Високи штикли и скопски паркинзи

Кога имаш другари во маркетинг агенција доброто е што не ти праќаат само клипови, него ти праќаат клипови средени со музика и графика. Што се однесува до самото видео, на него е една од вечните битки на нашата цивилизација - жена против паркинг. Овој пат борбата е да се излезе од паркинг. Плус, шоферката се погрижи да има и бонус на крајот.

Мислите вие сте баксуз со полиција?

Сте попиле сообраќајна казна за некоја ситница од типот пар пребрзи километри, немање зимска опрема, незапалени светла дење или слично? Немојте ни да сте помислиле да кукате!

Револуционерна донација

Ќе ви ја раскажеме приказната ферски ама мислиме дека на крај сепак ќе испадне дека бараат пари за свадба.

Дно на денот: "Pray for Skopje"

Дно не е кога ќе те задеси природна несреќа од типот на синоќешниот невиден порој, дно е кога ти требаат само 20 минути да се досетиш дека најкорисна работа којa можеш да ја направиш во таква ситуација е  - да креираш хаштаг или меме "Pray for Skopje".

Кога Бајрам се жени

Вие правете си бајрам на паметот ама Амди знае како се слави животот. Дошло време да жени еден од внуците, и имаме слика од подготовка на малата веселба на политичкиот лидер на Ромите и вонвременски партнер на секоја македонска коалиција на власт. Деценија на Ромите, индид.