Фудбал

Какво голчиште падна на мечот САД - Мексико

Фудбалската репрезентација на САД ја освои КОНКАКАФ Лигата на нации откако во големото финале играно во Арлингтон, со 2-0 го победија големиот ривал Мексико. Тајлер Адамс го отвори резултатот со неверојатен гол во 45’ минута а Џовани Рејна во 63’ минута ги постави конечните 2-0. САД има серија од 7 победи против Мексико а Мексиканците не дале гол против нив повеќе од 420 минути односно 5 натпревари по ред.

Спартак Москва го прими 15-годишниот Ислам кој спасил 100 луѓе во терористичкиот напад

Русија сè уште е во голем шок по страшниот терористички напад во трговскиот центар „Крокус Сити Хол“ во Москва во кој загинаа најмалку 130 лице, претежно млади луѓе кои биле во концертна сала. За трагедијата да не биде уште пострашна помогнало младо 15-годишно момче кое спасило стотици луѓе.

Волшебни акции на Австрија и Германија - рекордни голови за само 6 и 7 секунди

Изминативе денови се одиграа неколку силни пријателски дерби средби. Во Париз Германците ја совладаа Франција 0-2, а во Лондон Бразил беше подобар од Англија 0-1. Австријците и Германците постигнаа голови кои влегуваат на листата најбрзи на сите времиња.

Два атрактивни гола на Италија против Еквадор

По триумфот над Венецуела од 2:1, Италија успешно ја заокружи јужноамериканската турнеја со победа над Еквадор од 2:0. Лоренцо Пелегрини го отвори мечот по само 3 минути игра со бомбастичен проектил, а во 94-та минута печат на мечот стави Барела со убав лоб после одличната асистенција на Орсолини. 

На мајстор Единсон Кавани не би му дале 37 години

Се растури од голови давање за ПСЖ, претходно и за Наполи, двете екипи во кои остави најголем белег во кариерата. На мечот против Централ Норте, кој Бока Јуниорс го доби со 3:0 ја изведе една од најјаките атракции во кариерата. Постигна два комада и има вкупно 6 гола на последните 5 меча. Играчиште.

„Standing ovation“ за Свен Горан Ериксон на Енфилд, Ливерпул му го исполни сонот

На славниот шведски стратег кој се бори со една од најтешките болести, му се оствари детскиот сон да го води Ливерпул барем на еден ден.

Одбрана на векот и тоа без раце

Кога калта е главен сојузник на голманот, а селскиот фудбал има посебен шмек. Го прочита, нема што.

Приказни и сведоштва на Зоран Михајлов, кој известувал од импозантни 15 Олимпијади и 15 СП во атлетика

Ако епското патешествие на нашата коментаторска легенда од Скопје до Хелсинки со фиќо е расказ кој заслужува документарец, тогаш уште минимум еден дел заслужува она што ќе го чуете во продолжение. Нема секој новинар можност и привилегија да раскажува за дружби, пријателства, соработки или средби со имиња како Стјепан Бобек, Вишњевац, Аце Русевски, Болт, Лазо Лечиќ, Миљан Миљаниќ, Буштур.

Англија во војна со Најк, го брани националниот симбол пред Европско

Репрезентациите учеснички на Европското првенство 2024 полека ги објавуваат своите нови гарнитури во кои ќе настапат на најголемиот фудбалски турнир летово. Како и секогаш, има многу примедби. Овојпат оправдани.

Озил се направил бик во теретана

Некогашниот светски шампион со Германија и голема ѕвезда на Арсенал и Реал Мадрид Месут Озил на 35 години решил тотално да се посвети на своето тело. Тој ниту во најдобрите играчки денови немал такви тренинг навики како сега, па веќе се гледале резултатите од напорните вежби.

Бомбата на Руни од 50 метри, кога Бекам се смешкаше на трибини

Кога човек ќе се присети на некое голчиште на Вејн Руни, прво на памет му доаѓаат оние антологиски ножички на градското дерби против Сити. Ама има кучето многу јаки голови во кариерата и не за џабе е прв стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 гола. Пред точно 10 години ја опали поштено од пола терен против Вест Хем.

