Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Почина застреланото двегодишно дете

2 January 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните информации, било погодено од заталкан куршум додека гледало огномет.
  • Детето во моментот на инцидентот се наоѓало надвор со својата мајка. Додека таа го држела во раце, детето било погодено од метален проектил по што итно било пренесено во болница, пренесува Курир.
  • Најпрвин било згрижено во Градската болница, а поради сериозноста на повредите било префрлено на Клиниката за детска хирургија каде лекарите констатирале крварење во мозокот, при што биле зафатени сите мозочни комори.
  • Околностите под кои настанал случајот сè уште се предмет на истрага.
извор

Рамзан Кадиров го накити со медали својот 18-годишен син

2 January 2026
  • Share
  • Post
  • Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров забрзано го спрема својот 18-годишен син Адам за наследник. Му додели нов медал поради „значаен придонес за обезбедувањето на безбедноста, стабилноста и просперитетот на татковината“.
  • Премиер Магомед Даудов на свечената церемонија го нарече Адам „енергичен и ефикасен лидер способен да решава сложени проблеми со принципиелност и лојалност кон каузата.“

  • Градите на младиот Кадиров ги красат едно чудо медали, доделени од неговиот татко, но и од Москва, а ја има и титулата „Херој на Чеченската Република“. Во Руската книга на рекорди е запишан како најмлад шеф на регионална безбедносна служба.
  • Стариот Кадиров пред една недела итно бил префрлен во болница во Москва поради сериозно влошена здравствена состојба. Локални медиуми тврдат дека лекарите едвај успеале да го реанимираат. По неколку дена тој се појави во јавноста со новогодишна порака до Чеченците.

извор

Москва: Украинскиот дрон тргна кон резиденцијата на Путин

2 January 2026
  • Share
  • Post
  • Подaтоците од беспилотното летало на украинските вооружени сили, соборено за време на нападот врз руската претседателска резиденција во Новгорог му беа предадени на претставник на Канцеларијата на военото аташе во Амбасадата на САД, соопшти руското Министерство за одбрана.
  • Декодирањето на податоците од украинскиот дрон недвосмислено потврдуваат дека целта на нападот бил комплексот згради во кои се наоѓа руската претседателска резиденција, изјави Игор Костјуков, началник на Главната разузнавачка управа на Генералштабот.

  • Украина демантира дека имале таква операција а официјален Киев тврди дека Русија го има измислено целото сценарио. Нивните разузнавачи сугерираат дека инцидентот ја подготвува јавноста за претстојна голема вооружена провокација на Русите.

 

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
2

Кочански ужас во Кран-Монтана

3

2025 година, година на црвеното апче

Мислења
4

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина
5

Како и да сте си поминале за Нова година, ваква вечера сигурно не сте имале

Bookbox
6

Сокол на двете страни на Шутка

7

Бобан Авалон го плеска Аспарух

Македонски рулет
8

Имајте среќни празници. Раат и мир.

Разно
1

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
2

Кочански ужас во Кран-Монтана

3

2025 година, година на црвеното апче

Мислења
4

Сокол на двете страни на Шутка

5

Имајте среќни празници. Раат и мир.

Разно
6

Барот пламнал од пиротехника, младите не можеле да избегаат

Свет
7

Почина застреланото двегодишно дете

8

Геј, колку конзервативно тоа звучи

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бон-тон брзо се учи

Балканштина

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина

Ако не можеш да ги победиш...

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Од безвремена до безимена

Дојчланд убер Алах

Шапка - Haute Couture

Со лидерот на Водно

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy