Навивачи

Овие па си отидоа пред мајсторијата на Белингем

Словачка до 95-та минута имаше сензационални 0:1 против Англија и пласман во четвртфинале. Белингем израмни со ножички, а Хари Кејн ги постави конечните 2:1 уште на стартот од продолженијата. Затоа се седи на стадион до крај.

Грузија и Тбилиси не спиеле цела ноќ - славје до рани зори за историската победа

Грузија на три меча од првиот историски настап на едно Европско првенство одигра храбар, јуначки отворен фудбал против три големи фудбалски сили како Португалија, Турција и Чешка. Грузијците одат понатаму во осминафинале а тој шок се славел долго во ноќта во главниот град Тбилиси и другите градови и села каде Хвича Кварацхелија и неговите другари се веќе народни херои.

Колумбијци пејат химнa човек да се наежи

Колумбија со победа 2-1 против Парагвај го отвори настапот на Копа Америка. Во иста група се со Бразил кој изненади со очајни 0-0 против аутсајдерот Костарика. На стадионот „НРГ“ во Хјустон, Тексас, дошле 50-ина илјади колумбиски навивачи кои ја згрмеа националната химна.

Холанѓаните се журкаа и во Берлин со истиот стил

Околу 40.000 Холанѓани дошле во Берлин за мечот со Австрија. Иако изгубија 2:3, Холанѓаните се забавуваа пред, за време и после мечот. Одат во следна рунда како една од четирите најдобро третопласирани селекции. Ќе има пак добро техно кај нив во осминафинале.

Тајмс Сквер во Њујорк ги виде лудите Аргентинци

Пред големото дерби Чиле - Аргентина закажано за доцна после полноќ меѓу вторник и среда на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, илјадници гаучоси се собрале на најпознатото место на светот. А ги запознал и Тајмс Сквер нив, односно нивната прекрасна фешта.

Двомотка на колото

Еуро2024 изобилува со интересни и необични пароли по трибините. Една таква имаа и Унгарците, како шега на сметка на шкотската традиционална вековна носја - тартан сукња. Унгарија победи со гол во 99 минута и 33-та секунда што е најдоцен погодок во историјата на Европските првенства. Го постигна резервистот Кевин Чобот кој влезе од клупата и ја однесе Унгарија во следна фаза.

Кој е саксофонистот што прави шоу по Германија?

Извесен Андре Шнура, музичар, облечен во ретро дрес на Руди Фелер од Германија, прави право шоу на Еуро2024. Почнал да прави убава забава на свадби а сега се прослави ан Европското првенство. Оди на главни плоштади и растура најчесто со легендарните Самба де Жанеиро и Фрид фром дизајр.

И Хрватите со парола ги гибнаа Италијанците

Во првото коло од Европското еден навивач на Швајцарија на мечот против Унгарија држеше во рака парола со натпис „Фонди подобро од гулаш“ и започна интересно гастрономско Европско првенство. Го продолжи еден Словенец пред дуелот со Србија крена парола: „Крањска подобро од ќебапи“. Сега пред мегданот Хрватска - Италија еве што е на менито:

Во Барселона се навива и за Еспањол

Во главниот град на Каталонија синоќа имало бурна прослава на стадионот на Еспањол кој се враќа во најдобрата шпанска елитна Ла Лига. Еспањол играше во финалето на баражот против Овиедо и после поразот 1-0 на гости, дома на реваншот славеше 2-0 па со вкупен резултат 2-1 се враќа во Примера.

Англичаните во транс за испаѓањето на Шкотска

Па народната за комшијата и кравата, така и Англичаните синоќа каде и да го следеле мечот Унгарија - Шкотска, се сителе на поразот на соседите. Шкотланѓаните изгубија 1:0 со гол примен буквално во 100-та минута (90+10’ од судиско продолжение) и болно испаднаа од Европското. Тоа беше причина Англичаните да им се ситат, дури и на Европско првенство во пикадо во Леверкузен.

Нови пре-прејаки видеа од портокаловата река

Холандските навивачи прават врвни журки на Европското во Германија. Таква сплотеност, дружба зачинета со техно рејв звуци нема ниту една навивачка група.

