Фудбал

Кој што прави, во Шпанија даваат црвени картони

На Севиља не и оди сезонава па не и оди. Сменија тренери, играчи, чуда, ама пак не можат да врзат победничка серија. Во петокот играа против Селта Виго, имаа големо водство од 2-0, но на крај во само три минути примија два гола иако мора да се признае дека добија два црвени картони, еден во 19-та минута а вкупно 11 сезонава.

Кристијано до соиграчите на Трајковски: „Вие не сакате да играте фудбал“

На еден од оние натпревари на кои бодовите однапред си ги запишаа зошто беа голем фаворит, фудбалерите на Ал Наср каде игра Кристијано Роналдо, останаа само со бод. Играа против Ал Феиха на нашиот Александар Трајковски и тим каде брани Владимир Стојковиќ.

Добро де, судија, само ВАР да ѕирнам со тебе

Хјустон Динамо со 3:0 го испраши ЛА Галакси во 6. коло на американската МЛС лига. На овој натпревар главниот судија покажал три црвени картони од кои два за познатите гостински фудбалери Мартин Касерес и Даглас Коста кои играа во Јувентус едно време. Уругваецот му пришол на главниот судија да погледне ВАР снимка со него, несвесен дека не смее тоа да го прави.

Судииве многу се опуштија

Во 10. коло од аргентинската лига, Сан Лоренцо на гости со 1-3 го совладал Атлетико Тукуман и уште го следи лидерот Ривер на табелата. Овој натпревар сега е озборуван затоа што главниот судија на мечот Фернандо Еспиноза во само неколку секунди покажал два црвени картони за домашните и тоа во 43-та минута од првиот дел. Капитенот Акоста бил исклучен откако судијата него му се пуштил.

Соло мајсторија на Марсело кој се забавува во Бразил

Легендарниот бек на Реал Мадрид воопшто не е престарен, напротив со своите 34 години игра во добра форма. Флуминенсе го совлада Фламенго со 4:1, а резултатот го отвори Марсело кој си поигра со гостинската одбрана и ги воодушеви и навивачите и коментаторот.

Нема објаснување за ова што му се случи

Само што почна сезоната во Шведска, а веќе го имаме киксот на истата. На дуелот Хакен - Хамарби, гостинскиот голман 20-годишниот Оливер Довин направи нешто необјасниво. Ја заборави топката во сред акција.

Каква носталгија за телетекст од времето

Табела од најдобрата холандска лига објавена на Телетекст, таа толку едноставна а толку симпатична ствар која на времето беше сведок на многу кладилничарски радости, таги, пцовки, па и киксови. „Ја затвори“ беше најчест коментар кога некој чекаше некој исход и резултатот ќе светнеше со светло сина боја најчесто на хрватскиот Телетекст на државната телевизија ХРТ.

Незапаметен инцидент во Премиер лига: судија удри играч на Ливерпул

Големото дерби Ливерпул - Арсенал заврши 2-2. Гостите од Лондон и лидери на табелата водеа со 0-2 но домаќинот се врати и освои бод. Дербито фудбалски беше прекрасно, но го расипа на крајот помошникот судија Констатин Хацидакис кој во еден момент му удри буквално лакт на фудбалерот на Ливерпул Енди Робертсон. За овој екцес брујат медиумите на Островот а ако се докажа вина, помошникот судија го чека долговремена казна.

Голчиште на Трајковски против Роналдо за жал поништен поради офсајд

Ал Наср предводен од Кристијано Роналдо како фаворит одигра само 0:0 против Ал Фејха и се спаси од пораз кој за влакно не го запиша Александар Трајковски.

Ѕвезда на Реал на паркинг нападнал играч на Виљареал

Реал Мадрид по сè изгледа ги изгуби сите шанси за титула во Ла Лига откако синоќа беше поразен дома 2-3 од Виљареал. Домаќинот два пати водеше но „жолтата подморница“ се врати и однесе три бода во трката за место кое води во Лига на шампиони. После мечот избил инцидент.

Кога Офсајд ќе се претвори во терен за моден натпревар

„Кошула на линии, не се комбинира со вратоврска со топчиња“. Уште ваков коментар немавме дочекано под спортските вести. Прочитајте го овој фасцинантен двобој кој е од суштинско значење за работата на Ѕвонимир Бобан во УЕФА. Пиво ве частиме за ова што нè натеравте да се смееме на глас. Цареви. Најубав викенд да имате.

