Фудбал

Како ќе се решава Скудетото ако Интер и Наполи завршат со ист број на бодови?

Поразот од Болоња во 93-та минута, Интер може скапо да го плати. Им се искомпликува битката за титулата, плус на три фронта играат.

Си ја заби во гол од 40 метри

Колумбија веројатно нема сведочено на автогол од ваква далечина. Го постигна Марлон Торес кој се сврте накај гол, ама како да остана без компас.

Убав волеј на Антони кој се препороди во Бетис

Фудбалерите на Бетис ја совладаа Жирона со 1:3 и со оваа форма, имаат загарантитан излез во Европа. Антони, како еден од најкритикуваните играчи на Манчестер Јунајтед во моментов има 6 гола и 4 асистенции на сите натпреварувања. Откако Бразилецот го облече нивниот дрес, Бетис има 8 победи на последните 12 меча во Ла Лига.

Аут на колото во Саудиска Арабија

На натпреварот меѓу Ал Итихад и Ал Етифак кој домаќините го добиле 3-2 со голови на Данило Переира, Карим Бензема и Хусем Оар, гостинскиот фудбалер Ради Ал Отаиби решил да проба да центрира од аут како од корнер.

Каков шмекерски гол во трета англиска лига

Линколн со 4-2 го совлада Болтон во англиската Лига1, трета во хиерархијата. Последниот гол за домаќините го даде Рико Хакет-Ферчилд, мангупски, од слободен удар го зезна гостинскиот голман.

Пантерски одбрани кои ги запрепастија Холанѓаните

Во неверојатно финале на Купот на Холандија, фаворитот АЗ Алкмар и Го Ахед Иглс одиграа 1-1 во основниот дел од времето со голови од пенал постигнати во 54-та минута (првиот обид одбранет па пеналот на АЗ повторно изведен) и 90+9' минута од судиското продолжение. Потоа на пенали победил Го Ахед Иглс 4-2 а јунак на мечот бил 25-годишниот белгиски голман Јари Де Бусер кој правел чуда какви не се видени во Холандија од голман уште од времето на Ван дер Сар.

Интересна реакција на Ѓоковиќ на лудиот гол на Валверде

Најдобриот светски тенисер во историјата според многумина, во живо од ложата на „Сантијаго Бернабеу“ го следеше големото дерби Реал Мадрид - Атлетик Билбао. Ноле бил поканет гостин заедно со своите деца а сите реагираа шокантно по голот на Валверде во 90+3' минута од мечот за победа 1-0.

Валверде со страшен волеј во 93-та минута го одржа Реал

Реал Мадрид едвај го скрши отпорот на Атлетик Билбао и славеше со еврогол на Уругваецот Федерико Валверде во последните секунди од дербито на колото во шпанска Ла Лига. По неверојатниот пресврт на Барселона над Селта Виго 4-3, Реал Мадрид со оваа победа ги одржа шансите за шампионска титула. Сега „кралевите“ заостануваат четири бода зад Барселона. Во следното коло Реал ќе игра против Хетафе на гости.

Волеј за мерак во Турција

Исмаил Кубаши го постигна голот на колото во турскиот шампионат. Фудбалерот на Гезтепе ги постави конечните 1:1 против Бешикташ со убавина од гол.

Го видовте ли лудиот пресврт на Барса во 98 минута со 7 гола?

Момците на Ханси Флик се нешто посебно. Играат сезона за паметење. Добија натпревар во 32. коло од Лига против Селта на кој губеа 1:3 во 62 минута.

Виктор Ѓекереш е гол-машина: нов хет-трик со прекрасен еврогол

Во Португалија борбата за титулата ја достигнува кулминацијата. Спортинг Лисабон синоќа со 3-1 го совлада Мореиренсе и се одлепи 3 бода од второпласираната Бенфика која има меч помалку. Најдобриот стрелец во лигата, Виктор Ѓекереш пак, по којзнае кој пат сезонава постигна хет-трик, а од трите погодоци еден од слободен удар му беше најубав.

25 години од најубавата асистенција на Реал Мадрид

На 19-ти април 2000-та во една славна ноќ во Лига на шампиони, Реал Мадрид славеше 2-3 на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед и по ремито 0-0 во Мадрид отиде во полуфинале. Аргентинецот Фернандо Редондо имаше прекрасна асистенција до Раул Гонзалес, додавање кое ќе се памети засекогаш.

Две минутна лекција за негување на трева

Пошто нашиве надлежни на Градски, едно 400 неуспешни обиди имаа за тоа како конечно да ја спастрат за да биде со сите нишани, нека им служи ова како видео скрипта.

19 годишник на Манчестер главата ја жртвуваше пред гол

Манчестер Јунајтед и Лион, одиграа четвртфинале со 9 гола кое ќе се раскажува. Погледнете ја оваа луда пожртвуваност на Лени Јоро.

Лудница на Олд Трафорд со 9 гола на која точка стави Мегваер во 121 минута

Човекот кој го критикуваа, омаловажуваа и душа му извадија по медиуми и социјални мрежи е практично херојот на Манчестер Јунајтед. Хари Мегваер го комплетираше еден од најјаките пресврти во историјата на клубот и европските натпреварувања. Нереално.

Рио Фердинанд во чудесната соблекувална на Реал Мадрид

Рио води свој подкаст а често е и гостин на разни студија како стручен коментатор. Синоќа после мечот Реал Мадрид - Арсенал (1:2) во четвртфинале на Лига на шампиони влегол во реновираната соблекувална на „кралевите“ на реновираниот модерен „Сантијаго Бернабеу“. Не може да се изначуди. „Во мое време не беше вака“.

Необичен податок за головите на Бенжамин Павар

Да му кажел некој на 28-годишниот француски стопер Бенжамин Павар пред неколку години дека од француски Лил преку Штутгарт ќе стигне до Баерн Минхен со кого освои 4 шампионски титули во Бундеслига, Лига на шампиони и германски Куп и Супер Куп на УЕФА како и двојна круна со Интер, сигурно не би му поверувал. Интересно Павар има и злато од Светско првенство 2018 со Франција и пехар од Лига на нации. Тој од 2022 до денес дал само два гола. Едниот за Баерн Минхен против Интер и сега за Интер против Баерн Минхен во Лига на шампиони.

Тензија пред клупата на Интер, Станишиќ бутна дете

Додека на Бернабеу Реал не се ни доближи до резултат блиску до пресврт, Баерн на Меаца беше на еден гол до продолженија. Во последната минута од судиското продолжение, во битка за што побрзо да изведе аут, Јосип Станишиќ го бутна од стол едно од децата што собира топки, па му рипнаа домаќините.

Како искусниот Куртоа го прочита Букајо Сака на пенал?

Откако му одржаа фудбалска лекција на Реал Мадрид во Лондон каде славеа со 3:0, фудбалерите на Арсенал победија и во главниот град на Шпанија со 1:2. Историски триумф за „топџиите“ кои одат во полуфинале на Лига на шампиони. Во првиот дел Букајо Сака промаши пенал кога сакаше со паненка да го матира Куртоа кој го процени. Подоцна англискиот репрезентативец се извади со гол во 65-та минута за водство на Арсенал.

Мајсторски удар на Депај, кој се соочи со страшна парада на 44 годишен голман

Фабио има 44 години, член е Флуминензе и брани од 1997-ма година, кога голем дел од копиљациве што играат фудбал, уште не биле планирани за овој свет. Преку 1.300 официјални настапи има. Погледнете го двобојов со Мемфис Депај кој игра за Коринтијас. Треба да му се поклонат за одбранава.

Од жонглирање на волеј, секоја чест мајсторе

Остајте вие Лига на шампиони и запознајте го Мексиканецот Карлос Орантија од Керетаро. Сигурно ќе има место за него, барем во топ 10 кандидатите за наградата Пушкаш. Ретко се гледа вакво голчиште.

Интересната фан-зона на Црвена звезда како идеја за Вардар

Пред пријателскиот натпревар во Скопје меѓу Вардар и Црвена звезда, гостите од Белград дојдоа и со целата своја екипа задолжена за таканаречената навивачка зона. На платото каде беше фан зоната имаше мали голчиња за мал фудбал за деца, беа изложени славниот пехар освоен во Куп на европски шампиони 1991 со голот на Дарко Панчев како и Златната копачка на Панчев за најдобар стрелец на Европа таа сезона. Имаше многу настани и игри за деца и за возрасни и продажба на реквизити, дресови, шалови.

Бошко Ѓуровски се фати за микрофон, ја запеа „Бисер балкански“

Поранешниот селектор на Македонија, Бошко Ѓуровски кој речиси цела кариера ја мина во Црвена Ѕвезда, беше една од легендите на хуманитарниот меч на Градски. Во еден момент ја понесе публиката со еден безвременски патриотски хит.