Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен

12 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Бизнисменот и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Томислав Главчер потврди дека е подносител на кривичната пријавата против поранешните обвинители на распаднатото Специјално обвинителство, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.
  • Во изјава за МКД.мк тој вели дека сака да верува во правда и дека со сериозни чекори се работи во предистрагата која е почната во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по поднесената кривична пријава која се однесува на барање рекет за случајот „Поштенска банка“.
  • Во тој случај тој беше обвинет заедно со други лица за перење на 5 милиони евра.
  • Во предистрагата се испитува и дали Боки 13 бил вмешан и овде и дали тој заедно со поранешните обвинители му барале пари на бизнисменот.
извор

Приведениот Тајлер Робинсон дома признал дека пукал во Кирк

12 September 2025
  • Share
  • Post
  • Тајлер Робинсон, 22-годишниот студент од Јута е приведен како осомничен за убиството на популарниот и влијателен говорник Чарли Кирк, по атентатот во вторникот што ја згрози јавноста.
  • „Го имаме. Вечерта на 11 септември член на семејството на Тајлер Робинсон му пристапил на семеен пријател, кој го известил окружниот шериф дека Робинсон признал или навестил дека го извршил чинот. Истражителите сослушаа член на семејството на Робинсон, кој кажал дека тој политички се радикализирал во изминатите години. На 10 септември во разговор со близок роднина тој спомнал дека Чарли Кирк доаѓа во кампусот на Универзитетот Јута Вели. Разговарале зошто не му се допаѓа“, изјави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.
  • Истражителите потврдиле дека Робинсон при апсењето имал облека што одговарала на онаа од снимките на осомничениот убиец. И цимер на Тајлер Робинсон од студентскиот дом при сослушување пред истражителите им покажал пораки што ги потврдуваат обвинувањата.
  • На пронајдените куршуми што не биле испукани биле испишани пораките „Фашист, фаќај!“, „О, бела чао, бела чао, бела чао, чао, чао“, „Ако го читаш ова, тогаш си геј“, а на чаурата од испуканиот куршум пишувало „OWO. Што е ова?“.
  • Истражните власти веруваат дека Робинсон дејствувал самостојно. „Постои едно лице одговорно за она што се случи овде, и тоа лице сега е во притвор и наскоро ќе биде обвинето и ќе биде повикано на одговорност“, изјави гувернерот Кокс.
извор

Трамп: Фатен е убиецот на Кирк!

12 September 2025
  • Share
  • Post
  • Претседателот Доналд Трамп изјави дека е фатен убиецот на конзервативниот говорник и активист Чарли Кирк.
  • Асошиетед прес го идентификуваше осомничениот убиец како Тајлер Робинсон, 22-годишен маж од Јута.
  • „Со голема доза на сигурност, го имаме. Се надевам дека ќе добие смртна казна. Го пријавил некој што му е многу близок“, изјави Трамп за Фокс њуз. Тој додаде дека од фотографиите на осомничениот убиец што ги објави полицијата го препознал свештеник и отишол кај неговиот татко, кој го пријавил синот кај шерифот.
  • Младиот маж што го истрела смртоносниот куршум во Кирк беше снимен како бега од местото на атентатот - кампусот на Универзитетот Јута Вели.
  • ФБИ ја пронашло пушката од која било пукано, куршуми и отпечатоци од убиецот. Мотивот не е познат. ФБИ добила повеќе од 7.000 дојави откако распиша награда од 100.000 долари за информација за убиецот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Погодете кој „езерски бисер“ е ова?

Македонштина
2

Време е професорката (подитно) да си побара ПРОФЕСОР за часови

Македонски рулет
3

Таа е убедена дека е храбра и прогресивна

Видео
4

Трајко, дали стварно?

Македонски рулет
5

Виенско педигре

Балканштина
6

Демократи одбија минута молк за Чарли Кирк

Видео
7

Фреди би станал и би аплаудирал

Музика
8

Што проектил ќе беше ова?

Фудбал
1

Израел за 72 часа нападна шест земји

Свет
2

Бизарен предизборен молк за мигрантите во Келн

Свет
3

Од 12 октомври во ЕУ со отпечаток од прст и фотографија

4

Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен

5

Нето-нулата е грешка, колите на бензин и дизел имаат иднина во Европа

Свет
6

Замирисува ли димот на политика?

7

Го упукаа Чарли Кирк (едит: починал)

8

27 години затвор за Болсонаро

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Ако не прашаш, како ќе знаеш?

Македонштина

Осомничен предлог

Македонштина

Погодете кој „езерски бисер“ е ова?

Балканштина

Виенско педигре

Балканштина

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина

Поголем сељак немате видено

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

УМС на данска десница

Чувар на плажата во шеријатскиот период

Од кај ми пари да банкротирам?

Во ерата на навреди, никој не е поштеден

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy