Трансфер на годината: Мората во Комо
13 August 2025
- Италијанскиот прволигаш Комо објави бомба засилување, а тоа е Алваро Мората кој го ангажираа на позајмица од Милан.
- Кој би рекол дека 32 годишниот шпански напаѓач кој играше во клубови како Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Јувентус, Челси и Милан, еден ден ќе го облече дресот на Комо.
- „Навистина сум среќен што пристигнав во Комо. Минатата година, играјќи против нив, го видов и го ценев тимот и проектот. Се гледа дека имаат големи амбиции. Им ветувам на навивачите и на клубот дека ќе дадам 200% на секој тренинг и на секој натпревар. Едвај чекам да го носам овој дрес“, вели Мората кој има 86 репрезентативни настапи и 37 гола и кој беше капитен на Шпанија која триумфираше на ЕП 2024 и Лига на нации 2023
- „Го познавам Алваро многу години и отсекогаш сум се восхитувал на начинот на кој игра и се однесува. Тој е интелигентен напаѓач кој дава резултати во најголемите моменти и соиграч кој ги крева сите околу себе. Многу сме среќни што го имаме тука во Комо“, изјави Сеск Фабрегас.
- Откако го купија браќата Хартоно од Индонезија, рангирани на 64-то и 66-то место меѓу најбогатите луѓе според Форбс во 2022 година и најбогатите сопственици на фудбалски клубови во Италија во 2024 година, Комо се врати во Серија Б, а лани, за прв пат по 21 година, беше промовиран во Серија А.