Навивачи

Тифози на Јуве нападнати во Севиља, еден тешко повреден

Нема коло во Европа, а навивачите на Севиља „Бирис Норте“ да не ги наполнат рубриките за црна хроника. Севиљските хулигани синоќа во локалот „Taberna El Papelón" во центарот на градот нападнале помала група навивачи на Јувентус со разни предмети. Епилогот е еден избоден навивач на Јуве од Белгија кој веднаш бил префрлен во болница. Мечот од Лигата на шампионите Севиља - Јувентус се игра вечерва од 20:45. Во болница завршил уште еден Италијанец и еден Шпанец кој по инцидентот бил пронајден од некој минувач како лежи.

Синот на Хенрик Ларсон доживеа срам од навивачите

Петкратниот шведски првак Хелсинборг загуби 1:2 од Халмштад во баражот за опстанок и испадна во втората лига. Навивачите не можеа да се помират со тоа, па направија нереди и му го соблекоа дресот на Џордан Ларсон.

Кореографијата на Курва Суд за Берлускони

Главен протагонист на фантастичната кореографија на навивачите на Милан за дербито против Интер синоќа (2:2) беше претседателот во заминување, Силвио Берлускони. Целата шеталица беше со ликот на Берлускони и сите освоени трофеи под негово владеење. Синоќешното дерби беше последно во ерата на Силвио.

Навивачите на Јунајтед нема ни да помислат да си го продадат билетот

Премиер лигата освен што е средена тип топ во однос на организација и имаа строги правила спрема тифо сцената (стапни на терен па ќе видиш што ќе те снајде), знаат и да забегаат.

Комитите правеа вовче во Франкфурт

По седум минати кола, РК Вардар има извонреден скор во Лига на шампиони од 6 победи и само еден пораз со кој е лидер на табелата. Синоќа падна и Рајн Некар, а македонските навивачи славеа на свој начин уште пред да го дочекаат крајот.

Навивачот кој спаси живот пред Олд Трафорд

Од 75.325 души кои гледаа како Манчестер Јунајтед не може да му даде гол на Барнли ниту од вкупно 37 удари, попушти срцето на еден кој по мечот добил напад. Навивачите немаа среќа да се израдуваат на победа, но најголема среќа имаше овој навивач кој доби докторска помош од друг навивач на Јунајтед. По херојот имаше потрага, а откако го пронајдоа двајцата навивачи се сретнаа и заедно отидоа на стадион. Приказната ја објавија од клубот.

Малиот ултрас што оди сам на гостувања

Необична слика стигнува од швајцарските второлигашки стадиони каде од сезонава игра и Цирих кој лани сензационално испадна од првата лига. На дуелот Цирих - Ле Мон, гостите ги бодреше едно дете кое само мести знаме, чука на тапан и навива.

Ирските навивачи и Јирген Клоп во метро

Пред мечот Австрија - Ирска (0:1), во едно метро во Виена, ирските навивачи среќаваат човек кој многу личи на Јирген Клоп и тука почнува шоуто.

10.000 километри за тебе

Знаете ли дека навивачи со страст за италијански екипи има во Виетнам, Тајланд, Малезија, Хонг Конг, Австралија, Камбоџа, па дури и во Иран? Епа има, а само еден од нив е Најџел Ган кој навива за Лацио 23 години и кој успеа да се сретне со својот идол поради кој станал нивен навивач.

Најголемиот момент во историјата на тифо движењето

На 11.11.2007 година, пред точно девет години еден од најомилените навивачи на Лацио, познатиот римски ди-џеј Габриеле Сандри (26) беше убиен од залутан куршум на полицаец на автопатот кај местото Бадја ал Пино близу градот Арецо.

Најјака навивачка песна при апсење од полиција

Навивачите на Хамарби решија незадоволството од поразот против Малме да го искалат врз домашните навивачи, па ги бркаа по улиците. Кога полицијата ги потисна од две страни и ги уапси, не им преостана ништо друго туку да ја запеат легендарната „Always look on the bright side of life“ од славните Монти Пајтон.