Голманот на Лече фатен во рацете им подари 3 бода на Наполи

По дебаклот дома од Милан, фудбалерите на Наполи им се вратија експресно на победите и со триумф од 1:2 на гости против Лече уште еднаш покажаа дека се сè поблиску до титулата. Елмас го одигра цел натпревар, а домаќините си постигнаа несмасен автогол во кој учествуваа дефанзивецот Гало и голманот Фалконе.

Бламажа на Лукаку и лудачки гол на Кандрева од нереална позиција

Продолжува кризата на Интер кој не успеа да ја победи ниту Салернитана и ако продолжат со ваква серија, ризикуваат да останат без пласман во топ 4. Лукаку од едно метро не може да го погоди голот, а нивниот поранешен играч Кандрева ги казни во 90-та за конечни 1:1.

Зошто Сергеј е мозок за фудбал кој Пикси треба да го постави за генерал?

Постои една критична маса или поточно индивидуи кои се скептици за квалитетите и придонесот на Милинковиќ Савиќ за репрезентација. Фудбалски српски фанатик фино лепо им докажува дека ептен не се во право.

Кога Фергусон му се јавил на 22-годишниот Левандовски

После неверојатни партии во дресовите на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен со кои освои многу пехари и стана најдобар голгетер неколку сезони по ред, Левандовски конечно си ја оствари желбата да се проба и на друго место, во Барселона.

УЕФА ќе го подобрува фудбалот со помош на елитата предводена од Бобан

Европската куќа на фудбалот формираше нов одбор или совет кој ќе има задача да дава идеи за што подобри реформи во фудбалот. Членуваат плејада на славни имиња. Од Мурињо, Капело, Малдини, па сè до Клинсман и Мијатовиќ.

Син му на Роналдињо заигра за Барселона

Жоао Мендеш има 18 години и дебитирал за У19 тимот на Барса. Тој е познат како син на славниот Роналдињо, еден од најпознатите волшебници со топка на времето. Жоао има осет за топка, а бројни новинари дошле да го следат.

Гол од корнер? Нема грешка

Во 1. коло од групна фаза на Копа Судамерикана, бразилски Ред Бул Брагантино со 1-4 го совладал парагвајски Такуари на гости. Домаќинот прв повел во 22’ минута, а гостите ја почнале голеадата од 39-та минута кога Жунињо Капишаба од корнер го совладал домашниот голман Сервин.

Жестоките дуели на Гави и Винисиус од близу

Најдобрите млади фудбалери на Барселона и Реал Мадрид, лидери на двата тима, шпанскиот репрезентативец Гави и Бразилецот Винисиус го одбележаа големото Ел класико со неколку жестоки вербални дуели. На крајот Винисиус позадоволен зошто Реал ја понижи Барселона со 0:4, а двајцата добија жолти картони и ги чека можеби и суспензија од Ла Лига.

Судијка прекина натпревар за да спасува живот на гледач

Ќе речеш четврта лига, не се знае кој пие, кој плаќа, а кој мести, ама не е така секаде. Во италијанската Серија Д Кристијана Лараспата покажа дека фудбалот е небитен кога се работи за живот и го напушти теренот за да му помогне на 68 годишен маж кој добил срцев удар. Инаку се погодило судијката да е и студентка по медицина, а ова и било деби во фудбалот.

Што му рекол Матераци на Мурињо кога се разделија со плачки во Интер?

Анегдотите и приказните од двете легендарни години на Жозе во Интер никнуваат како печурки и редно време е да видиме некој документарец. Марко Матераци дава свои примери зошто бил посебен или „специјален“, а на крај го пцуел (веројатно пријателски), затоа што го оставил со Рафа Бенитез.

Голманот на Перуџа бранеше толку слабо, што го извадија во 57-ма минута

Перуџа и Реџина во италијанска Серија Б одиграа интересен дуел. Домаќините први поведоа преку Ди Серио во 24-та минута, но домашниот голман Стефано Гори бранеше така очајно па прво прими гол по негова вина од слободен удар, па и самиот со топка си влезе во гол за што потврди и ВАР. Во 53-та минута го извадија од игра и влезе резервниот голман. Реџина која што ја води Пипо Инѕаги победи 1-3 и е во добра позиција пред баражот во втора лига.

Најдете карти за мечов, не прашуваме за цена

Бразилците се дефинитивно најлуди по фудбал. Нема понатаму. Го игра секој, секаде и секогаш.