Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Упорност сте виделе, ваква не

Мајстори треба на 5-ти кат да бетонираат нешто. Цел камион со бетон им е пред зграда, ама немаат пумпа за качување на бетонот до 5-ти кат. Тоа што имаат се вреќи. Аирлија реновирањето.

Бразилци се дадени на ништење моторџии

Една од најголемите опасности во Бразил се мотори (најчесто кросови) со двајца вооружени момци на нив, кои пресретнуваат обични граѓани по улиците на Бразил и во најдобар случај само ги ограбуваат. Во најлош, на лице место ги убиваат. Заради ова Бразилци не се штедат ни себе ни своите возила во уништувањето на ваквата напаст.

Како маж може сè да расипе

Постар, ама добар скеч на BBC. Дечко и девојка отишле на романтичен викенд. Целиот идеален сет-ап доживеал дебакл кога таа од него побарала со неа да сподели за што размислува во моментот. А тој глупиот, ја сфатил озбилно и искрено ѝ кажал на што мисли. Што секогаш - секогаш! - е лоша идеја.

Тролање ТЕД говорници

TED Talks и локалните TEDx-и натаму во суштина се супер формати на кои може да се слушнат паметни и инспиративни концепти и идеи. Само што, со текот на времето, почнуваат да се трупаат и фејкери и во презентациите да има многу „празни верглања“. На пример.

Еден визионер и еден само нобеловец

Две различни визии за иднината, едната на генијалниот Артур Кларк а другата на човек кој ќе стане Нобеловец ама ќе го тандркаат до Охрид по оној глупиот пат па ќе мора да им каже на домаќините да си ги направат патиштата. Кларк беше номиниран во 1999 година но никогаш не стана нобеловец. Кругман никогаш не стана визионер.   

Продавници почнаа да играат одбрана против крадци

Заради секакви олеснувања на кривичниот закон во САД, во одредени сојузни држави и најдрски кражби во продавница не се третираат како кривично дело, па лопови влегуваат и само си земаат што сакаат. Неколку продавници под брендот Бест бај решија дека нема веќе да ги трпат кражбите, па самите вработени почнаа да се организираат и да ја бранат продавницата и робата.

Во живо од рововите во Украина

Војната во Украина изминативе месеци и нема некои херојски битки гради во гради туку главно се троши артилериска муниција, а и така се гине, во ров, од проектил што, за разлика од војников, не си го чул или касно си го чул.

Австралијанците уште не можат да се помират дека се колонизатори

Австралиска сенаторка, по потекло од домордното население на островот, регуларно избрана на избори, и покрај сите гласови што стојат зад нејзе, нема да може да го тера својот мандат доколку во полагањето заклетва на Кралицата Елизабета не се откаже од зборот „колонизаторска“ пред името на Елизабета.

Ник Кејв: Јас и мојата муза не се тркаме со никого

Ник Кејв како уметник и музичар не е податлив MTV материјал но сепак добиваше внимание и признанија, особено со атрактивните дуети со Кајли Миног и сл. Во далечната 1996 година, најпристојно што може, Кејв им пиша на луѓето од телeвизијата зошто во иднина да го прескокнат кога ќе им текне на награди. 

Да ги викнеме да ни го направат Кичево - Охрид?

Двaјца неверојатни дечки за 100 дена, опремени само со „срце, руке и лопата“ направија чудесна јазбина за одмор, со скара, со базен, си сички екстри. Малку е да се каже, алал вера, момци.

Неjќе веган да научи како функционира економија и неjќе

Британски вегани се организираат да празнат рафтови со млечни производи во супермаркети за луѓе да не можат да стигнат до истите, под претпоставка дека на производителите на млеко им прави разлика дали нивните производи некој ги купил за консумирање или за активизам.

