Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Познати се противниците на РК Вардар 1961 во Европската лига

10 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По крајот на квалификациите, познати се осумте групи за реномираната Европска лига во ракомет. Вардар ќе биде единствен претставник од Македонија во групите како резултат на второто место освоено во македонската Суперлига. Алкалоид не успеа против силниот германски бундеслигаш Хановер во бараж-двомечот.
  • Во Европската лига ќе играат силни колективи како германските гиганти Кил, Флензбург, Мелсунген и Хановер и трите француски екипи Тулуз, Монпеље и Сант Рафаел.
  • Варадр се најде во група Ф со шведски Кристијанштад, Тулуз и хрватски Сесвете кој ќе гостува прв во Скопје на 14-ти октомври. Од регионот покрај Вардар ќе играат уште и Партизан, Слован Љубљана, Нексе Нашице и Сесвете од Хрватска.
извор

Раде Богдановиќ пак распали по Пикси: „Ни многу попаметни луѓе од мене не можат да му ги цитираат изјавите“

10 September 2025
  • Share
  • Post
  • Фудбалската репрезентација на Србија го претрпе најголемиот дебакл во својата историја. Англија славеше 0:5 синоќа на стадионот „Рајко Митиќ“ а Англичаните можеа да дадат уште толку гола да не беше српскиот голман Петровиќ.
  • Тотално бледата игра, без да се прејде половина во текот на целиот натпревар ја издепримира српската јавност. Навивачите уште на стадион бараа од селекторот Пикси да си замине а тој нема намера.
  • „Мене ме загрижува неговата синоќешна изјава, неговите изјави никој не може да ги цитира, ниту многу поинтелегентни луѓе од мене... Да ја туриш вината на играчите, да им кажеш дека се спори, тромави, дека не играат, дека се без минутажа... Тоа го гледам како еден вид невоспитување и недоговорност на еден селектор кој ја претстаува државата.
  • Резултатот не е изненадувачки. Англичаните се добра екипа со сериозен селектор. Германска дисциплина. Начинот на кој изгубивме ги фрла фудбалските навивачи во еден вид депресија. Тој (Пикси) како селектор не направи систем на игра, ниту избра група играчи кои ќе му играат константно“, заклучил Богдановиќ.
извор

Како изгледаше ВИП ложата на мечот Македонија - Италија?

10 September 2025
  • Share
  • Post
  • Во Битола синоќа беше фудбалски празник, каде стадионот „Петар Милошевски“ крцаше за квалификацискиот меч меѓу Македонија и Италија за играчи до 21 година.
  • На едно место можеа да се видат челните луѓе на ФФМ, актуелни и поранешни фудбалери и ракометари, политичари, амбасадори, бизнисмени...
  • Покрај Масар Омерагиќ и неговите први соработници Пандев, Христов, Најдоски и Новески, беа и селекторот Боби Милевски, Филип Кузмановски, Никола Митревски, Бранислав Ангеловски, амбасадорите на Италија и Шпанија во нашата земја, Паоло Палминтери и Рафаел Соријано Ортиз...
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Трајко, дали стварно?

Македонски рулет
2

Невакцинираните деца се три пати поздрави

Здравје
3

Темниците во „Земјата на сонцето“

Разно
4

Демек сакате природа а после све ви пречи

Македонштина
5

Поголем сељак немате видено

Балканштина
6

Јер кад остариш...

Забава
7

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина
8

И Србија доби датум

Балканштина
1

Како изгледаше ВИП ложата на мечот Македонија - Италија?

2

Унгарците уште имаат трауми од мајсторијата на Роналдо

Фудбал
3

Необична фудбалска сцена во Танзанија

Фудбал
4

Волејот со кој Алиоски нокаутираше фудбалер на Лихтенштајн

Фудбал
5

Кога Шпанија во Битола барала тренинг под рефлектори па им светеле со коли

Фудбал
6

Роналдо и Собослаи - некогаш и сега

Фудбал
7

Како Калински и Панчев станаа коментаторско дуо?

Фудбал
8

Што проектил ќе беше ова?

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина

Поголем сељак немате видено

Македонштина

Демек сакате природа а после све ви пречи

Балканштина

И Србија доби датум

Македонштина

Што е ова ако не е права магија

Балканштина

Вака се работи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ќе се изначекаме

ТВ антологија

Епска франшиза

Искрено CV

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy