Навивачи

Детето што влета во терен и обвинителот од Малта

16-годишниот навивач на Англија Џејк Печеј влета на теренот на мечот Малта - Англија во 69’ минута. Кога дошол на суд, судијата го прашал за кого навивал па имало интересна реакција откако му одговорил.

Собирот на македонските Миланисти пред мечот со Шкендија

По 11 годишно заедничко дружење, бодрење и патување за својот Милан, македонскиот фан клуб на Росонерите имаа чест да го пречекаат седумкратниот првак на Европа на домашна сцена. Ова се фотографиите кои ни ги испратија.

Комитите со оро и песна среде Истанбул

24 август 2017-та ќе се раскажува цел живот меѓу навивачите и симпатизерите на Вардар. Треба да потсетиме што се случи? Фенербахче - Вардар 1:2 или in your face.

Инвазија на албански навивачи на Милан

На Телеком арената во Скопје вечерва изгледа ќе грмат навивачки песни за Милан од повеќе страни. Milan fans Macedonia најавија присуство на навивачки групи од регионов, а едни од нив се и соседите Milan club Albania. Групава не е мала. Ќе биде интересно.

Можеме до трофеј во ЛЕ, а со Шкендија најмалку пак 6:0

Црвената боја вечерва на трибините на Телеком арената ќе биде доминантна бидејќи ги краси и двете екипи. Тетовчани ќе дојдат за Шкендија, но ќе има и многу Скопјани и навивачи од Македонија и регионот кои ќе го бодрат италијанскиот великан. Ждрепката за плејофот во ЛЕ беше остварување на сонот за Milan fans Macedonia.

Кој рече дека ќе нема Комити во Истанбул

Со четири автобуси и неколку автомобили најверната навивачка група на Вардар синоќа го фати патот за Турција. Поводот е огромен и ретко се пружа ваква шанса, да се патува на гостување со предност од 2:0 кои треба да се одбранат во вторите 90 минути, за да се испише историја.

Најјакиот хит во англискиот фудбал сезонава

Навивачите на Вест Хем имаат нов идол во Мексиканецот Хавиер Ернандез - Чичарито па му посветија една песна преработена од хитот Ла Бамба.

„Први сме за помош ако ОВК повика“

Газета Дело Спорт објави многу контроверзно интервју со членови на навивачката група на Шкендија кои отворено зборуваат против Македонија и Македонците. Просто, тие луѓе се горди на својата омраза. И веруваат дека Вардарци не можат да спијат од СТРАВ кога ќе слушнат за нивното име. Бре, бре.

Приказната за најекстремните навивачи на Интер кои исчезнаа за 3 години

Веста за нивното прво појавување на насловните страни била дека го демолирале центарот на градот Комо, а учесници се на една од најозагласаните тепачки во историјата на ултрас сцената во Италија по која пола од нив не смееле да стапнат на стадион. Па сега видете вие.

Смешна сцена со џандар во турскиот куп

Дешавката со полицаецот кој зборува на мобилен телефон на сред терен за време на мечот МС Синопспор - Јени Амасјаспор (4:2) од турскиот фудбалски куп вреди повеќе од трофејот во ова натпреварување. А толку беше искрен што дури и крена рака да се извини па продолжи да збори к’о ништо да не било. Епски!

Голема борба на германските ултраси против сојузот

Минатата недела конфликтот меѓу германските ултраси и Германскиот Фудбалски Сојуз зема широк замав не само во земјата туку и во Европа.

Кој рече дека вчера немало навивачи на плоштад

Влатче Гроздановски кој годинава како играч на Вардар ги закачи копачките на клинец, требаше да даде свое видување пред пресметката со Фенербахче, арно ама времето предвидено за разговор во живо му го земаа други. Во ред е да се има еуфорија за ваков меч, ама по кроце бе дечки.