Медведев почна со прецртување граници на Украина во име на Европа

Зеленски објавил мапа на Украина од пред 2014 и освојувањето на Крим. Медведев со објаснување дека „претседателот на Украина бил на психотропни супстанции“ кога ја објавувал мапата, објави своја верзија на мапа за истиот регион базирана на информациите од „западните аналитичари“.

Послушајте боеми

Имал и има Балканот стандарди, без разлика како тоа му личело на некого, само зависи дали некој бил доволно воспитан за да ги следи. И една суптилна порака дека кафана не е кафана ако има мало пиво. А за келнерката едно авансно извинување.

Кога ќе ти рече дека со другарите сака да оди на море

Место објаснувања, пушти му го др. Сафет Кудузовиќ да зборува во твое име. И може на прва да изгледа радикално ама ќе видите дека Кудузовиќ е полн со разбирање и дека тој е за тоа да се оди на море, во јануари или февруари бидејќи „март е веќе касно“.

Шпараџијата Еминем

Еминем тежи 230 милиони долари. Со толку пари во себе, му се бендисал саат и му свртел на менаџерот да го праша дали може да си го дозволи. После си го купил ама сега носи друг, евтин, пошто тој скапиот нејќе да го изгребе. E, тој и таков Еминем има напишано песна „Lose Yourself“.

Битката за американската рецесија

Белата куќа е во рововска битка, ем на Википедија, ем на прес-конференции, за сите да разберат дека САД не се во рецесија. Против кого е битката? Против новинари, самите себе и економски експерти.

Русија потсетува: Зимата доаѓа

Ау, какво „клизечи“ видео направиле Русите или пак некои нивни фанови. Ги набројуваат сите можни предности и поволности кои ги има Русија во моментов и на крај закуцаваат со повик „Време е да се преселите во Русија“. И уште подрско потсетување: „Не одолговлекувајте, зимата доаѓа“.

Голиот Спајдермен

Којзнае на која дрога, угол гол им се појави на луѓето на чардак, проба да се бори со домаќинот и кога виде дека не ја бива работата вака, реши да ја продолжи ноќта одлетувајќи преку оградата. А може само пиел Редбул па буквално го сфатил она дека ти дава крилца.

Ковид сертификатот важи само на колена

Новото правило за проверка на сертификати за ковид-19 во Кина налага дека човек треба да е на колена со изваден телефон додека на надлежниот проверувач не му се врати потврда на смартфонот дека се е во ред со клекнатиот.

Од времето кога САД беа суперсила

На снимка која е незамислива во денешно време, што заради военото осилување на Кина, што заради погубната зависност на американската економија од Кина, тројца американски Конгресмени (меѓу кои и Ненси Пелоси) одат на Тиенанмен плоштадот (сосе камермани и новинари), вадат натпис во сеќавањето на „тие што загинаа за демократијата во Кина“ и полагаат три цвета на споменикот на мачениците.

Проблемот на светот: душебрижници

Белец се решава на гнусен потег и облекува, ни помалку ни повеќе, мексиканско сомбреро, наметка и  става вештачки бркови. Вака маскиран оди и прашува луѓе дали неговата облека им изгледа навредлива. И сите му потврдуваат дека комплетчето му е навредливо. Сите до еден, освен сите Мексиканци кои ги праша.

За малку ќе се пукаше и на границата на Украина со Белорусија

Украински граничар на белоруските колеги од дистанца има да им порача дека држи граната во рака и „Алаху Акбар“. Пред да се ескалира на реплики со Калашникови, Украинците си го прибраа колегата.

Описна дефиниција за демократијата

Ако треба ЕДНА дефиниција за демократија да запамтите и суштински да разберете, оваа е таа. Остајте она дека демократијата е владеење на демосот (народот, луѓето). Како што знаете од секојдневниот опит, таа дефиниција ама баш ништо не ви врши работа. Ова е тоа:

Во Тампа уште од сега нека прогласат дека победил Трамп

Од поздравувањето со Трамп пред заминувањето од Тампа, Флорида, по митингот што го имаше таму.