Фудбал

Најголемите со најголемите трофеи

Споредбата со Диего, речиси цел живот го следи Лео Меси. Направи чудесна кариера, а имаше такви кои му го намалуваа успехот со некаква глупа паралела - уште нема освоено Светско.

Ангелот кој со години му чува грб на Меси

Во дури 5 големи финалиња во кариерата, Анхел Ди Марија постигна 3 погодоци и е најзаслужен за многу вредни трофеи на својата репрезентација.

Камерата која на решавачкиот пенал го следела само Лионел

Се носеше со огромен притисок не само од аргентинската нација, туку и од цел свет. Сите очекуваа кралот со златна круна да биде крунисан на Светско првенство. Направи сè што можеше, ривалот се враќаше, па стигнаа до драмата пенали. Што сè му се вртело низ глава во овие моменти?

Што беше црната наметка што му ја ставија на Меси?

Лионел Меси го крена највредниот пехар во својата раскошна кариера во необична наметка на себе.

Две во едно: голман и сељачиште на денот

„Жена ми ми вика, добро како е можно да бидеш една личност дома а друга на терен“, изјавил аргентинскиот голман кој се посрамоти и себе и репрезентацијата со многу простаклуци. И не само сега во финалето.

А во Буенос Аирес...

Од празни улици до милиони на улици ширум Буенос Аирес и другите аргентински градови.  Прослава која се чекала 36 години во Аргентина.

Ненормалната одбрана на аргентинскиот голман во последни секунди

Аргентина по трет пат во историјата стана светски шампион. Меси одново блескаше, заслужено ја освои наградата најдобар играч на цело Светско, но никогаш нема да се заборават одбраните на голманот Емилијано Мартинез кој стана јунак.

Фото на векот

Најневеројатното финале на Светско првенство го доби Аргентина, предводена од големиот Лионел Меси.

Аргентинскиот коментатор од душа

Аргентина и Франција одиграа финале за кое доколку се режирал филм, би бил најдобар на сите времиња. Финале за Оскар. Во еуфоричната прослава после последниот решавачки пенал на Монтиел, култниот аргентински коментатор Андрес Кантор трепереше од среќа.

Најубавата прегратка е мајчината - Лео во солзи со мајка му

После сите клупски трофеи, рекорди, подвизи и чуда, после цели 16 години големи битки, Лионел Меси го освои највредниот трофеј во кариерата. Оној кој најмногу го посакуваше и кој сам ѝ го донесе на Аргентина. По последниот пенал кој значеше светска титула, во стотиците прегратки, една му беше најтопла на Лео. Од мама Селиа Марија Кучитини.

ЛУДНИЦА: Аргентина и Меси светски шампиони после невидена драма!

Големото финале на Светско првенство 2022 беше спектакуларно! Аргентина водеше 2-0 до 80' минута. Франција се врати, мечот отиде во продолженија а на пенали „гаучосите“ станаа светски шампиони по трет пат во својата историја!

Огромен успех на Хрватска, бронза за „коцкестите“ по триумф над Мароко

По трет пат во историјата репрезентацијата на Хрватска завршува во Топ3 на Светско првенство, откако вечерва со 2-1 го совлада Мароко и го освои третото место на Мундијалот.

Како реагираше Синиша кога на прес во Скопје заѕвони мобилен со хрватска песна

Се работи за прес конференција по повод квалификациски меч за СП 2014 меѓу Македонија и Србија. Македонска новинарка, инаку позната на редакцијата, заборава да го стави мобилниот на сајлент и наеднаш под нос на Михајловиќ се слуша песната „Далмацијо моја ружа процвала“. Ниту беше провокација, ниту Синиша тоа го сфати така.

Сите 66 гола на Михајловиќ од слободен удар

Од Борово, Војводина, преку Црвена Звезда до Серија А во Рома, Сампдорија, Лацио и Интер плус репрезентативец на Југославија, а потоа на Србија и Црна Гора. На Википедија му стојат 99 гола за клуб и 10 за репрезентација, а беше дефанзивец. Од тие 66 му се од слободен удар. За него тоа беше како пенал. Какво легендиште.

Легендите во Катар за Синиша

Роберто Карлос, Кафу, Кака, Роналдо, Тоти, Дел Пјеро, Матераци, Занети, Трезеге, Виери, Стоичков, Дрогба, Касиљас, Пујол, Џоркаеф, Џон Тери, Гути, Снајдер...

Хет-трикот на Михајловиќ од слободен удар во дресот на Лацио

За слободни удари му немаше рамен. Тоа беше негова специјалност. Доктор. Кога се местеше да шутира, живиот ѕид крадеше од линијата, а на голманите гаќи им се тресеа. На 13 декември 1998-ма Лацио ја пречекува Сампдорија дома и ја испраќа со пораз од 5:2. Синка им даде три, сите од слободен удар. Нешто невидено и неповторено во фудбалот и после 24 години.

Замина легендарниот Синиша Михајловиќ

Во денови на прекрасен и возбудлив фудбал во Катар полн со адреналин и изненадувања, каде остана уште големото финале Франција - Аргентина, од Италија пристигна грда вест. Михајловиќ почина на 53 години.

А како беше под прозор кај баба му на Меси?

Го имаме најјакото видео од прославата на Аргентинците после победата над Хрватска и пласманот во финале. Ѝ скандираа на баба му на Меси. 

Од Драгослав до Јаспер - сите голмани кои Меси ги матирал на Светски првенства

Капитенот на Аргентина во недела ќе ја поведе својата селекција во големото финале на Светско првенство. Лео го игра својот петти Мундијал. Дебитираше во 2006-та и од тогаш до денес, матирал дури 11 голмани на најголемите фудбалски собири.

Реакцијата на Марадона кога Италијанците ја исвиркуваа аргентинската химна во финале

Налетавме на снимка од финалето на СП Италија 1990, меѓу Германија и Аргентина. Се играше во Рим, а химната на Аргентина едвај се слуша од свирежи. Најверојатно се работи за гнев на домаќините бидејќи беа елиминирани во полуфинале токму од Аргентина. Плус постојат тврдења дека на тој полуфинален меч кој се одигра во Неапол, многу наполитанци навивале за нивната клупска икона и скандирале „Ние не сме Италијанци“. Па сега римјаните возрааќаат. Како и да е, Диего е ифрит лут и наместо да пее, пцуе.

До каде одат благодарностите за јапонскиот успех во Катар

Тоа е друг систем, уникатен, со поинаква култура и менталитет. Никој не може сo нив. Кај нас кој знае кај би завршиле овие пари. По софри.

Сите успеси на Франција се врзани со миграцијата: Зидан, Анри, Десаи, Копа, Мбапе, Платини

Француската фудбалска репрезенација ќе се обиде да стане трета селекција во историјата која ја одбранила шампионската титула на Светско првенство. Les Bleus се составени од играчи кои потекнуваат или чии родители потекнуваат од други земји. Така е веќе неколку децении поради колонијалното минато и лесната миграциска политика.

Марсело мајсторе, вакви евроголови не видовме ниту од Бразил на Светско

Тоа што Мундијалот не е завршен, не значи дека не може да се игра и друг фудбал. Обрнете внимание какво лудо издание пружи легендарниот бразилски бек кој по речиси цела кариера мината во Реал се реши за грчка авантура. Олимпијакос во осминафиналниот Куп натпревар го елиминираше Атромитос со 4:1, а Марсело блесна со два евроголови. 

Катар, пазете измамници ви влегуваат на стадион

Само Аргентина да стигне до финале. Абе ако треба и од инвалидска количка ќе станам.