Фудбал

Е ова треба да се проба

Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Флоран Синама Понгол, сигурно заборавен од многу следбеници на Премиер лига, веќе долго време не е активен на фудбалските терени. Ама затоа со уште еден поранешен фудбалер на Ливерпул, Антони Ле Талек смислиле што да поиграат - футголф, супер интересна занимација која секој треба да ја проба.

Вин Дизел одржал мотивационен говор кај Бензема во Саудиска Арабија

Познатиот глумец бил гостин во Саудиска Арабија а при гостувањето го посетил и клубот Ал Итихад на Карим Бензема. Им се обратил на играчите во соблекувална пред нивниот важен натпревар против Ал Наср на Кристијано Роналдо.

Хетафе ќе се брка на жолти картони

Новинарот на шпанска Марка, Мигел Кинтана кажал дека е изненаден од начинот на кој Хетафе ги бирал засилувањата. Шпанскиот прволигаш од Ла Лига летово довел тројца фудбалери кои се наоѓаат на листата на 10 најгруби играчи во шпанскиот фудбал: Марио Мартин, Неју и Абкар. Првиот лани имал 5 жолти и дури 3 црвени картони, вториот добил 13 жолти, а третиот исто 13 жолти картони.

Со бирани зборови се обрати на прославата

Женската фудбалска репрезентација на Англија го освои Европското првенство 2025, ја одбрани шампионската титула за најдобра женска селекција на континентот. Во финалето победија на пенали против Шпанија а хероина беше Клое Кели која го постигна победничкиот пенал за европско злато. На прославата во Лондон каде дошле неколку илјади навивачи, Кели одржала говор и малку се опуштила.

Што знае стопер што се 65 метри?

На меч меѓу нисколигашките екипи ВВ Стапхорст и СВ Урк во Холандија, Дирк Муис во 80' минута постигнал гол за 3-0, погодок кој ќе биде кандидат за еден од најубавите сезонава.

7 минути Пеле на Светско '70-та

Предводен од 30-годишниот Пеле, Бразил стигнал до титулата светски шампион на Мундијалот 1970 во Мексико откако во големото финале ја згромил Италија со 4-1. Пеле бил прогласен за најдобар играч на Светското а еве и зошто.

Фабрегас со мотивациски говор, Комо може да биде изненадување

Комо до пред неколку години беше анонимно клубче познато поради истоимениот град со прекрасно езеро. Но клубот од пред некое време ги има најбогатите газди во цела Серија А, индонезиско семејство чие богатство се проценува на неколку милијарди долари. Летово купија многу таленти, дојде и искусниот шпиц Алваро Мората, таму е и Серхи Роберто кој беше капитен на Барселона. Се острат сезонава да бидат големо изненадување во Серија А.

Бруно Петковиќ: „Бобан има биполарно пореметување“

Долгогодишниот центарфор на Динамо Загреб и на хрватската репрезентација, Бруно Петковиќ кој го постигна фамозниот гол против Бразил на Светско првенство 2022, до скоро беше недопирлив во екипата на Динамо.

И Меси фатен на камера на концерт на Колдплеј

Со денови трае бескрајно глупавата дискусија за некој лик што бил фатен со швалерка на концерт на Колдплеј. На истиот концерт камерата го уловила и најголемиот на сите времиња, Лионел Меси но во друштво на сопругата Антонела Рокуцо.

Кога Ковачевиќ од Сосиедад дошол на селски турнир

Денес практично не е можно да се замисли ни на сон некој познат фудбалер да дојде да игра на турнир во мал фудбал, прво зошто клубовите строго им забрануваат за да се избегнат повреди, второ затоа што професионална кариера е професионална кариера. Ама во 1997-ма година, Дарко Ковачевиќ како фудбалер на Реал Сосиедад и голема ѕвезда на овој клуб, доаѓа на турнир во мал фудбал во местото Багљаш кај Зрењанин.