Комити со голем плен после Фенербахче

Во навивачкиот свет, само ним разбирлив, за голема победа важи одземањето на знаме, шал или било каков реквизит од спротивната навивачка група. Фенербахче во Скопје синоќа го бодреа многу негови следбеници од регионов, а знамињата на оние дојдени од Косово паднаа во раце на навивачите на Вардар.

Торцида го „оправда“ реномето во Ливерпул

Околу 1.600 навивачи на Хајдук Сплит синоќа го гледаа мечот со Евертон на „Гудисон Парк“ а во 32 минута од мечот искрите преминаа во општ хаос па словачкиот судија Кружилак мораше на 5 минути да го прекине мечот затоа што многу Торцидаши влегоа на терен и се судрија со редарската служба и полицијата.

Навивачите на Легија со неверојатна кореографија против УЕФА

Европската фудбалска унија неодамна го казни полскиот клуб Легија со 35.000 евра поради големото прекривно знаме кое што го имаа на минатиот меч а на кое оддаваа почест на стотици илјади убиени Полјаци во Втората Светска војна.

Најава на Комити за историскиот двобој со Фенебахче

По сите премрежија кои се случија периодов и за Вардар и за сите негови навивачи, време е за концетрација и смиреност. Вечерва со почеток од 20:00 часот на Телеком арената гостува великанот Фенербахче кој со полн стадион, гласна поддршка и нов тренер, Вардарци ќе се обидат да го изненадат. Мора силно и без пардон, се работи за последната пречка пред историски пласман во ЛЕ.

Најверниот навивач на годината доаѓа од Сплит

Хајдук вечерва (21:05) игра против Евертон во плејофот на Лига Европа. Клубот од Далмација за овој меч добил околу 1.600 карти за своите навивачи а еден од нив ги заслужува сите почести за гостувањето во Ливерпул.

Јужна трибина поделена со навивачи на Фенербахче и Вардар

Поради конфузноста околу картите и прашањето чии навивачи каде ќе седат, голем дел навивачи на Фенербахче веќе купувале карти и за Јужна трибина а за таму набавувале и Вардарци.

Како бејзбол навивачи се рехабилитираат после пораз

Њујорк Јенкис загуби 3:2 од Бостон Ред Сокс. И тука го завршуваме нашиот муабет за бејзбол, кој колку што важи за популарен спорт во САД, толку е непопуларен на нашиве простори. Ај маче накај дома со метро, никој не нè гледа, ниту “снима“.

Најпознатото скандирање во историјата на мак фудбалот

Снимката е бајата 22 години, ама песната е скроз култна и незаборавена, па некој знае да ја потпевне и во денешно време. ФФМ и со таа и со сегашната гарнитура имаше/има луѓе што не ја сакаат. Ова е пријателска средба меѓу Вардар и Црвена Звезда, а негодувањата се однесуваат на забраната за гостување на навивачите. Тука нема вреѓање, ќе се пее таа уште 100 години. Три за позор, четири:

Папагалот што пее песни за Динамо

Или газдата го дресирал вака, или самиот папагал гледал фудбалски преноси на хрватскиот претставник во Лига Европа - Динамо Загреб.

Комити со соопштение, ќе ја бранат Јужна

Откако управата на Вардар реши да ја даде Јужната и Источната трибина за гостинската публика на мечот со Фенербахче, организираната група навивачи на Вардар „Комити“ го кренаа гласот.

Прав Вардарец никогаш не би ја дал јужна на гостите

Тој милион евра што сакате да го заработите на 17-ти не може да ја плати таа верност. Ретко кој ќе може децата да си ги однесе на натпреварот со Фенербахче, ако сака и да ги школува од септември нели.

Како "Glory Glory Man Utd" грмеше на Филип Втори

Присуството на голем број Англичани и други навивачи на Манчестер Јунајтед кои се наоѓаа на источната трибина на Супер Купот и интонирањето на нивната химна, ни го доловија она што секој викенд се случува на Олд Трафорд. Колку само убаво звучи “Glory Glory Man Utd".