Убава пријателска дружба меѓу словенечки и српски навивачи

За разлика од скандалозниот однос на одредени групи албански и хрватски навивачи кои навредливо скандираа против Србија а потоа албанските и против Македонија, од синоќа на главниот централен плоштад Мариенплац во Минхен каде попладне се игра мечот Словенија - Србија, навивачите на двете селекции почнаа убава дружба со пиво и заеднички песни.

Репрезентативец на Албанија ја навредувал Македонија

Продолжува дивеењето на одредена група албански навивачи на Европското 2024 во Германија. После мечот со Хрватска (2:2) на кој здружено со Хрватите пееја „Убиј Срби“, албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку (23) преку мегафон повел песна во која ги пцуе Македонците.

Нови скандалозни скандирања на хрватските и албанските навивачи

И покрај тоа што УЕФА парично го казни Албанскиот фудбалски сојуз поради тоа што на првиот меч со Италија навивачите на трибините истакнуваа политички пароли, знамиња од ОВК и погрдно скандираа, тој „декор“ не изостана ниту денес. Здружени со хрватските навивачи заедно скандираа „Убиј Срби“.

Англичани, угледајте се на комшиите од Шкотска

Шкотите ја префрлија масовната журка од Минхен во Келн каде денес играат против Австрија и ќе пробаат да се вадат после дебаклот од домаќинот Германија. А навивачите им се за сите пофалби. Во Келн двајца од нив ѝ помогнале на повозрасна баба да помине улица за време на обилниот дожд кој врнел.

Прекрасното австриско кортео

Австриските навивачи очекувано се меѓу побројните во соседна Германија. Нивниот изглед, ред и дисциплина во група е број 1 досега на Европското. Под конец.

Англичанец заспал на стадион и се разбудил сам во 4 сабајле

Се претпоставува дека во Германија има од 10 до 12 милиони гости од светот за Европското првенство. Меѓу најбројните очекувано се англиските навивачи, познати по тони испиени пиво, гласна поддршка и бројни знамиња (некои додуше останаа без своите). Еден Англичанец станал хит откако објавил видео во кое раскажува дека е 4 саат сабајле, дека заспал на стадионот и штотуку се разбудил утрото после мечот Англија - Србија.

30.000 Романци ја грмеа химната

Колосално изгледа моментот кога околу 30.000 навивачи на Романија ја пееја својата химна пред мечот со Украина од 1. коло во нивната група. Околу стотина романски навивачи претходно биле сопрени да влезат на натпреварот поради тоа што наводно биле запишани во досиејата. Во нивна одбрана сите оние кои беа на стадионот кренаа пароли на германски, англиски и италијански: Слобода за ултрасите.

Што ги обединува хрватските и албанските навивачи?

Во последно време секоја средба меѓу хрватски и албански навивачи има за цел само едно: да се навредуваат Србите и Србија. Така било и при една средба во германски Дортмунд.

Тепачка меѓу српски и англиски навивачи во Гелзенкирхен

И покрај тоа што германската полиција во соработка со колегите од другите земји преземаа сè што можат да не дојде до судир, па дури и забраниле точење алкохол во многу локали во Гелзенкирхен каде играат Англија и Србија, сепак избил инцидент.

Кај Холанѓаните е журката на Еуро2024

Холандското портокалово море како што го завикаа германските медиуми, во Хамбург е милина на колото. Да ти е ќејф да ги гледаш како се журкаат, на свој техно стил, и младо и старо и машко и женско. Браво лалиња!

Нашето фонди подобро од вашиот гулаш

Швајцарија по примерот на Германија, на првиот меч на Европското го растури својот ривал. Германците славеа 5-1 против Шкотска, а Швајцарците 3-1 против Унгарија. Славеа и на терен и на трибини.

Шкотите влегоа во Минхен

Се очекува околу 100.000 Шкотланѓани да бидат присутни на Европското првенство. Првата ударна ескадрила веќе пристигна во Минхен и веќе се налева со тони баварско пиво. Еуро 2024 почнува вечерва на „Алијанц Арена“ со мечот Германија - Шкотска.

Пиво од сите земји учеснички на Евро 2024

Британецот Гус кој во ноември 2022-ра година објави фотографија со пива од сите репрезентации учеснички на Мундијалот во Катар, сега го повтори подвигот со Европско 2024. Гус објавил фотографија на Твитер насловена како Евро 2024. 24 земји. 24 пива.