Матко со страшно голчиште ја продолжи мизеријата на Бока Јуниорс

24-годишниот Матко Милјевиќ, фудбалер на аргентинскиот тим Хуракан ја продолжи неверојатно негативната серија на Бока Јуниорс од 11 меча без победа, најдолга во историјата на овој гигант од Буенос Аирес. Хуракан синоќа ја совлада Бока со 1-0 во 3-то коло од аргентинската Примера дивизија. Милјевиќ постигна прекрасен гол од далечина.

Да го праша каде да шутне пред празен гол

Во 16. коло од бразилската Серија А, Фламенго со 1-0 го совлада Атлетико Минеиро со голот на Лео Ортиз во 75' минута. Ама резултатот можел да биде поинаков ако шпицот на гостите Рони беше поприсебен при една шанса пред празен гол.

Што шут ќе беше ова?

Бек кога ќе ја намисли, никој не може да го спречи. И тоа од место.

Арнаутовиќ многу емотивен за Михајловиќ

„Повеќе плачев овие 2-3 дена, отколку во цел мој живот“, рече Марко Арнаутовиќ на првиот прес како играч на Црвена Ѕвезда. Синиша му бил како брат и татко во Болоња, каде му беше тренер. Повеќе зборувале за Ѕвезда, отколку за Болоња.

Комедии од жолт картон за Хулк

По дома добри? Да, да, супер. Ај еве ти еден жолт да се почастиш.

Старт на Ристовски во стилот на Рамос

Стефан Ристовски и Агон Елези, со победа дебитираа против Универзитатеа Крајова (2-1) во 2. квалификациско коло од Конференциската лига. Рики беше стартер и одигра 78 минута, а во еден момент со жесток лизгачки старт спречи 100% шанса за гол.

Голем резултат за Вардар, 21 меч без пораз

Фаворизираната Лозана падна на Градски, против тимот кој е влезен во долга серија од 21 натпревар без пораз. 1.60 беше двојката за гостинот од Швајцарија, а 4.10 за Вардар.

Михајловиќ: Панчев еднаш го однесе пехарот од ЛШ на свадба во Скопје

Ниту едни други европски прваци не се шетале со пехарот од Лига на шампиони, на начин како што тоа го правеле шампионите на Ѕвезда од 91-ва. Секој го имал кај себе дома по 5-6 дена, па така пехарот завршувал на разни прослави во локали, ресторани, сплавови во Белград и сл. Дарко наш на свадба отишол со драгоцениот трофеј. На крај морале да прават друг, бидејќи го оштетиле.

Кога Чиле го здроби Бразил

Селекцијата на Чиле од 2014-та нема играно на Светско. Синоним за оваа земја е неаборавното дуо Салас - Заморано. Токму овие двајца го решија Бразил со 3:0 во мундијалските квалификации во 2000-та. Обрнете внимание на дриблингот на Марчело Салас пред да го намести првиот гол, а потоа и приемот пред да го даде третиот гол на мечот, на асистенција на Пизаро.

Нејмар џабе се радуваше, па уште и знаменцето го искрши

Сантос изгуби од Интернационал со 1:2, а Нејмар се утепа од радување за гол кој уствари не му го признаа, бидејќи топката не ја минала гол линијата. Не можеше да се помири.

Снимаме шефе, на сред интервју ни влетуваш

Рио Фердинанд му прави интервју на својот поранешен соиграч, Мајкл Карик. Ферги ги прекина, ама не еднаш.

Две години од спектакуларното деби на Меси во САД

И покрај тоа што ги освои височините на европскиот и светски фудбал, Лео Меси игра уште со жар и ја живее својата втора младост во Америка. Дебитираше на денешен ден со мајсторија во 94-та минута, за победа на Интер Мајами над Круз Азул од Мексико со 2:1. Урлаа на трибини сите, од Ким Кардашијан, Серена Вилијамс до фамилиите на Бекам и Меси. Две години подоцна: 58 гола 25 асистенции.