Величествен крај на Барселона со спектакуларен гол на Јамал вреден шампионска титула

Не можеше поубаво и поатрактивно да заврши прекрасната приказна за сезоната 2024/2025 наречена Барселона, која на Европа му пружи извонреден фудбал. Титулата број 28 и официјално е заверена. Тројна круна за Флик.

Екипата на Барселона ја оствари целта и со гостински триумф над големиот ривал Еспањол од 0:2 ја завери шампионската титула на две кола до крај.

Работата ја заврши најпопуларното дете меѓу фудбалерите, чудото Ламин Јамал со мајсторски гол во 53 минута. Победата ја потврди Фермин Лопез во 95-та минута и тоа на асистенција на Јамал.

Барселона има 85 бода, а Реал Мадрид 78, што значи последните две кола од првенството немаат никаква важност за овие две екипи.

Каталонците стигнаа до 28-ма титула. Реал има 36 титули.

Во својата деби сезона, Ханси Флик заедно со Купот и Супер Купот на Шпанија, стигна до три трофеи.

15 May 2025 - 23:22