Унгарија, селекцијата на Србија се рехабилитираше и со триумф од 3:1 над Црна Гора со една нога е на Европското во Германија кое се игра следниот јуни. Александар Митровиќ беше двоен стрелец на Маракана. Првиот убавина.

Расинг Сантандер има поинаков ритуал на изведување од центар

Место да нагазад топка како и сите други, они рогачката уште на старт. Чудно.

Меси даде два гола и им го испи мозокот на двајца наеднаш

Светскиот првак за сега ги игра перфектно мундијалските квалификации со 4 од 4, а ноќеска го совлада Перу на гости со 0:2. Ново шоу на Лео кој блесна со два убави гола, од кои едниот многу јак на прва.

Нова прекрасна акција на Елмас, Ристовски со гол

Македонија води со 2-0 против Ерменија во пријателскиот меч во Струмица. Елиф Елмас, очигледно желен за фудбал, одигра сјаен меч и е заслужен и за вториот гол на македонските фудбалери. Стрелец Милан Ристовски. Четврти негов гол за репрезентацијата.

Супер асистенција од Елмас и одличен гол на Трајковски

Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен прв дел на пријателскиот меч со Ерменија во Струмица и заслужено води на полувреме со 1:0. Александар Трајковски даде убав гол во самиот финиш од првиот дел во 43’ минута.

Годините се само број - Роналдо го надмина и Халанд со 40 гола годинава

Најдобриот стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал, 38-годишниот Португалец е број 1 голгетер досега во 2023-та.

Ибра е секогаш директен, а Марио не е жив ако не врати

Со првиов нема од околу, одговара отворено. Вториот па не може да се соочи со реалноста и му работи суетата.

Се сеќавате ли на голчиштето на Пандев против Ерменија пред 19 години?

Ова се други времиња со Хари во ФФМ, Цапар на клупа, Шаќири, Величе, Седлоски, Васоски во игра. Мечот се одигра на Градски на 18 август 2004, што значи Горан тука има 21 година и е тазе член на Лацио. Левицата му работи во полна пареа и се загрева за златните мигови кои му следат во долгата блескава кариера.

И Австрија се квалификуваше, Холандија на чекор од Европско

Репрезентацијата на Холандија во директен дуел со Грција во Атина пред речиси полн стадион успеа да победи со гол од пенал во 90+3’ минута и бодовно да се одлепи од Грците кои имаат и натпревар повеќе.

Хернанес се забавува во седмата италијанска лига

Се сеќавате ли на бразилската ѕвезда Хернанес, кој направи доста солидна кариера во Италија, посебно во Лацио? Епа се врати во италијанскиот фудбал, ама овој пат поради забава. 

Белгиски Ла Либре: „Мотивот на терористот бил спалениот Куран во Шведска“

Белгискиот портал Ла Либре пишува дека во терористичкиот напад на булевар Ипре во Брисел загинале две лица, едно од шведска националност, а друго со шведско потекло. Третото лице исто така од шведска националност е во тешка состојба и се наоѓа во болница. На реанимација бил и напаѓачот кој е тешко ранет во престрелка со полицијата.

Мбапе одлепи на тренинг

Ај со голот што одлепи, ама погледнете потоа што правеше. До соблекувална трчаше од радост.

Излезе снимка од терористот кој пука и бега на мотор

Во страшен терористички напад синоќа во Брисел биле убиени двајца шведски државјани кои дошле за натпреварот од квалификации за Европско првенство меѓу Белгија и Шведска, а трето лице е тешко повредено. Познат е и идентитот на напаѓачот кој потекнува од Тунис и кој веќе имал дебело досие.

Ужас во Брисел - во терористички напад убиени навивачи на Шведска

Пред натпреварот Белгија - Шведска во рамки од квалификациите за Европско првенство 2024, терорист во Брисел убил двајца навивачи на шведската репрезентација и ранил уште еден човек исто шведски државјанин. Натпреварот и официјално беше прекинат на полувреме.

Матурант во Сан Марино нема видено победа на својата фудбалска земја откако е роден

Во 2015-та дадоа гостински гол по пауза од 14 години. Во 2019-та дадоа гол после апстиненција од 803 дена. Кога пред три години врзаа две нерешени по ред (против Гибралтар и Лихтенштајн), еден од репрезентативците на сред интервју плачеше од радост.

Фудбалер на Баерн Минхен се соочува со протерување поради поддршка за Палестина

Пратеник во германскиот Бундестаг побарал мароканскиот фудбалер од Баерн Минхен, Нусар Мазрауи да биде казнет од клубот и протеран од земјата поради тоа што дал јавна поддршка за Палестина во војната со Израел.