Свадба со навивачки карактер

Кога срцето на зетот освен за невестата бие за клуб кој го поддржуваат и неговите другари, кумот, старосватот и братучедите, тогаш нема потреба од машка фотка, туку видео кое потоа ќе го пушта дома до даска едно 100 пати. Се работи за Фоџа.

Ја шутна од пола терен и си лапна 35.000 долари

Џабе играме спортска и се надеваме дека ќе ги заколеме кладилнициве за викенд. Мајката му е само да имаш прецизен шут.

Млатење меѓу ултраси и полиција во ЛЕ

Австрија Виена и Рома одиграа возбудлив натпревар во ЛЕ кој заврши 2:4, но уште повозбудлив натпревар одиграа нивните ултраси кои направија хаос низ улиците во Виена, а полицијата не знаеше од кај да фати да брка и да апси.

Маноло - најпознатиот светски навивач кој беше и во Македонија

Препознатлив е по сомбрерото и тапанот со кој ја бодрел Шпанија на седум Европски и осум Светски првенства. Поради честите патувања да ја гледа La Roja загубил сè: жена му и децата го оставиле, бизнисот му пропаднал и останал без пари. „Сè би повторил одново, не се каам“.

Темата на која фан на Ливерпул може да се р`чне со фан на Јунајтед

Парите не се гаранција за успех. Тоа е доказ кој сме го виделе повеќе пати во фудбалот, а најсвеж е примерот во Премиер лигата каде треба да обрнете внимание колку потрошија летоска Манчестер Јунајтед и Луверпул, а каде се во моментов на табела. 

Биди диџеј, пушти им на Баварците добра музика

Навивачите на Баерн Минхен имале добра екскурзија во Ајндховен во средата. Најпрвин по улиците на овој холандски град имале по некоја брканица со навивачите на ПСВ, а подоцна нивниот тим победи после пресврт. На крајот диџејот на стадионот им ја пуштил омилената песна Major Tom од Peter Schilling.

Како Германец одговара на шкотски хумор

Некои мали деца знаат да го изговорат Борусија Менхенгладбах (Borussia Mönchengladbach), но тоа на учителката во школо ама баш ништо не им значи. Проблемот е кога постари не знаат ни да го изговорат ни да го напишат.

Фајтот меѓу Наполитанците и Чарши Бешикташ

Да имаше понуда во кладилница за евентуални инциденти на мечот Бешикташ - Наполи во Истанбул, коефицентот сигурно ќе беше 1.20. Од причина што во Турција допатуваа околу 400 екстремни навивачи на Наполи, а оние на Бешикташ не се познати по садење дрвја и цвеќиња. Се начекаа на една метро станица близу стадионот.

Како је добро видјети те опет во Полска

Хулиганските испади во Полска не прекинуваат. Последниот се случи изминатиов викенд на мечот меѓу Арка и Лехија Гдањск. Навивачите на двата клуба не се виделе цели пет години поради тоа што нивните екипи играа во различни лиги па дочекаа момент непрестано да се гаѓаат со бакљи, а трибините гореа.

Генијалното навивање на навивачите на Вест Бромвич

На една позната навивачка мелодија, на мечот против Сити додека нивниот тим ја имаше топката навивачите на ВБА пееја: "We've got the ball", а кога противникот ќе им ја земеше пееја "We've lost the ball". Како тоа добро звучи.

Како се мотивираат фудбалери пред дерби

Шалке викендов го игра големото дерби во Бундеслигата на гости против Борусија Дортмунд за кое навивачите живеат секоја сезона. Затоа тие се погрижија последниот тренинг пред мечот на сезоната да е поразличен од другите.

Гефле прослави победа со еден навивач

Шведскиот тим Гефле ИФ победи со 0-1 на гостувањето против големиот ривал Калмар ФФ а триумфот го прослави со еден гостински навивач кој пропатувал околу 1.120 километри до Калмар.

Пеколниот живот на 18 годишниот навивач во бегство кој дознал дека направил убиство на радио

Веќе 37 години навивањето на стадионот Олимпико во Рим не е исто како претходно. Го променија Џовани Фиорило и Винченцо Папарели, навивачи кои ги бодреле Рома и Лацио. Првиот заврши во затвор, а вториот во гроб. Оваа сторија е за незаборавното крваво римско дерби кое излезе од контрола.