Фото: Epa Images
- На 17-ти август почнува новата сезона во шпанска Ла Лига каде шампионот Барселона ќе ја брани шампионската титула. Објавен е и распоредот по ждрепката за истиот во шпанскиот фудбал.
- Во првото коло првакот Барса ќе отвори на Балеарски острови против Мајорка, а Реал Мадрид на својот „Сантијаго Бернабеу“ ќе ја пречека Осасуна. Првото дерби „Ел класико“ е закажано за 26. октомври во 10. коло а домаќин ќе биде Реал. Реваншот е планиран за 10. мај (35. коло) кога Барса ќе го возврати домаќинството.
- Џек Дрејпер во моментов е британски тенисер број 1 и четврти на светската АТП листа, но судејќи по фотографијава и покрај милионските заработки изгледа се работи за скромно момче.
- Го сликнале како точи гориво во Поло, старо 12 години кое го купил за 1.200 евра.
- 23 годишниот Дрејпер лани ја освои својата прва титула на Мастерсот 1.000 во Индијан Велс и стигна до полуфиналето на Гренд слемот во САД. На Вимблдон го мина првото коло.
фото: Epa Images
- Скај Спорт Италија се повикува на свои извори и пренесува дека Макс Ферстапен, еден од најтрофејните пилоти во историјата на Формула 1 е спремен да прифати селидба во тимот на Мерседес во следната 2026-та година.
- Макс наводно ја прифатил понудата на извршниот директор на гигантот Мерцедес Тото Волф и ако зделката се договори, тогаш Ферстапен ќе го смени Џорџ Расел во тимот во кој вози уште и Кими Антонели.
- Холандско-белгискиот шампион од Ред Бул сезонава после 11 трки освои 155 бода и заостанува зад двоецот на Мекларен, Ландо Норис (216 поени) и Оскар Пијастри (201 поен).