Фудбал

Јако ЛШ ретро извади УЕФА од пред 15 години

Се работи за сезоната 2008/2009 и она единствено финале меѓу Меси и Роналдо, односно Барселона и Манчестер Јунајтед кое го доби Аргентинецот. Во полуфинале момците на Фергусон го елиминираа Арсенал на Венгер. Погледне како почнува клипов, со ненормално добар слободен удар на Роналдо, кој тука има 24 години.

Ајде па почесто да доаѓате

Во Данска ќе се води голема битка за шампионска титула. После 22 одиграни кола Митдјиланд е прв со 48 бода, Брондби втор со 47 а Копенхаген трет со 45. Брондби во неделата со 4-1 го совлада Силкеборг а дури три гола постигнал младиот 23-годишен Јапонец Јуито Сузики.

Дилета или Елеонора?

Нема фудбал денес, на Резултати прво што дава е алжирска прва лига, а на Лајвскор четврта лига Англија. Ама затоа има жени што сакаат фудбал. Едната ja знаете како Дилета Леота, лицето на ДАЗН и Серија А, како и сопруга на среќникот Лорис Кариус. Втората не знаеме дали е слободна. Се вика Елеонора Инкардона, инаку голферка која исто така знае да се појави како водителка на ДАЗН. Врснички се, генерација 1991-ва. Господ само здравје да им дава.

Миовски: Секогаш давам 200% за клубот и репрезентацијата

Македонската фудбалска репрезентација термините за пријателски ќе ги искористи за тест средби против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03), кои ќе се одиграат во Анталија. Нашиот центарфор, Бојан Миовски кој ја игра најдобрата сезона во кариера со вкупно 22 гола за Абердин, ги истакнува важноста на овие собири и се надева дека ќе му тргне голгетерски и во националниот тим.

Не дека и Трабзон не е прав

Сигурно дека Трабзонспор го чека драстична казна за она што го направија неговите навивачи кога влетаа на терен после мечот и ги нападнаа фудбалерите на Фенербахче. Ама па сега и од Трабзон извадија видеа на кои се гледа дека и гостинските фудбалери и управа не биле баш цвеќиња за мирисање.

Германија е најфудбалска земја

Барем така викаат сите педантни статистички параметри според кои најпосетени стадиони во Европа има во Германија. Па замислете вие кога во втора лига фудбал дошле да гледаат 69.156 гледачи.

Земи ги сите, јас секако не јадам повеќе

Роналдо Луис Назарио да Лима и Дејвид Бекам на НБА натпревар решија да делат едни пуканки. Или не?

Маркус, па Лилијан не беше таков

Во дербито на колото во Серија А, Интер и Наполи ги поделија бодовите. Нераѕурите поведоа први преку Матео Дармијан во 43’ минута а Наполитанците израмнија во 81-ва минута преку Хуан Жезус. Маркус Турам кој игра одлична сезона со 10 гола и 10 асистенции на 27 меча во сите натпреварувања, без никаква потреба проба да глуми прекршок за пенал.

Него што правиме со слободниот удар на Стерлинг?

Челси го елиминираше Лестер и ќе игра полуфинале во ФА Купот против Манчестеер Сити. Рахим Стерлинг не беше меѓу стрелците, бидејќи нишанот му беше тотално изместен. Прво промаши пенал, а потоа изведе слободен удар за потсмев. Во Ла Манш ја најдоа топката.

Некако непријатно

После натпреварот Орландо - Торонто кој Меџик го добија 111:96, Ентони Блек од Орландо и Градеј Дик од Торонто, сигурно на нечија идеја си ги размениле дресовите и се сликале после мечот. Алузијата не е случајна.

Два решавачки шута во последна секунда се хит во НБА

Далас Маверикс го победи Денвер Нагетс 107:105 со кош во последна секунда на Кајри Ирвинг кој фрли полухорог преку Никола Јокиќ и погоди. Нагетс се жалат дека Ирвинг ја газел аут-линијата пред да тргне во шут, а со кош во последна секунда славеше и Мајами Хит против Детроит Пистонс.

Не може секој да изнесе топка ко Сити на Гвардиола

Во 30. коло од италијанска Серија Б, Комо со 3-1 ја совлада Пиза. Домаќините после 10 минути игра веќе воделе со 2-0 и тоа најмногу благодарение на гостинската одбрана која сакала да ја копира тактиката на Пеп Гвардиола

Добро, има ли лек за овие велемајсторски голови на Мбапе?

