СССР до Алјаска
15 August 2025
- Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров без да проговори збор испрати порака кои се очекувањата на Москва од самитот со Доналд Трамп.
- Лавров пристигна во Алјаска со џемпер на кој пишува СССР.
- Поранешните советски републики, вклучувајќи ги и трите што денес се членки на НАТО, тоа го толкуваат како отворена провокација и доказ дека Кремљ не го напуштил „советскиот империјалистички менталитет“.
- „Преговарачот што носи џемпер со СССР отворено порачува: Дајте ни само половина од Украина и ветуваме дека ќе запреме“, изјави поранешниот литвански министер Габриелиус Ландсбергис.
- Руски блогери веднаш го идентификуваа џемперот дека е од брендот „Селсовет“ од Челјабинск и дека чини 10.990 рубли (118 евра).