Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Барање до Евровизија од Питер Габриел, Брајан Ино, Пол Велер, Масив Атак...

22 April 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Спомнатите и уште дузина други артисти (Роџер Вотерс, Прајмал Скрим, Сигур Рос, Могваи...) потпишаа отворено писмо до Европската радиодифузна унија со барање да го забрани Израел на овогодинешниот Евросонг. 
  • Кампањата „Нема музика за геноцид“ ги повикува уметниците, радиодифузерите, организаторите на проекциските забави, екипите и фановите да го бојкотираат натпреварот по одлуката на ЕБУ да му дозволи на Израел да се натпреварува, и покрај тековниот геноцид во Газа, каде што се пријавени 784 смртни случаи и 2.214 повредени откако стапи на сила „прекинот на огнот“ на 10 октомври.
  • За бојкот веќе се решија Шпанија, Ирска, Исланд, Словенија и Холандија. 
извор

Израел ликвидирал новинарка во Либан

23 April 2026
  • Share
  • Post
  • Либанскиот премиер го обвини Израел за воено злосторство поради намерно убиство на новинарката Амал Кабил во јужен Либан. При нападот беше ранета и фотографката Зејнаб Фараџ.
  • Откако со проектил било погодено првото возило од конвојот на новинарите, и притоа загинале двајца мажи, Кабил и Фараџ се засолниле во куќа во селото Тајри. Веднаш потоа била погодена и куќата.
  • Израелските сили отвориле оган и врз обележаното амбулантно возило што се упатило кон новинарите. Првите екипи стасале до телото на Кабил и до ранетата фотографка по неколку часа.
  • Израелските сили објавија дека гаѓале „возила што се одвоиле од воена структура на Хезболах“ и претставувале „непосредна закана“. Било погодено едно од возилата, а потоа и „објектот во кој избегале другите лица“.
  • Калил во 2024 година изјави дека добила смртни закани и предупредувања да го напушти Либан.
  • Таа е деветтиот новинар убиен во Либан оваа година. Откако Израел ја почна војната на 2 март, убиени се повеќе од 2.300 луѓе, а повеќе од 1 милион беа протерани од домовите.
извор

Летните тераси повторно крадат јавен простор

22 April 2026
  • Share
  • Post
  • Масите се „излезени“ надвор од застаклените тераси на кејот и пред „Торос“ и пред „Бела виста“ и се протегаат до клупите што пред неколку години ги постави Град Скопје.
  • Во Старата чаршија на уличките каде што има повеќе угостителски објекти, луѓето не можат да поминат раат по тесниот простор што е оставен помеѓу „летните тераси“.
  • Безредие владее и на улица „Македонија“, каде што кафулињата постепено си се шират по еден ред повнатре на шеталиштето, а некои од нив, на пример „Студио 54“ буквално има поставено маси и столици по целата ширина на улицата.
  • За давање дозволи за поставување урбана опрема на овие локации, кои воедно се најпосетени и од туристите што сѐ повеќе ги има низ Скопје, надлежен е Град Скопје. Оттаму убедуваат дека константно работат да воведат ред во поставувањето урбана опрема на улица Македонија, на кејот и во Старата чаршија и дека сè уште не се издадени дозволи за летните тераси, пишува Слободен печат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Јурииииш, одиме во финале после 28 години

Навивачи
2

Тажен школски двор среде Скопје

Македонштина
3

Со она од што паметниот се срами...

Македонски рулет
4

Северна ја снемува, буква по буква

Македонштина
5

Усул, луѓе, усул

Медиуми
6

ЕУ-Маѓар: Прво па ЛГБТ!

Свет
7

Кога Први мај ќе се падне на втори

Балканштина
8

Летните тераси повторно крадат јавен простор

1

ЕУ-Маѓар: Прво па ЛГБТ!

Свет
2

Летните тераси повторно крадат јавен простор

3

Русија ќе ја запре нафтата од Казахстан за Германија

4

„Семоќната“ алатка за пробивање шифри стаса до неовластени корисници

5

Барање до Евровизија од Питер Габриел, Брајан Ино, Пол Велер, Масив Атак...

6

Глобалниот систем за храна е пред колапс

Свет
7

20 земји се силат да стекнат нуклеарно оружје

Свет
8

Трамп бара од МАГА да се откаже од приватноста за „поголемо добро“

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Гледајте да не го изнервирате Јетон со ценкање

Македонштина

Тажен школски двор среде Скопје

Македонштина

Северна ја снемува, буква по буква

Македонштина

Омилено дело - Капитал

Медиуми

Усул, луѓе, усул

Балканштина

Кога Први мај ќе се падне на втори

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ах, таа чудесно исчашена Македонија

Дијалог на денот

Висока мода во Кисела Вода

Конечно, нешто добро!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy