Фудбал

Двете големи шанси на Ѕвезда во ист напад

Со оглед на тоа што и математички не можеа никако да се поместат од своите позиции на табела, Ѕвезда и Сити одиграа меч без стеги и со 5 гола. Можеа да бидат и повеќе, но вториот голман на гостите беше неколку пати немилосрден, особено во 51-ва минута.

Неверојатната реакција на Томори на сама гол линија

Милан кога сите го отпишаа и сметаа дека нема што да бара на жестокото гостување во Њукасл каде има пеколна атмосфера, покажа дека знае да се издигне кога е најтешко и да победи после пресврт. Но јунаци на триумфот покрај стрелците, беа уште и голманот Мајк Мењан кој бранеше фантастично но и стоперот Фикајо Томори кој во 20-та минута спаси чист гол.

Пеп Гвардиола извади ново чудесно дете кое пред некое време собирало топки

Манчестер Сити на убедлив начин очекувано ја освои групата во Лига на шампиони, а раниот пласман во осминафинале му овозможи на Пеп Гвардиола да испроба некои нови клинци. Не само што му вратија маестрално туку и најавија дека првотимците ќе треба да се потат за да го сочуваат местото во тимот.

Дефанзивна интервенција на сезоната во ЛШ

ПСЖ се изнамачи против првопласираната Борусија Дортмунд и куртули да не испадне во групи со 1:1. Погледнете на каков начин спаси чист гол Никлас Зуле, кој играше пет сезони во Баерн, кога Мбапе сигурно веќе ја гледаше топката во гол.

Голема победа на Милан, ПСЖ некако се протна во осминафинале

Втората вечер од последното коло во Лига на шампиони донесе многу голови и драматични финиши. ПСЖ со ремито 1-1 кај Дортмунд успеа да го сочува второто место, а Милан со победа после пресврт на тешкото гостување во Њукасл успеа да обезбеди макар Лига Европа на пролет. Барселона поразена во Антверпен.

Џорџо Кјелини ја заврши кариерата

Уште еден член на славната и златна генерација италијански репрезентативци кој подоцна стана и европски првак во 2021-ва, легендарниот Џорџо Кјелини реши да ги закачи копачките на клин.

Кај гледате 100 милиони во типов?

Не е секој дораснат да го носи дресот на Манчестер Јунајтед и не значи дека секој Бразилец е феномен и го бива за фудбал. Ентони е втора сезона на Олд Трафорд, за кој на Ајакс му платија 100 милиони евра. Како му оди? 0 голови и 1 асистенција на последните 25 меча.

А видовте ли на каков начин Бенфика извади Лига Европа во 92-ра минута?

Не беше баш толку мирно и извесно како што изгледаше во првата ноќ од последното коло во ЛШ. Пет екипи се бореа за две места во нокаут фаза и дури 9 беа во игра за четирите места со кои се продолжува во Лига Европа. Ленс обезбеди пласман во 96-та минута, Бенфика во 92-ра, а Унион Берлин остана без пласман во 89-та.

Големото славје во Копенхаген по голем пласман

Вест на вечерта од последното коло во Лига на шампиони во вторникот беше испаѓањето на Манчестер Јунајтед од Европа. Со поразот од Баерн Минхен дома 0-1, фудбалерите на Јунајтед останаа и без Лига Европа и завршија како последни во група А. Од друга страна Копенхаген оствари голем пласман во осминафинале на Лига на шампиони, второ за нив во историјата по она во 2010/2011. Во главниот град на Данска беше совладан Галатасарај со 1-0 со гол на Лерагер в 56’ минута.

Рамос во 94-та место да биде херој го префрли стадионот со топка

Серхио Рамос постигна гол со паненка од пенал и стана најдобар стрелец во ЛШ меѓу дефанзивците со 17 гола, пред Пике и Карлос кои имаат по 16. Но сето тоа оди во втор план, бидејќи Севиља загуби од Ленс со гол во 96-та минута и остана без трето место кое води во Лига Европа. Само две минути претходно, Шпанецот имаше голема шанса да го однесе неговиот тим во натпреварувањето за кое се специјалисти.

Наполи и Копенхаген слават осминафинале, за Манчестер Јунајтед нема ни ЛЕ

Наполи ја доби Брага со 2:0 и го осигура пласманот во топ 16. Елмас влезе во 60-та минута. Второ осминафинале во ЛШ за Копенхаген после она во 2010/2011. Галатасарај, Ленс, Брага и Бенфика продолжуваат во Лига Европа.

Ди Марија даде гол директ од корнер

Бенфика има 0:2 против Салцбург на гости по првите 45 минути, резултат со кој им ја презема третата позиција на Австријците и оди во Лига Европа. Резултатот го отвори Анхел Ди Марија на мајсторски начин, со неговата препознатлива искусна левица.

Шевата на тренингот на Манчестер предмет на коментари

Манчестер Јунајтед вечерва игра против големиот Баерн Минхен во Лига на шампиони но за пласман понатаму не зависи само од својот резултат туку ќе го следат и резултатот од мечот во Копенхаген каде гостува Галатасарај и каде им треба нерешен исход. Но ако играат како на еден од последните тренинзи, маф им е работата.

Судијата заврши во болница, му се јави Ердоган

Цела турска јавноста е на нозе и бара одговорност за силеџијата Фарук Коча, кој како претседател на турски прволигаш, се дрзна да му удри бокс на судијата. Приведен е заедно со уште двајца.

Луис Муриел ја повтори на тренинг мангупската петица против Милан

Само неколку дена откако го реши седумкратниот европски првак со велемајсторија во 96-та минута, искусниот колумбиски напаѓач покажа дека страшниот финиш не бил случаен.

Петарда на Ал Наср, 1 гол на Роналдо

Ал Наср се пласираше во полуфинале на Купот на Саудиска Арабија откако убедливо со 5-2 го совлада Ал Шабаб. Еден од стрелците на головите беше и Кристијано Роналдо кој го даде четвртиот погодок за гостинската екипа. Ова беше 50-ти гол во календарската 2023-та за 38-годишниот Португалец кој е најдобар стрелец на светот според овој параметар.

На шестолигаш му падна ПСЖ во Куп па скокаа од радост

Може ли за момент да ја замислите таа радост кога како играч на буквално маалски или мал селски клуб од шеста лига дознавате дека за неколку дена ќе играте против најсилниот клуб во земјата составен од ѕвезди како Килијан Мбапе? Тоа го доживеаа играчите на француски УС Ревел кој игра во тамошната шеста лига. Им падна ПСЖ во рана фаза од Купот и ќе играат против нив на 5-ти, 6-ти или 7-ми јануари.

Нов луд пресврт во Серија А, повторно на Раниери и повторно во судиско и тоа со ножички

Навивачите на Каљари сезонава дефинитивно со апчиња треба да одат на стадион. Во фудбалот има често пресврти, ама не вакви.

Ромарио на 57 години е атракција за гледање

Еден од симболите на бразилскиот фудбал, кој стана светски првак 1994 и беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот, одамна е во политика. Без разлика што секој ден е во костум, тој не само што уште го има осетот со топка, туку дроби. Пазете му ги потезиве.

Царот на денот е голманот на Порта Влае

Порт Вејл или со кладилничарски речник Порта Влае, го победи Ексетер Сити на гости со 0:1 во третата англиска лига. Голманот на гостите, Конор Рипли, ни два ни три, после мечот се упати на шанк по пиво и тоа во дрес и со влечки. Така се живее.

Подобро да си судија во Џепчиште или Дељадровци отколку во Турција

Ненормални сцени ни доаѓаат од турскиот фудбал и тоа во прва лига. Ќе речеш понеделник, тивок спортски ден, а исходот е суспензија за фудбалот.

Детето кое направи шоу пред мечот на Тотенхем

Како што ги гледало своите омилени јунаци од Тотенхем како се загреваат, така и он самиот се спрема пред да истрча на прекрасниот стадион каде Спарс го совладаа Њукасл со убедливи 4-1.

Играчиште на мечот Барса - Жирона беше лев бек

Дечкото има само 22 години а игра како Паоло Малдини во најдобри денови. Роден е во Мадрид во 2001-ва година. Играл за Реал Мадрид Б тимот но има и 9 настапи за првиот тим на „кралевите“. Од таму во август 2022-ра се сели во Жирона и набрзо станува незаменлив дел. За Шпанија има играно само за младинската У21 селекција а после чудесниот настап против Барселона сигурно ќе добие повик од шпанскиот селектор. Мигел Гитерез дами и господа:

Жирона направи права журка по историскиот триумф

Жирона е најголем хит во фудбалска Европа откако после 16 одиграни кола во шпанска Ла Лига е прва на табела пред Реал Мадрид, Атлетико и Барселона. Тимот предводен од сјајниот Мичел игра на гол повеќе од старт на сезона, а така беше и синоќа кога со 2-4 ја демолираа Барса на нејзин терен. После прославата со своите малубројни навивачи, журката продолжила во соблекувална.