Фудбал

Офсајд ликови: Кандрева и Бонавентура

Некои тренери се лутат кога играчите изведуваат акробации откако ќе постигнат гол, како Мартинс кога прави салто како гимнастичар. Други трчаат спринт и се качуваат по огради. Ризикот не е многу голем, само може да паднат 20 навивачи, некој да скрши нога и да не игра два месеци.

Од Свонси до Свонси, во Манчестер ништо не се смени

Пораз во првото коло од Свонси, пораз во саботата од истиот противник, а Ван Гал по 26 одиграни кола уште го бара правиот Манчестер Јунајтед, кој сега е четврт со 47 бодови.

500 пати Икер Касиљас и Реал Мадрид

На синоќешкото гостување против Елче (0:2), Икер Касиљас по 500. пат го носеше дресот на Реал Мадрид во Ла Лига. Своето деби за кралевите го имаше во 1999. година, а до денес со Реал освои пет првенства и три трофеи во Лигата на шампионите. Кариерата обележана од успеси, но и од свирежи.

Во Грција ништо ново

Вчера вечер се играше големото атинско дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос. Пред натпреварот, во општ хаос што го предизвикаа домашните хулигани, жива глава спасија претседателот и тренерот на гостите Еванѓелос Маринакис и Витор Переира.

Англиска џудо дивизија

Саботниот потег за црвен картон на Немања Матиќ делува смешно во однос на тоа што го направи Шабир Кан од Ворчестер Сити против Стокпорт.

Челси го кани навредениот Парижанец на Стемфорд Бриџ

По скандалозното видео од париското метро, на кое навивачи на Челси не пуштаат црн човек да влезе во метрото и пеат дека се горди што се расисти, се огласи и Жозе Мурињо и клубот.

Антологијата на Станиќ против Вест Хем

Хрватот Марио Станиќ во Челси играше од 2000. до 2004. и на 59 настапи даде седум голови. Остана запаметен по антологискиот гол против „чеканите" на 19 август 2000. година.

Џеј Бити ги освои срцата на шкотските навивачи

Навивачот на Селтик, кој има Даунов синдром беше номиниран за гол на месецот во шкотското фудбалско првенство. Навивачите не се мислеа во изборот и му ја дадоа поддршката.

11 легендарни фотки кои ќе ги гледате повеќе пати

Некои работи од најпопуларната игра на планетава ги паметиме, но со оглед на тоа што ги има многу, а фудбалот не застанува, многу и ни се бришат од меморија. Благодарение на нејзиното височество „архива“ да се потсетиме на една куса листа која сигурно трпи уште многу.

Ред Бул ќе создава конкурентен тим за Баерн Минхен

Фудбалерите на Салцбург последниве години се редовни учесници во Лига Европа, но развојот и амбициите на австрискиот првак можно е да стагнираат поради тазе германски второлигаш. Заедничко е тоа што два клуба имаат ист спонзор кој повеќе цели кон Бундеслигата.

Барса во чест на Тито Виланова

Каталонскиот клуб денес и официјално го преименуваше главниот тренинг центар по некогашниот тренер на клубот, Тито Виланова, кој почина на 25. април минатата година. Виланова на Барса ѝ донесе титула во Примера.

Чиста сметка долга љубов, Мурињо останува до 2021 година

По завршувањето на тековната сезона во јуни, на Португалецот ќе му останат уште две години од договорот со Челси. Сепак и тој и клубот сакаат да ја продолжат успешната соработка со нов договор.

Топ 10 четирикратни стрелци во Бундеслига

Баер Леверкузен и Волфсбург минатото коло одиграа трилер меч во првенството. Гостите го решија со 4:5 во 93 минута благодарение на четвртиот гол на Бас Дост. Бундес лигата потсети на Давид Пизаро, Марио Гомез, Мартин Петров, Герд Милер...

Првиот црнец што даде гол за Атлетик Билбао

Синоќешните натпревари од Лигата на Европа изобилуваа со голови, шанси, пенали, нереди и пантерски реакции на голманите. Ињаки Вилијамс стана првиот црн играч во историјата на Билбао што дал гол за баскискиот клуб.

Јувентус – Аталанта во 20:45 и Штутгарт – Борусија во 20:30

Како вовед на секогаш богатата спортска понуда за викенд, денеска имате за гледање четири фудбалски натпревари, тенис, ски скокови и меч од НБА лигата.

Селтик на крајот до реми со Интер, нерешено и во Лондон

Фудбалерите на Ајакс, Генгамп, Севиља, Ливерпул и Виљареал победија на првите натпревари од 1/16 финалето во Лига Европа. Со една нога во следната рунда се Евертон и Наполи.

Тотенхем е лидер во Лига Европа

Во конкуренција на 32-те екипи кои од вечерва преку нокаут фаза ќе се борат за патот до Варшава, лондонскиот клуб тргнува од најдобра позиција според рејтингот.

Автогол во паника

Се работи за младински натпревар во Шкотска, каде е оштетен клубот Патрик Писл од несреќниот Бен Ричардс. Ваков гол е тешко да се даде и во напад.

Примерни и непримерни навивачи во Рим

5.000 навивачи на Феенорд пристигнаа во Рим за да го бодрат својот тим во Лига Европа, а ние и покрај тоа што знаеме дека има други случаи кога патуваат и по 15-20.000, им ја испочитувавме старата традицијата и ги пофаливме. Италијанските медиуми регистрираа две различни групи.

ЛЕ веќе не е само мезе за ЛШ

Клубовите како Ливерпул, Интер и Тотенхем можеби ќе треба посериозно да играат во Лига Европа, затоа што истата носи извонредно повеќе од порано и е сè поблизу до „постарата сестра“, Лига на шампиони.

Гигс и Невил отвораат хотел „Фудбал“

Легендите на Манчестер јунајтед ќе станат претприемачи, откако решија да отворат хотел веднаш до Олд Трафорд, вреден 24 милиони фунти.

И со Фиго немаме шанси за Светско

Доколку стане прв човек на ФИФА, поранешната ѕвезда на Реал Мадрид ќе ја разгледа можноста за проширување на Мундијалите, но според неговиот предлог Македонија нема да добие ништо.

Поубав е голот или прославата?

Копа Либертадорес донесе еврогол во дербито на Бразил, но ремек дело имаше и во Уругвај. Сантијаго Вондерерс ја победи Замора 3:2 во натпревар со дури пет црвени и четири жолти картони. Вториот гол на гостите беше спектакуларен, како и „кугларската" прослава.

Абрамович ќе ја реновира јахтата

Газдата на Челси, вредната јахта од 1,5 милијарди фунти ја однел на германско пристаниште каде ќе се прават измени по само четири години користење.