Историскиот нерешен резултат против велесилата Италија потсетува на оние легендарни 2:2 против Англија во Саутемптон, но овој меч нашите репрезентативци ќе го паметот и по огромната фешта на Македонците кои живеат на чизмата. Несторгол им подари дрес.
„Комити“ сериозно се вратија на сцена по бојкотот пред неколку години а доказ за тоа е и добрата организација за европските мечеви. Имаа добра „шеталица“, неколку запалени строба и фантастично навивање без големи падови.
Кам бекот на градското дерби меѓу Вардар и Шкупи кое заврши 1:0, го врати на сцена и големото ривалство на двете навивачки групи меѓу кои избија инциденти. Се зборува за околу 20 приведени навивачи на Вардар.
Само неколку часа по триумфот на Барселона против Лас Палмас од 3-0 пред празен стадион (празен од безбедносни причини поради нередите во Каталонија), и Реал го одигра својот меч против Еспањол. На „Сантијаго Бернабеу“ имаше илјадници шпански знамиња во знак на поддршка на унионистите.
Ако Аталанта игра во Лига Европа одиме на гостување со точаци. Ветено - сторено и тоа ден порано од предвиденото. Не е мал залак. Тоа е како да одите со точак од Скопје до Лефкада.
По 10 годишно дружење, патување, барање што подобро место кај да се гледа Милан, нервози за пораз, радости за победа, како и дебатирање на Фејсбук, македонските навивачи на Милан станаа дел од црвено-црното семејство. Честитки момци.
Играа Копенхаген - Брондби на 4. мај 2014. Ова е најголемо градско дерби во Данскиот фудбал. Домашните навивачи на клубот кој летово загуби во Скопје од Вардар направија сензационална кореографија на која може да им завидат и во Кореја.
Ваков вид на казни да има на Балканов, стадионите ќе бидат уште попразни од што се сега. Ама Англија е Англија, а правилата се тип топ стокмени уште од времето на Маргарет Тачер која стадионите ги направи како кино сали. Кој не ги почитува, ќе седи дома.
Дуелот од 1. коло во Лига на шампиони меѓу Марибор и Спартак Москва го одбележаа неколку сериозни инциденти меѓу навивачите и полицијата, а од целата бесмисленост на крајот излезе приказна со среќен крај.
Норвешка, Русија и Шпанија беа најдалечните можни дестинации кои можеа да им се паднат на фудбалерите на Вардар во дебитанската сезона од Лига Европа. А што да кажат нивните навивачи? Кај ќе се тушираат и ќе мијат заби од денес до четврток и потоа пак назад?
Иако до вториот меч на Вардар во Лига Европа на Филип Втори има скоро уште месец дена, навивачите почнаа да испраќаат апели до управата на клубот да подразмисли за цените со Реал Сосиедад. Најслабо публика со Зенит имаше на најскапите блокови.
Во пресрет на дербито меѓу Пелистер и Вардар кое заврши со победа на гостите од 0:1, битолчани дадоа објаснување за тоа кога, како и зошто почнале да се мразат со скопјани.
За време на дербито Лацио - Наполи (1-4), гостите од Неапол имаа што да видат кога влегоа во нивниот сектор. Не знаеа што прави нивниот капитен со маркер како редар на трибините наместо на теренот.
Навивачите на Келн кои беа во енормно голема бројка од 20.000 на гостувањето против Арсенал во ЛЕ, не се пример само за верност, туку и за сите оние навивачки групи кои имаат проблем со навивачки кодекс и култура. Донираа карти во Домот за деца без родители во Белград, а за гестот ги чека благодарница. Мечот меѓу Црвена Звезда и Келн се игра на 7 декември за кога најавија и дека ќе ги посетат лично. Заслужуваат да им напишат и петки на рацете. Ама децата на навивачите.
Одиме на трибините за кои малку знаеме каква фудбалска култура имаат. Се работи за фудбалскиот клуб МК Алжир, најтрофејниот во истоимената земја со 7 титули и прв клуб од Алжир кој го има освоено Африканскиот Куп на шампиони. Ова не е за потценување, туку напротив, баш е фино да се доживее.
Во период кога Работнички е домаќин во Ѓорче, а Вардар во Маџари нема крај на нелогичностите во македонскиот фудбал. Таман еден клуб пркна и тоа саглам до Лига Европа и пак треба да се занимаваме со непотребни загатки, зошто и како некој дозволил вакво нешто.
Телото за борба против расизмот Kick It Out пишало допис до клубот Манчестер Јунајтед по објавените видеа на кои се слушаат необични скандирања за Ромелу Лукаку.
Губел или не нивниот тим 5:0, Комитите го сакаат Вардар и во прво и во второ, ама и во трето полувреме кое траеше со нив на празен терен и празен стадион. Само тие не се мрдаа и непрекинато пееја едно половина час по последниот свиреж на судијата. Браво за нивното деби во ЛЕ и големата бројка со која запад го исполнија повеќе од пола.
Славниот италијанскиот тренер кој вечерва со Зенит гостува на арената Филип Втори е разделен со Лацио веќе 13 години, ама навивачите не ги забораваат неговите дела, особено од времето како играч.
Словенечкиот Марибор важи за еден од ретките градови каде руските навивачи не можат баш да шетаат слободно. За некое чудо, навивачите на Марибор собрани под името „Viole“ (бојата на клубот е виолетова), без никаков респект влегуваат во судир со спремните руски набилдани хулигани. И два-три пати поштено ги добиваат. Така беше и синоќа на мечот Марибор - Спартак (1-1) од Лигата на шампионите.
На околу 24 часа пред стартот на историскиот меч на Вардар во групната фаза од Лига Европа, најверните навивачи на Вардар ја запалија арената Филип Втори. Блок карти за запад повеќе нема, апелираат да се купува за другите трибини.
Навивачките групи често пати се синоним за хулиганство, дивеење, тепање, љокање и правење разно разни бељи. Ама не е баш така, и меѓу нив има некоја етика и култура и на крај краева индивидуалците не можат да бидат слика за една цела навивачка група.