24 гола на 24 лигашки натпревари, 38 гола на 37 меча во сите натпреварувања сезонава, 250 гола на 297 натпревари откако е дојден во Париз. Монпеље - ПСЖ конечни 2:6, со хет-трик на веројатно најјакиот напаѓач во моментов. Барем еден мора да има од тоа неговите специјалитети.

Како почнал целиот хаос во Трабзон?

Тензијата меѓу навивачите на Трабзонспор и Фенербахче кулминираше пред неколку години кога беше пукано од огнено оружје врз клупскиот автобус на Фенер кој патуваше на гостински меч во Трабзон. Страстите никогаш не се смириле. Синоќа Енис Барди даде гол но неговиот Трабзонспор изгуби 2:3 со гол во 87-ма минута после што почнаа големи нереди на теренот.

Клоп е најзабавен пред камери, ама малку фали да го изнервираат

Манчестер Јунајтед го елиминираше Ливерпул во четвртфиналето од ФА Купот со 4:3 во продолженијата, после 2:2 во регуларниот дел. Новинар го чепна Клоп, околу тоа зошто имале потешкотии да одиграат до крај 120 минути, по што на германскиот страгет не му беше баш по ќеиф.

Барди распали од слободен удар против Фенербахче

Со Енис Барди тешко се излегува на крај ако ја зафати убаво од слободен удар. На дуелот против гигантот Фенербахче кој Трабзсонспор го загуби со 2:3, капитенот на Македонија влезе во игра на стартот на второ полувреме и во 62-ра минута го нокаутираше голманот. Ова му е петти гол сезонава.

Најчудниот гол на сезоната - ветер направи невидена сцена

Во 90+9' минута од мечот меѓу Чикаго Фајр и Монтреал, при резултат 3-3, домашниот фудбалер Кели Акоста пробува нешто од половина терен, а во еден момент ветерот ја покажува силата на физиката. Никој не веруваше што се случи а Чикаго на крај победи благодарение на ветрот.

Ремек делото на Просинечки против Партизан полни 34 години

16 март 1990-та, во југословенскиот фудбал се памети по еден од најјаките голови во историјата на големото белградско дерби. Црвена Ѕвезда го совлада Партизан со 2:0 со головите на Дарко Панчев и Роберт Просинечки во 10` и 19` минута. Го нарекоа „Gol sa Autokomande".

Будалаштина на денот на сметка на Јуве

Ова мора да е некој навивач на Интер или Милан или па можеби на Наполи. Како и да е, некој кој му наапан на Јувентус.

Балак го објаснува тешкиот карактер на Озил

Легендарниот Михаел Балак одлично го доловува одличниот фудбалер со специфичен карактер, Месут Озил. Кај него гледавме прекрасни игри, потези и пред сè асистенции, како и некое чудно однесување. Не направи малку, ама можеше многу повеќе со оглед на талентот кој го носеше во себе. Не случајно носеше дресови како оние на Арсенал и Реал. Тивко и ненадејно ја заврши кариерата на само 34 години.

Грчко-турски дуел ќе има во Лига на Конференции

Денешната богата програма на УЕФА со жрепките во Нион заврши со влечење на паровите за четвртфинале во Лига Конференции.

Лига Европа носи мега дуели: Италијанско дерби, Ливерпул во Бергамо

Како што е веќе со традиција, прво се влече жрепка за Лига на шампиони, а потоа Лига Европа и Лига Конференции, така попладнево се извлекоа и паровите за второто по ранг натпреварување на УЕФА кое носи дерби спектакли. Осум тимови а еден трофеј.

Жрепка во Лига на шампиони, страшни парови извлечени за четвртфинале!

Попладнево во Нион се извлекоа четвртфиналните парови во елитната Лига на шампиони и очекувано се паднаа мега дерби дуели.

ВАР комедија на сезоната во Лига Европа

Баер Леверкузен и Карабах одиграа мега интересен натпревар од повеќе аспекти. Гостите со играч помалку стигнаа до водство од 0:2 и на крај беа елиминирани со два гола во судиско. Само 4 минути пред да го постигнат вториот гол, Елвин Џафаргулиев направи фаул како последен играч од одбрана. Ентони Тејлор му даде жолт картон, а потоа отиде да гледа ВАР снимка за евентуален црвен.