На 30 и 40 не си стар - ама си престар за некои работи

Ако не уживаш во активноста - не ја правиш, ако не ти е забавно на журка - си одиш и ако не ти одговара муабетот - не мораш да учествуваш (и пак можеш да си одиш).

Луѓе на интернет кажуваат што им е смачено и што веќе немаат намера да прават, со одлуки донесени затоа што конечно имаат памет и покритие.

„Во доцни четириесетти сум и за разлика од кога бев помлад, не барам пријатрлства. Ако се случат органски, супер. Ако не, не ми е гајле колку си јак, богат, популарен или колку врски имаш. Ќе бидам фин со тебе, ама ако не си одговараме, не си одговараме. Порадо би уживал во сопствено друштво и би седел сам, отколку со некој што не ми е интересен - колку и да е фин.“

„Никогаш веќе нема да купам фармерки што не се стреч, или треба со недели да ги носам за да ги разносам.“

„Не се ни мачам со социјални мрежи. Не објавувам слики од одмор, или што и да ми се случува возбудливо во животот. Не ми треба валидација од другите, затоа што одамна научив дека на луѓето не им е гајле што правиш. Порано се шегувавме дека најлошо што можеш да направиш е да принудиш луѓе да седат и да ти гледаат слики од одмор, па еве јас ќе ги одморам сите од тоа измачување.“

„Не губам време да се расправам со луѓе во сообраќај повеќе. Ако сакаш да ми пресечеш пат агресивно, слободно. Пуштање вакви работи ми го подобрува денот, особено на пат кон работа.“

„Ако патуваме некаде каде што живее пријател или роднина, НЕМА да спијам кај нив. Попрво би платила за хотел, па да можам да правам што сакам и како сакам, и што е најважно, да имам сопствена бања.“

„Никогаш повторно нема да платам за концерт без седишта.“

„Не одам на семејни собири со сила. Си го сакам и семејството и семејството на вереникот, ама сакам да се дружам со моето семејство дома. Не очекувајте од мене да се појавам на секое собирање. И ние имаме животи, надвор од вашите.“

„Мразам кога фамилијата очекува да им помагам финансиски. Заштедив пари за кога ќе се пензионираме со жена ми - не да им ‚позајмувам‘. Ако не знаеш да планираш и да штедиш, тоа не е мој проблем.“

„Веќе не се секирам дали е во мене проблемот, кога имам работа со тежок човек на работа, или во јавност. Порано мислев дека другиот се лути заради нешто што сум кажала или сум направила. Сега ми е гајле. Пријатна сум и културна и ако некој мрчи, тоа е негов проблем.“

4 July 2025 - 09:10