Дарио Ивановски со огромен успех на Белградски маратон
20 April 2026
- Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски направи фантастичен успех и уште еднаш покажа дека е во врвна форма откако на големиот маратон во Белград заврши како второпласиран со време од 2:09:35. Дарио не постави свој личен рекорд но ова е фантастичен резултат ако се земе предвид големата конкуренција на српскиот маратон.
- Прв на Белградскиот маратон заврши Гемсиса Гада од Етиопија со рекорд на патеката од 2:08:08. Третото место го освои Кениецот Јохана Ерот кој после долго водство на патеката заостанал во последните пет километри и трката ја завршил со 02:09:55.
- Дарио Ивановски имаше одличен втор дел од трката каде од четвртото место успеа да стигне до втора позиција. Годинава белградскиот маратон кој е еден од најголемите во Европа, имаше изменета траса. Белград ќе биде и домаќин на Европското првенство во трчање во 2027-ма година, а Белградскиот маратон оваа година беше во изменет формат односно полумаратонот и трката на 10 километри се одржаа ден порано, во саботата, пред главниот настан маратонот во неделата. Оваа манифестација послужила како генерална броба пред Европското првенство.
- Ивановски е олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет.