- Со голот на италијанскиот репрезентативец Матео Политано во 78' минута Наполи го совлада Милан 1-0 и го прескокна на 2. место на табелата во Серија А. Интер е прв со 72 бода, Наполи е втор со 65 бода, Милан е трет со 63 бода.
- Тренерот на Наполитанците Антонио Конте после мечот задоволен од победата бил во добро расположение. Зборувал меѓудругото за Елмас на кого синоќа со Милан му даде само 5 минути од клупата за резерви а во претходно коло не го ни стави во игра откако се вратија повредените играчи како Де Брујне и другите.
- „Задоволен сум од работата на поединци. Мислам тука на Елмас кој денес влезе на 5 минути пред крај и беше меѓу најдобрите поединци на мечот, но и на Маѕоки и Беукема. Неверојатно голема работа завршија“, рекол Конте.
- Во италијанскиот печат на големо се зборува и дека тренерот на Наполи би можел да се врати на клупата на репрезентацијата на Италија наскоро. Дали паралелно со Наполи или самостојно останува да се види во јуни.
- „Јас би се зел себеси во предвид да бев претседател на Фудбалската федерација на Италија. Сигурно меѓу другите имиња би го имал и Конте како кандидат поради многу мотиви. Го познавам амбиентот (во репрезентацијата), бев селектор две години. Голем мотив е да се претставува својата земја. Но знаете каква е мојата ситуација. Знаете дека имам договор. Знаете дека ќе зборувам со претседателот, знаете се“.
- Шеесет и шест годишниот трофеен стручњак потпишал нов договор со Бразил кој го задржува до клупата на кариоките дури до 2030-та година.
- Бразилската фудбалска репрезентација била воодушевена од работата на Карло Анчелоти па со цел да му покажат колкава доверба имаат во него му дале нов договор вреден огромни 10 милиони евра годишно, до 2030-та година, соопштил бразилски ЕСПН.
- Со оваа плата Карло Анчелоти ќе стане најскапо платениот селектор на светот.
- Италијанскиот тренер кој со голем успех ги водеше Парма, Милан, Јувентус, ПСЖ, Баерн Минхен, Челси и Реал Мадрид, сега го чека Светско првенство 2026 со Бразилците кои во група се со Мароко, Хаити и Шкотска. Сите натпревари Бразил ќе ги игра во САД.
- Анчелоти седна на клупата на најтрофејната репрезентација на светот во мај 2025-та година и обезбеди пласман на Мундијалот после еден месец. Тој забележа триумф 1-0 против Парагвај а минатата недела во пријателски средби ја победи Хрватска (2-1) и загуби од Франција (1-3).
- Хари Мегваер потпиша нов едногодишен договор со Манчестер Јунајтед до 2027-ма, со можност за продолжување на уште една година.
- 33 годишниот дефанзивец на кој договорот требаше да му истече на крајот од оваа сезона, се согласил на намалување на платата од 190.000 на 100.000 фунти. Тоа значи дека годишно ќе заработува 4,8 милиони фунти или 5,5 милиони евра. Новиот договор содржи клаузули според кои би можел да заработи повеќе ако клубот се пласира во ЛШ.
- Мегваер му се придружи на Манчестер Јунајтед од Лестер за 80 милиони фунти во 2019 година, за тогаш светски рекорден трансфер за дефанзивец.
- За Манчестер Јунајтед има 266 натпревари и два трофеи, Лига купот во сезоната 2022-23 и ФА купот следната сезона.