„Да се биде близу до еден од најважните тренери на сите времиња е многу повеќе од доволно и е неверојатна чест за мене. Сер Алекс Фергусон е најдобар во оваа земја и во цел свет“ .
Италијанската судиска икона, Пјерлуиџи Колина, кој шест пати е прогласуван за најдобар судија во светот, зборува на тема која сите љубители на Серија А би сакале да ја чујат. Па и пошироко.
Навивачите на Хајдук Сплит можат да бидат задоволни од тоа како Џенаро Гатузо се справи со резултатската криза, ја крена формата на екипата и во моментов се први на табела во Хрватска со 24 бода пред Ријека и Динамо З. кои имаат по 20. Гатузо отсекогаш имал искрени и спонтани реакции па така и сега на прес-конференција кога пробал вода со вкус на кокос.
Во холандската втора лига Хелмонд Спорт со 2-1 ја победил Рода. Првиот гол за домаќинот кој е прв на табела го постигнал Ленерд Данеелс. Погледнете какво голчиште.
За време на едно јавување на поранешниот познат и високо котиран шпански судија Пахарес Паз во најпопуларната емисија El Chiringuito, папагалот во неговиот дом во позадина почнува да ја свирка химната на Реал Мадрид. Судијата проба да го замолчи со шушкање, ама во студио веќе почна јако клештење.
Минесота Тимбервулвс утре ја отвора новата НБА сезона со дуел против ЛА Лејкерс. Луѓето што им ги водат друштвените мрежи, на аеродром почнуваат некоја игра за разонода, секој играч да праша нешто свој соиграч. Лупаат глупи прашања ради реда. Доаѓа на ред Французинот Руди Гобер. Ги прашува на кој континент се наоѓа Египет. Претходно не знаат кој е главен град на Холандија а еден вика знам! Данска!
Енрике Кастро Гонзалес познат како Кини, важи за легенда во шпанскиот фудбал со 365 гола постигнати за Спортинг Хихон и Барселона, како и седум награди за прв стрелец од кои пет во Ла Лига и две во втора лига. Еден од нив е нешто посебно и го постигна пред точно 45 години на гости против Рајо Ваљекано. Цел стадион му аплаудираше.
Валенсија преживува можеби најтешки денови од клупската историја. Од сезона во сезона едвај се спасуваат да не испаднат, илјадници навивачи и натаму протестираат против газдата од Сингапур Питер Лим кој упорно го малтретира клубот и навивачите со лошо раководење. Синоќа Валенсија го претрпе седмиот пораз во сезоната со што е закуцана на дно на табела со само 6 бода после 10 кола. Изгубија дома од Лас Палмас 2-3 а имаа шанса макар за бод.
Ибра веројатно би се насмеал и би го игнорирал, Гатузо можно е да го фати за врат или да му влезе со клизачи, Роналдо би се изнервирал (ако е амблем на Барса) и би му покажал колку трофеи и голови има во кариерата. Дејвис врати со иста мера. Симпатично и во духот на атмосферата.
Тој што не прати фудбал, од дуелов може погрешно да заклучи кој е тука напаѓач, а кој дефанзивец. Дибала изреагира симпатично и си призна отворено дека му се случи „где је лопта“.
Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили држи добра форма сезонава и за клуб и репрезентација. Само 10 дена откако даде гол за Македонија на гостувањето против Летонија, викендов беше играч број 1 против една од најдобрите дански екипи. Сондерјиске го победи Митјланд со 3:2, а Ќамили донесе двојна предност во 41 и 51 минута.
Сеул беше домаќин на спектакл меѓу пензионирани играчи, меѓу кои и тазе како Азар и Бонучи, кој се играше пред 62.000 гледачи. Се натпреваруваа и во пенали и слободни удари. Имињата сè кој од кој.
Галатасарај игра во одлична форма и со 0-3 ја совлада Анталијаспор на гости за 8-ма победа во турската Суперлига. Мауро Икарди даде два погодоци а Осимен покажа зошто беше најбаран фудбалер на светот цело лето.
Страста за фудбал не познава граници, посебно кај вистинските навивачи. Погледнете ја атмосферата која ја направија навивачите на Бари на меч од Серија Б против Катанѕаро. Да не знае човек, ќе помисли дека гледа клип од Бока - Ривер. Скоро 20.000 биле на стадион. Лудило.
Интер vs Валенсија пред 20 години. Адриано vs Давид Наваро. Дриблинг каков што речиси и да не гледаме во денешно време. Каква играчина беше додека играше во топ форма. Штета.
Пазете го јунакот од полскиот суперлигаш Ракув Ченстохова. Хрватот Матеј Родин има 28 години и игра бек. На тешкиот дуел против Погон Шчечин влегува во игра од клупата за резерви во 82-ра минута. Во 90+10’ од судиското продолжение дава гол и во луда прослава соблекува дрес па добива жолт картон. Судијата после ВАР му го поништува голот. Родин во 90+13’ минута дава нов гол и пак лудо го слави и добива втор жолт картон и црвен. И победа за три бода.
Интер одигра толку колку што му требаше на гостувањето во Рим и славеше 0-1 против Рома. Рутински нераѕурите му препуштија посед на ривалот и чекаа контри. После една таква експресно истрчана контра, Лаутаро налета на одбиена топка и ја распали со сета сила во мрежата на Свилар.
Во натпревар од 2. Лига на Јапонија, ЏЕФ Јунајтед со 2-1 го победил Вентофрет Кофу. Домашните фудбалери последните 2-3 минути ја чувале топката како што не се памти дека некој ја чувал досега. Вакво градење не се видело.
Барселона игра како препородена под водство на новиот тренер Ханси Флик. Во шпанска Ла Лига на 10 меча имаат 9 победи и само 1 пораз со неверојатна гол разлика 33:10. Левандовски е убедливо прв стрелец со дури 12 гола. Синоќа славеа убедливо 5-1 против Севиља. Лева даде 2 гола, 2 даде и младиот Пабло Торе (еден од слободен удар) а 1 Педри. Токму Педри пред крајот му го отстапи местото на неговиот добар другар Гави кој се врати на теренот после 348 дена. Му дадоа капитенска лента а цел стадион го пречека со овации.
Одамна помина времето кога Ајакс како од шала им даваше по 6-7 гола на ривалите во холандската лига и освојуваше титули. Прославениот гигант одамна не е тоа што беше па натпревари како овој со Хераклес му се борба за гол живот. Победија едвај 3-4 а 40-годишниот голман Песвар прими гол од Марио Енгелс од преку пола терен за 2-1.
20 годишниот Бразилец Винисиус Тобиас, кој е член на Шахтјор Доњецк, го истетовирал името на своето дете откако дознал дека неговата девојка е бремена, за подоцна ДНК тестот да покаже дека сепак тој не е таткото.
Лео Меси направи револуција во Интер Мајами. Клубот кој пред само година и пол беше на 29-та позиција од вкупно 29 екипи, го вивна на прва позиција со рекорден број на бодови и стана прв стрелец на клубот.