Грузија на чекор од Европско, Украина направи чудесен пресврт во Зеница

Мошне убедливи резултати донесоа синоќешните полуфинални дуели од баражот за пласман на Евро 2024. Грција го растури Казахстан со 5-0 и се избори за финален дуел за пласман на големиот собир во Германија, а Украина направи неверојатен пресврт на гости кај Босна и Херцеговина.

Левицата на Диего

Марадона почина на 25-ти ноември 2020-та година. Зад себе остави толку многу мастраф што за видеа, репортажи, филмови, серии, документарци. А богами и голови за потсетување одвреме-навреме.

Три карти за Европско првенство - вечерва се баражите

Дванаесет репрезентации се близу остварување на сонот за пласман на Европско првенство 2024 кое се игра летово во Германија.

Соиграч на Попов, тренер на Пандев, во кумска врска со Берлускони

Легендарниот Андриј Шевченко вчера беше во Скопје. Фаца е дечкото, нема што, ќе се потсетиме малку на него. Иако еднаш го раскрварија на Градски, па се налути и си отиде. Има и видео од тоа.

„Борете се како своите навивачи"

Навивачите на Фенербахче се очигледно воодушевени од реакцијата на своите играчи кои влегоа во клинч со навивачите на Трабзонспор, а дел од нив решија да се тепаат. Во Истанбул веќе има графит, инспириран од една фотографија на која Нигериецот Брајт Осаи Самуел со боксови му влага на еден.

Пикси раскажува кога Марадона се појавил во хотел во Лондон пред цела фудбалска елита

Во 1987-ма, Драган Стојковиќ Пикси имал чест да игра на фудбалски натпревар по повод прославата од 100 годишнината на Фудбалската Асоцијација на Англија. Биле сè фаца до фаца, од типот на Бекенбауер, Кројф и Пеле. Но во еден момент,  во холот од хотелот каде се собрале, се појавил човек кој добил аплауз од 10 минути. Пазете му го описот на тоа сведоштво.

Дерби на колото: БВК Коњаре - Еуромилк Горно Лисиче

Кој вика дека нема фудбал деновиве? Има за тој што сака да гледа, само треба да му се даде шанса. Како ние што направивме утринава. 

Поради расистички испад, Ачерби исфрлен од репрезентација на Италија

Во италијанскиот фудбал изби скандал откако по големото дерби меѓу Интер и Наполи минатиов викенд, гостинскиот одбранбен играч Хуан Жезус објавил дека стоперот на Интер Франческо Ачерби го навредувал на расна основа.

Најопасните фаули над Кристијано Роналдо

Ветеранот и најдобар стрелец во историјата на фудбалот играше неверојатно во дресовите на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и секако репрезентацијата на Португалија за која има најмногу настапи и најмногу голови. Ама низ кариерата претрпе и сериозен ќотек. Особено на Островот.

Хумел направи интересен дрес на Данска за Европско

Репрезентациите учеснички на големото Европско првенство 2024 кое летово ќе се игра во Германија, полека ги претставуваат своите комплети во кои ќе играат на турнирот. Данска ја покажа својата прва варијанта во која ќе игра на Европското а дресот произведен од брендот Hummel има називи на 1.535 професионални фудбалски клубови колку што има регистрирано во земјата. Со ситни букви се испишани од внатрешна страна на дресот.

Аргентински коментатор на денот, ама измиксан

Во техника веројатно ја имаат утнато. Има таму една опција „Auto-Tune“, изгледа им е на „on“, а треба на „off“ да биде. Не дека сме најсигурни, ама ќе да е до тоа.

Слободен удар од учебниците

Лоб удар, пласирана, сув лист? Жунињо? Михајловиќ? Што удар ќе беше ова за вака силно, моќно и совршено да изгледа и да заврши онаму каде што не се брани? Голманот беше само гледач и ништо повеќе. Инаку се работи за нисколигашот Мајами Јунајтед кој игра во полупрофесионална лига во САД.

Нова доминантна партија на Никола Јокиќ во дербито на Западот

Во дербито на вечерта, актуелниот шампион Денвер Нагетс славеше триумф на гостински паркет против силната Минесота Тимбервулвс 115:112.