- Американскиот мултимилијардер вети дека додека е жив, ќе го донира поголемиот дел од своето богатство.
- Досега донирал само околу 2 посто.
- Според Форбс, Џеф Безос е третиот најбоогат човек на светот.
- Неговата поранешна сопруга, Мекензи Скот, за неколку години има подарено над 26 милијарди долари (добиени од мрсната бракоразводна алиментација). Само во 2025 година има дадено над 7 милијарди долари.
- Неговата сегашна сопруга, Лорен Санчез, вели дека многу внимание посветува на заптита на океаните.
- Претседателот на иранскиот парламент вели дека има напредок во разговорите со САД, но дека двете земји остануваат „далеку“ од мировен договор
- Доналд Трамп вика дека се водат „многу добри разговори“ со Иран, но дека нема да дозволи Техеран да ги „уценува“ САД за Ормускиот теснец.
- Техеран порача дека Ормускиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ја укинат блокадата врз иранските пристаништа, што за нив е прекршување на примирјето.
- Трамп порача дека блокадата ќе продолжи сè додека „нашата трансакција со Иран не биде 100% завршена“.
- Два ирански воени чамци отворија оган врз танкер во Ормускиот теснец а американската морнарица принудила 23 брода да се свртат назад во близина на теснецот.
- Марија Корина Мачадо, нобеловка и лидер на веневуелската опозиција, одбила во Мадрид да се сретне со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е во лоши односи со американскиот претседател Доналд Трамп, на чија поддршка смета таа.
- „Таква средба не е опортуна“, оценила таа.
- Мачадо се сретна со лидерот на конзервативната Народна партија и со лидерот на Вокс, за да биде упадливо дека стратешки фокус става на десничарската политичка опозиција на Шпанија, а не на левичарската влада.
- Таа стана предмет на подбив заради девалвирање на наградата откако реши да му ја подари на американскиот претседател.
- Норвешкиот Нобелоv комитет тогаш потсети дека вистинската чест што ја претставува медалот „не може да се одземе, сподели или пренесе на други“.